Мила,ако немаш испитувано мутации на имунологија и не ти ја кажале дозата,можеш да зимаш Фемибион 1 таму ја има во метилирана форма,инаку кај нас сега има да се купи чиста метилирана фолна,минимална доза 400 микрограми мислам дека е.Сепак прашај да не треба од 800 или 1000 да зимаш...
Девојчиња, утре сакам да одам на ГАК или Клиничка биохемија, дали некоја била скоро за хормони 3ти ден, дали ги имаат сите хормони? Сакам да испитам и ФТ3 и ФТ4, на ГАК мислам немаат ФТ3, не знам за Клиничка биохемија... Пишете ако испитувала некоја деновиве, да знам за кај да побарам. Ќе прашам и за АМХ кога ќе отидам, дали ќе може и преку ФОНД, ќе си ставам сега потсетник
Одлично, фала ти, тогаш на ГАК ќе барам утре, се надевам нема да ми се глупира сестрата на гинекологот, она стално не знае што како... Ама секако АМХ не мора 3ти ден, има време, ќе се објасниме Добро што почнале преку ФОНД, голема е разликата во цена...
Ваше мислење да ѕвонам утре во фондот за ваучерот, или не? Од 20.06 се поднесени документите, утре 18 ти ден. Или да не брзам?
Леле, многу се чека!!! Јас поднесов на 08.05 и чекав цел месец за одобрение, на 11.06 ми стигна одговорот по пошта. А, сега пак со одмориве?!?! Ако ништо друго, пробај срекја утре па јави се, чисто да видиш. А, инаку, за кога го планираш инвитрото? Јас сакав летово, но докторот ми е на одмор до средина на јули, па останува за од Септември. Ми се скрши филмот, ама можеби е и подобро така, да минат врелштиниве
Јас мислев на тој циклус во август околу 20 ти да почнам со стимулација, па септември би било инвитрото. Докторот вели и од овој циклус можело. Ама, не ми се малтретира по жешково. Незнам стварно, може па и циркулацијата подобра ќе ми биде на жешково.таа ми е проблем зимно време
Другарки да ве прашам,можеби некоја знае Др. Зоран Илиески од Чаир кога е на одмор,сакам да одам на консултации за лапаро и хистеро или да се јавам во болницата би ми дале такво инфо?