Душо ти посакувам успех овој пат.Мора да биде.Како треба додека чекаш знаеш си. Те чекаме во труднички. Да се надополнам во врска со инекцијата.После трансфер ја примав и јас на секој трети ден до проверка на бета по пола ампула знам беше,колку е тоа точно не се сеќавам.остатокот во фрлав.А зошто ги примав незнам,му верував на докторот.Така и ти.Мн те гајле зошто се.Само уживај
Има ли некоја членка да сподели искуство со вадење на миоми, лапароскопски. Ако има нека ми пише во лп
Јас примав на последниот трансфер колку што читав на странски страни помага за имплантација не го прашав докторот, така да нема штета. Поради тоа и не правев тест пред 14 ден, ми беше страб од лажно позитивен. Кај мене беше позитивен тестот верувам дека ќе биде и кај тебе само уживај и не му ја мисли
@sloncica, еве и јас сум кај него. Досега 2 ивф , едно со замрзнати, последниот пат имав имплантација но заврши неуспешно за жал. Сепак, доктор и клиника не би менувала. Докторот во моето досегашно искуство е внимателен, постапно оди, за мене доволно објаснува, можам да си прашам што ме интересира, има многу коректен однос... Ако те интересира нешто повеќе, пиши ми тука или лп...
Поздрав NoraMK, Mоето искуство е различно за сите трансфери. Да напоменам дека имам историски нередовни циклуси поради тежок пцос. После првиот трансфер добив точно како на саат, и тоа 3 последователни циклуси што кај мене е реткост. После 2-от трансфер пак си продолжи по старо, безредие После 3-от трансфер кој беше во Јули и заврши со биохемиска, добив само еден циклус во Август и оттогаш досега ништо. Сега примам Дабростон за да добијам циклус. Кај мене е поинаков случај пошо отсекогаш сум се борела со нередовни и ановулаторни циклуси. Но мислам дека последниов трансфер значително пролонгира последователни циклуси. Се случуваат големи промени на хормонско ниво, и не е ништо чудно доколку се измести ритамот на постоечкиот циклус. Но сепак важно е да се пријави на ивф докторот за секој случај..
На сите во процес, ви ја пуштам цела среќа... На неуспешните , продолжуваме напред додека не ја оствариме целта Јас си поплакав, 3 дена бев мрак, и после продолжив понатаму. Само ние си знаеме како ни е.. и затоа оваа група ми е психијатар Мала дигресија, отворив Iherb и се шекнав. 80$ имам , да не ме царинат или ддв да треба да плаќам? До колку да нарачам мах ако има некој искуство, и дали преку ДХЛ ви наплаќаат додатни трошоци (мене ме "одраа" со некои нарачки од други сајтови, покрај ддв, и на нив за шпедициски услуги околу 1500-1800, па ми е страв да нарачам сега ) .
Да, секако, ке мора да пријавам ако не се врати во нормала за брзо. Ке пробам да бидам стрплива, можеби сеуште е рано, а и како што кажа ти, секој циклус е различен и по природен пат, а не со хормони и друго. Се паничам за безвеза.. Ауу.. Фала многу на детален одговор
Девојчина како иде подготовка за трансвер со замрзнати ембриони?се мерат хормони?подтотовка на матка сигурно!искуства со успех споделете?
Девојки што јадете/пиете после трансфер? Дали постојано лежите? Станување само за во тоалет? Што доколку немам услови постојано да сум во кревет? Доколку нема кој да ми носи постојано храна? Дали може да ми кажете ваши искиства и совети
Раздели ја нарачката. Гледај до кај 25-30 долари да ти биде едната. Немој преку дхл. Ќе треба на аеродром да одиш да ја подигнуваш. Одбери преку пошта
Еве малку појќе искуства околу таа тема. https://forum.femina.mk/threads/Трансфер-со-замрзнати-ембриони.27290/
Јас на втор ден од циклус почнав со естрофем 3×2, фолна и аспирин. Одев на контрола/ехо за ендометриумот, 5 дена пред трансфер започнав со кринон гел и 3 дена пред трансфер пролутекс инекции. И мерење на прогестерон пред трансфер.
Од шипинг избери ја последната опција, local post, никако ДХЛ. Нарачката заедно со поштарината не треба да ти надминува 90 евра за да не плаќаш царина. Имам нарачувано до кај 88 и не доплатив ништо.
Јас па све до кај 30 долара се мачам да ја правам. Значи сигурно може да биде до 90, а? И до дома ти ја носи поштарот, така?
Во првите две постапки единствено станував до вц, дури и јадењето ми го носеа на послужавник. Неуспешни беа. Стресот беше огромен, кога лежиш само размислуваш за секоја микро промена, па дури и да не се случува ти се причинува. На третиот трансфер 3те први дена лежев, си потстанував помалку а веќе 4тиот отидов на работа. Во текот на денот заборавав дека сум имала трансфер. И ете успешно. Претпоставувам дека меѓу другото помогна и фактот што имав помалку стрес односно помалку мислев на симптоми. Од искуства на други жени, знам дека е најпаметно да си го слушаш телото - како тоа ќе ти бара така да постапиш. Инаку се разбира: скали не, топли купки не, физички напор (правосмукалка, пеглање, тегнење) не СО СРЕЌА!
Soborki samo shto dobiv vesti od embriologot 4 od 8 se oplodile, razocharana sum Da ve prasham mi rekoa deka denes pokasno ke mi javat za toa koga ke bide transverot, ne e premnogu rano? Nekoja so iskustvo od Sistina da mi kaze dali naredniot den po punkcija i kazale koga ke i bide transverot