Значи не можам да си дојдам при себе! Ќе пишам се детално, само да се си дојдам при себе! Ве гушкам сите. Сите ваква радост да дочекаат.
знaев кукле те oсеќaв декa нештo имa oтвaрaв секoј ден зa дa видaм пoзитивен тест oд тебе.Шестoтo сетилo никoгaш не ме изневерилo ниту сегa .Имaј леснa бременoст.
Значи имав некое претчуство дека си во исчекување. Незнаеш колку ми го разубави денот. Честитки мамичка, сега гали мешко и радувај се Честитки и на тебе, па многу убави ембрипнчиња и да се радуваме сите заедно за брзо време.
Уште не можам да си дојдам при себе. На 13.03 имав трансфер со замрзнати. За разлика од класично ИВФ, постапката со замрзнати е гола вода. Се изнасмеавме со докторот бидејќи му кажав дека дојдов да си ги земам децата од градинка, доста седеа таму со други дечиња. Првата недела секогаш е лесна. Си лежев цело време. Си реков овој пат ќе биде лежење првата недела. Одев само на боцкање во систина за прогестерон на секој 4ти ден. Се боцкав со по 1 депо пред трансфер и еднаш после трансфер. После требаше да продолжам со 1/2. Дента кога примив 1/2, 7 ден од трансфер, спремајќи се да одам кај мајка ми на палачинки сосе тоа воденото од кринонот имав и кафен исцедок. Докторот ми кажа да примам уште 1/2 и да продолжам понатаму со цела ампула. Дојде денот за тест и јас од пусти страв не правев. Тоа беше почетокот на оваа недела. Си реков ај за викенд, ако не е добар резултатот да имам време да се соберам пред почеток на нова работна недела. Ноќеска чудно многу мирно спиев. Сабајле ме фати малку паника, ме тераше на плачки и се одложував да одам во Систина. Дојде пладне, денот си мине и немаше бегање. Пукнав дур не ми стаса резултатот на маил. 10 пати се покаав што реков да ми го пратат на маил бидејќи ми се чинеше дека многу чекам, а рекоа само 1ч. Јас плачев, мм трчаше низ станот како будала Радости. Сите само за убаво да пишуваме тука. Да и се заблагодарам јавно на @emkaemka за целата поддршка низ овие скоро 3 недели. Знам дека ја удавив во пп. Те гушкаме тета Емка.
Ме наежи @kukla21 ... Уште еднаш,со лесно.Сите да си дочекаат ваква радост. Ја чекаме и тетка @emkaemka за брзо време вака да не изненади! Реков јас дека април месец форумот ќе се запали.. Ајде женски... сите по кукла.. Па таа ни е модерадор и мора да ја пратиме во кораци.Една по една во строј!!!
Значи точно предвидував и очекував дека ќе не известиш со позитивен тест во понеделникот на 27, денот на мојот роденден, ама ти си одлагала. Во секој случај уште еднаш ти посакувам лесна бременост, па ќе се дружиме и понатаму во труднички.
Цвеќенце, отворив посебна тема за трансфер со замрзнати, за да ни биде попрегледно, бидејќи мислам дека повеќе и повеќе не има. https://forum.femina.mk/threads/Трансфер-со-замрзнати-ембриони.27290/
@kukla21 Браво мајчичке Господ да ми те благослови со две срценца, да ве чува!! Денешнава среќа да те прати секој нареден ден! Гали го мешето и гледај како расте, радувај се на секоја клоца што ќе ја осетиш, на чувството дека живот расте во тебе и на тој живот си потребна. П.с. Ете Бог ме чул пред некој ден Ве гушкам силно најсилноо
Те гушкам силно! Ти си таква една доброчина и со добро само да ти се враќа. Фала ти за секој совет или муабет „за онака“.
Lele kako si mozela da zekas tolku dolgo, toj kafeav iscedok ti bil implantacija,da znaes, kaj koj dr,pravese? I cestito uste ednas.
Јас откако го видов исцедокот се ставив во кревет и не мрднав следните неколку дена. Секое ставање кринон хорор филм, гледам на стапчето да не има нешто Кај Митко Ивановски.