Пробај со приоритетен упат, ако ти е итно. Тој мислам важи само три работни денови. Но јави се на трансфузиологија, распрашај се дали сигурно ке те примат, објасни им ја состојбата во која се наогаш, за да не одиш по овие горештини за џабе.
Знам, се' ми е јасно. Хаос е тоа таму, сум се карала кај матичната безброј пати за тие проклети термини. Не е крива она, ама како може бре да нема термини? Јас одев кај кого има, па таму го барав др. Јани. Се погоди баш кога најмногу ми требаше, да најдам термин кај него. Се снаоѓав, што да правам. Па тоа старци испоседнати со саати си муабетат, ти трудна 9 месец стоиш на нозе 4 саати, лудница. П.С. Приоритетен упат НЕМА за трансфузиилогија, прашував кај матичната безброј пати, џабе.
Баш лудница. Стариве се они имаат предност. Ако жени со ин витро и ризична бременост, едвај останале бремени. Здраствово наше, катастрофа е .
Јас сум сега во рана бременост, уште ми е рано димери да испитувам. Ама ќе треба за некое време, па кажи ми, кај матичната можам да побарам упат за 8 Септември? Она по дифолт минатиот пат стално за државна ми даваше. Не ми се стапнува таму овојпат, освен заради докторот, ама да знам дали имам опција и за 8 септември.
Лавици, една информација за сите кои што имаат поднесено документи за ваучер околи 20.06. има резултати, јас сега бев во фонд си го земав ваучерот ми одобрија. Баш се спремаа да ги праќаат по пошта. Вчера имало комисија. Со среќа на ситее.
Jas na transfuzija odam kaj Elena Petkovik I sekogas samata mi zakazuva termin za kontrola neznam zosto ne vi zakazuvaat taka tuku sekogas kaj razlicen da odite.
Како тоа ‘тука нема бремени’?? Еве и јас сум бремена, но ја следам темава зашто сум забременила со ИВФ. Ако незнаете што да одговорите, не давајте неточни информации. Инаку, лежењето е тешко, посебно ако не сте навикнати на таков ритам. Консултирајте се со лекарот што ви рекол да лежите колку треба да мирувате и дали смеете да одите на масажа или на јога часови. Само позитивна мисла и све ќе помине ❤️ Со лесно мила
Упатот е само до лабараторија,затоа така,не е со термин кај доктор,ако ти е назначено на упатот што се треба да испиташ не ти е потребен доктор на трансфузиологија,оди си само во лабараторија,како упатот од Монка,така бев и јас.
Да така е а и уште ако ви е за во гратска тогаш и доктпр ќе ве види... првпат таму отидов и ми се потрефи др јани... предобар човек... секој ден таму има различен доктпр пд трансфузиологија така да пробајте ја и таа опција позз
Ништо лошо не напиша Алишан. Само ја упати членката во соодветна тема, во тема за трудници каде би добила повеќе одговори и повеќе искуства. Ова е тема конкретно за Ивф. Не ја фаќајте на нож работава. Форумов си има одередени правила и ние како членови должни сме да ги почитуваме