Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вошки. Како се справувате со нив?

Дискусија во 'Коса' започната од sara.kiss, 31 август 2011.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ахх вошките ми се болна тема..од времето кога бев малечка :D
    инаку чешелот е мн ефикасен,го имам користено
    најпрво измиј ја косата со топла вода,па стави на главата оцет,нека постои некое време од прилика 30минути и пак ја измија со топла вода,потоа подели ја косата на прамени и чешлај ја..и тоа по неколку пати во текот на денот ја чеплај,и за 2 дена ќе има резултати ;)
     
  2. RainbowGirl

    RainbowGirl Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Јас планирав сеа да се бањам со шампон за вошки HYGIA се вика па да ја чешлам косата со чешелот што иде заедно со шампонот иначе тетка ми работи во аптека и ми го препорача па незнам инаку фала на сите
     
  3. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Aко не ти успева, земи пипс за бубачки и испрскај ја косата. Завиткај ја во нешто, во ќеса да ја ставиш подобро, и остани така колку што можеш повеќе.
    Ќе те чешаат многу, и ќе те боли на раните ама сите до една ќе ги умртви.

    Јас сум слушнала вака, би требало да е ефикасно :)
     
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    :D Јок.
    Не дека и на другите кога имаат вошки не им е итно, но.. :D (или како што прочитав погоре дека немаат гајле родителиве, грешка ќе сум?)
    Само со чешел ништо не правиш. Имаш погоре совети за тоа што можеш да примениш за навистина да ги нема до понеделник. Чешелот ги оретчува и ги вади (ме фати смеење ама морам вака да ги напишам за да ме разбереш) поколенијата бидејќи нив не можеш да ги уништиш само со алкохол, мастика, средство или што и да е.
    Како и да е, наизменично користи го чешелот па потоа било кој од советите. Разгледај и наназад низ темата, ќе најдеш по некој совет. :)
     
  5. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се зачудив кога ја видов темава и онака отворив од радозналост, ама се чудам зарем во денешно време уште има вошки :D
    јас имам слушнато дека со фарбање 100 % гинат, но ако дома и друг има вошки сиурно ќе ве префатат пак затоа совет фарбање и комплетна генералка и се перење од облека, од постела буквално се
     
  6. RainbowGirl

    RainbowGirl Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    2
    Ви благодарам за советиве на сите затоа што јас успеав и ги извадив и конепчно по 8 месеци се спасив од тие гадни паразити многу ви благодарам на сите позз :*
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.326
    Пол:
    Женски
    Како мала имав вошки. Последен пат ги добив во 1-ва средно. Не знам ни од што. Користев чешел Niska. Ми помогна и за неполни 2 недели ми ги снема вошките.
     
  8. buterfly.fly.away

    buterfly.fly.away Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    Немам вошки , ама знам колку е мачно со нив . Кај малите на долниот кат на школото изјавиле дека има вошки :swear: и сите дома да не проверат . Мене ми е страв да не ги префатам од некој :worried: . Сите сме со фатени коси , СИТЕ .... Некој друг совет освен собрана коса пред да пристигнат ?
     
  9. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ Капа. Нема друга опција. А ако не сакаш да бидеш со вошки, подобро издржи неколку дена со капа на глава. Замоли ги наставниците да не ти прават проблеми заради причината од која и ќе ве проверуваат и ќе избегнуваш близок контакт со било кој.
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Последен пат во трето одделение мислам дека имав, ама знам дека беше Велигден. :rofl:
    Како се справив? Па со оној чешелот и со шапон некој. Кој беше, Господ знае.
    Ама додека ме чешлаа, Господ во пижами го видов. :rofl:

    А и +, оној чешелот вака-така, ми се најде. Сега кога имам кори на главата, кога ми се љупи, си ги вадам со тој чешел. Башка само од напред ми се прават кори. 2-3 пати ќе поминам и супер е. :rofl:
     
  11. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    снами кажуваше едно чаше киселина и едно чаше газија да се измеша и да се измачка глата ама поќе од две минути никако да не стоело горела кожата...после со чешелот...таа има ќерки близначки двете и фатија и од еднаш и гниди и вошки се изумреле немаат од тогаш фатено вошки...
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Мастика исто многу помага. Ги умртвува и после треба само да си ги исчешлаш.
     
  13. livingluxury

    livingluxury Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Имам слушнато дека вошките одат на чисто.Секој е имал вошки и не е ништо срамно.Знам дека чешелот многу помага, има и разни шампони, но се ставаат пред да фатиш вошки не после.Инаку учам во училиште каде што има многу деца од страна, од села и незнам од дека, како да се заштитам да не фатам и јас вошки ?
    Имам слушнато дека ако ти е пуштена косата демек полесно се фаќало, точно ли е ?
     
  14. BadBitchBomb

    BadBitchBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    93
    Пократка коса полесно е за чистење, овој период мислам дека не се така застапени, можеби ги има на помали....јас не сум ги имала веќе 5-6 години а тогаш кога имав од аптека тато купуваше некој шампон знам со чешелче беше :lol:
     
  15. Vesna26

    Vesna26 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    10
    Има едно девојче од мојот клас и има премногу воски сите бегаат од нејзе се вика цветанка а јас седам до нејзе ако прифатам некоја вошка како да ја остранам?
     
  16. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    вошки само кога бев прво одд сум имала и еднаш во 5-6 има шампон во аптека(бубил) и чешелче како од игли правено.лесно се отстрануваат на овој начин.
     
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    28.512
    За среќа не ни паметам кога последена пат имав вошки, ама убаво се сеќавам дека секогаш кога ќе ми дојдеа ,,гостинките,, на гости во мојата густа коса следуваше кратко шишање (машка фризура) и после тоа едно долго убедување на другарките од маало дека мојата фризра е иста како на ,,онаа,, пејачка од телевизија и е многу модерна фризура :wasntme:
    Имам густа коса и по малце кадрава така да скоро е невозможно да ми се исчистеа вошките од глава ако претходно не ми ја скрате косата и не ме претвореа во машко детенце :$ :emo: :doh:
    Многу се срамев заради машкото фризурче и уште не можам да се гледам по слики колку смешна сум била!
     
  18. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Има и во аптеките прашак за вошки.. Се нанесува низ цела глава и така се стои 1 час.. И потоа се миете :)
    Иначе јас имам фатено вошки како помала..Какви маки има тргано мајка ми тогаш со мене :lol:
     
  19. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Уф кога бев мала маки големи имав па и мојава коса таква беше прифатлива :D од мојте другарки факав вошки :D дури имав и забрана за дружење :rofl: мене не ми помагаше тој чешелот од аптека што беше :rofl: па баба ми имаше друг метод :D еден чешел сличен на тој од аптека ама го врзуваше со конец некако и леле мајко како болеше го гледав господ во пиџами :rofl: :rofl:
     
  20. SamJo

    SamJo Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    И јас фала Богу, немам ваков проблем денеска, но во подолните одделенија мајка ми маки мачеше со мене. Го откривме лекот - АЛКОХОЛ од аптека (не се сеќавам колку процентен беше, да не ве лажам сеа). Значи после секое миење на косата на памукче стававме алкохол и со него поминувавме во коренот на косата. Ги умртвува сите до една и потоа со чешлање и со наредното миење тие испаѓаа. Лекот бил пет пари, ама не сме знаеле :D