Ве читам редовно, горе доле скоро на сите ги знам приказните Затоа и се едитирав, твојот и случајот на @Luni се различни. Од таа причина и докторите различни мислења имаат дали да се интервенира или да се остави така. Сепак тие знаат најдобро за секој засебен случај како да се реагира.
Мене во систина ми рекоа дека ќе ми одобрат со непроодни без лапаро. Ги испратив па ќе видиме. Ми напиша и докторот посебен извештај дека советува ивф.
Кога ја виде докторот снимката од ХСГ не спомна хидросалпингс, само потенцираше дека не секогаш се' се гледа на снимката и дека не знае што може да открие лапароскопијата. За некои работи ќе треба да одлучи штом ќе види внатре. Ама ми спомна дека може без лапароскопија Фондот нема да ми дозволи ваучер. Јас ова си го протолкував дека според ХСГ наодот имам проблем кој може да се реши преку лапароскопија (пр. прочистување на јајцеводите). Можеби кај @Mira1980 не помагала лапароскопија, па затоа никој не предложил, ниту Фондот барал...
Поднеси си, ништо не губиш. Зошто реално тоа е операција, ако нема потреба да се прави зошто да се прави? Кога бев со маж ми во систина, он му рече на докторот А да направи операција да ги извадиме? И докторот се смее вика лесно е кога збориме за друг а не за себе , јас освен ако не сум сигурен дека само лапаро е решение, не праќам некој на операција под анестезија. Можеш и да одиш на друго мислење ако не си сигурна што да правиш , еве јас ќе одам. Мене снимките ми ги видоа два гинеколози и матичната плус и сите ми рекоа не ги чепкај ама ете ќе идам на уште едно.
Да да таа кажа нема друг проблем и затоа директно на ивф и верувам дека ке успее во сигурни раце е.. А кај тебе штом спомнал докторот за лапароскопија решавај го случајот за да не бидеш како мене со проблем во друг проблем само треба да имаш верба во докторот и препушти им на него а ние можеме само да си се консултираме и да си помогнеме во некои случаи сепак ние сме тие што сме патилци како велат питај патилец не гатилец...
Тажно е што сме паталци, ама барем се имаме тука една за друга За првата бременост го преорав форумов, си најдов можни решенија, го најдов докторот што ми најде чаре за спонтаните а и за останатите проблеми. Се надевам набрзо ќе си споделиме и радост.
Lele sega jas so temperaturata se zanimavam, nonstop treba da imam temperatura 37 ili ne??? Posto sega mi e 36.5 @Luni @DELFINA81
Подобро да не си создаваш дополнителен притисок бидејќи температурата не е баш добар показател дали има или нема бременост. Кај мене базалната беше 38 цело време, и после овулација, и кога бев бремена. Никогаш немав тем.37.
Ееее еве сме и јас се измерив хахаха и 36 со 8 ама се истуширав и си велам кај се истуширав арно си бев запотена хаха незнам што да мислам попосле пак ке мерам...
Де оди истуширај се да видеме дали ке падне некој степен @Mira1980 ти дане се поли со ладна вода... Еј мислам ке не мавнат од форумов хахах оффф луди сме за еден саат тука на форумов со температура слушнавте.
k mora zabava malku I dobro raspolozenie inaku tesko nam od misli I psiha...ke me nema malku odam na tushanac malku I jas pa na merenje
Не се туширајте со многу топла вода а и за температура се мери базална наутро истовремено секое утро без претходна активност затоа Галете меше уживајте и за 10тина дена со 2цртки кај сите @Mira1980 @DELFINA81 Пуштете си ја психата најдете си занимација и само позитивни мисли
Мила нас некако ни дојде ова позитивно забавно некако како на смеа тргнавме ме мрзеше да ставам да запалам светло и 5 мин го местев само да се види црткава јас неможев да чекам еве мерив поминаа 3 ч одкако се истуширв а од утре како шо кажа @princess5 ке мериме насабајле во исто време
Некаде по сајтовите читав дека од прогестеронска терапија се качува температурата. Така да незнам колку е мерило тоа али и јас имам околу 37 па Дај Боже да видиме две цртки
Најдобронамерен совет девојки вие кои сте во исчекување, и кои би биле во постапка во иднина. Оддалечете се од интернет, форум, мобилни и занимавајте се. Барем додека чекате после трансфер, за тест. Филмови, серии, книги, прошетки и други слични занимации. Да не ме сватите погрешно, но се оптеретувате дополнително и онака вријат хормоните, оставете малку време да не мислете баш на симптомите и така побрзо ќе поминат фамозните 2 недели
Девојки, Правилата на форумот важат за сите, па и на темава. 1. Ќе ве замолам да се придржувате на основните правила на форумот. https://forum.femina.mk/threads/Правила-на-форумот.44/ 2. Пишувајте кирилица. Линк до темата како да наместите мк поддршка : https://forum.femina.mk/threads/Како-да-пишувам-кирилица.639/page-7#post-3324578 3. Не пишувајте повеќе мислења едно по друго. Станува непрегледно. Едни те исти упорно го правите тоа иако сте информирани да не го правите. Може бар да се потрудите да користите опција "Редактирај". 4. Смајли, да, не, се согласувам не е мислење. Доволно е да ставите "лајк". 5. Не го пишувајте истото мислење во повеќе теми и не пишувајте во тема која е несоодветна за мислењето. Фала на разбирањето Убав ден и многу убави вести да има низ темава.