Potpolno se soglasuvam so sanjaeva I jas go koristev istiot(dodeka go imashe,a vo posledno vreme go nema) premnogu pomaga.Od nego stavav okolu 5-6 pati.
Спојлер при контакт против чешање Спојлер http://doktori.mk/element/view/50734cfe2e778/voski-najlesno-i-najefikasno-spravuvanje
ЛЕЛЕЕЕ Луѓее фатив вошки по трет пат последниот пат фатив во фебруари и сега пак а од дома не сум излезена можи цела недела никој неам приметено дома да се чеша па со спцијален чешел прееска ко се чешлав испопаднаа 2-3 ама незнам како ќе ги исчистам а па како ќе и кажам на мајка мии .. според реакцијата минатио пат пак така че ми ја испосечи косава ццц леле шо баксуз че бев дај кажувајте шо да прамм пс. фала ти господе шо не сум плавуша
Само што прочитав дека 3 години не си се ,,спасила,, од тие вошки почнав да ја чешам главава Во истиот миг се сетив кога како мала и јас имав вошки ама среќа брзо се спасив Мој совет ако не многу барем малку скратија косата, купи си специјален чешел (иако мислам дека го имаш тоа веќе направено) појди до аптека и побарај шампон против вошки. Еве мене одма ми паднаа вошките од шампонот како мала и тоа беше крај! ако точно се сеќавам имав 8-9 години имам слушнато за ставање ракија на глава исто и за некоја киселина или сл. не сум баш информирана ама шампон ти е доволен да не ти ја јадат главата (само ако е ефикасен ) само кога ќе помислам на тие три години кои си ги поминала но добра си кога не ти ја изеле главата
мајка ми ни ги чистеше со прашок некаков, за инсекти ли беше, за мравки ли незнам за што, ама прашокот го мешаше со пудра онаква бебешка, (незнам од која причина) и утредента сите вошки беа мртви. Пробајте
Да ги чувам 3 години верниве пријателчиња,жал ќе ми биде да ги истребам после Сеа сериозно Пробал некој со педацет (шампон) од алкалоид? кажете ми искуство некое каков е,дали помага?
Проблем имавме се додека не купивме специјален чешел на Doktor's. Кошташе околу 550 денари ама се исплати. Претходно имав испробано со различни шампони меѓу кои и Педацет и воопшто не беа ефикасни. Вошките беа само како зашеметени а гнидите си остануваа такви какви што си се. Сега ја мијам косата со обичен шампон. Ја измивам на крај со поголема количина на балсам за коса. На крај ја чешлам со чешелот што го купив со главата наведната надолу врз бел чаршаф. Ке исчешлате и гниди и вошки (''закопајте'' го чешелот добро во коренот на косата за да ги извадите и најупорните гниди). Ова повторете го 3-4 дена по ред и верувајте ќе се ослободите од животинките
Шампон и чешел Nisska. Мислам дека не е повеќе од 1000 денари. Немам фатено од забавиште, ама тоа е лекот дефинитивно.
Јас порано сум имала вошки и колку што сега ми е во сеќавање со шампон мајка ми ми ја беше измила косата и така стоев 15 мин. потоа ме чешлаше на бел чаршав.Леле на 7 години мама ми вика бубачки во главата имаш,а јас исплашена брзо вади ми ги брзо велам
Шампон,чешел .. па ако треба и со пипс пробај знам така правеше другарка ми .. јаа фала богу да не се подречам неам фанато од мала .. а сеа што чув и ја се зачешав
лелелел па уште ли се страда од ова чудо? јас мислев дека ови штетници се веке истребени, ама се лажам изгледа....читам тука и не ми се верува. порано кога бев многу мала имаше тако нешто, еднаш во 1 одделение се сеќавам во каласот скоро сите фативме вошки, ама сега немам видено и слушнато некој да се пожалил од вошки. шампон тогаш сите купивме и од тоа се спасивме.
Леле кога ќе ми текне како дете. Јас бушава во главата како африканче, а мајка ми ми запнала со тоа чешелот, кубе ли кубе... Брат ми со машинка ќе го ишишаат, едно бањање и толку од вошките, јас по цела недела секој ден маки мачев. И после таман ќе се средиш, идеш во градинка или школо и ете ти пак од почеток... Мислам дека последен пат тоа било прво или второ одделение, кога си поголем после на време кажуваш ако те чеша и ќе те средат со шампон, не се шират толку меѓу децата. Ама не би ме чудело сеуште да ги има. Освен што се напаст, среќа многу штета не прават. Јас битно си имам чешел ако моите деца фатат вошки...
Еј ме насмеа темата, сестра ми како мала учеше со една што нонстоп имаше вошки и мајка ми кога и да ја исчиштеше она наредниот ден пак фаќаше Што не пробуваше мајка ми, ама ништо не се покажа толку добро како мастика, да алкохол-мастика, од тогаш не фати ич после сестра ми, се живо изумре. А пробуваше и шампони специјални и какви не смеси и глупости, ама мастика дефинитивно најефикасно. Пробајте тие што имате малечки и имате ваков проблем, ќе видите.
Скоро 4 години имам вошки. Значи ми се здосади. Сум пробала секакви шампони и чешли. Го имам и овој -http://www.medicushelp.com.mk/upload/item/img/nisska_slika.jpg велат дека многу помага но сепак не. Ве молам дајте ми некое мислење како да се ослободам од вошките.
Сара, гледам 20 год имаш а кажи ми дали се фарбаш, јас знам дека вошки не одат на фарбана коса, ако не па исфарбај се
Сум се фарбала многупати до сега но сепак ништо. За некој период да речеме недела, 2 ќе се намалат малку, но потоа повторно истото... -.-
Сара, 4 години ги имаш? Па побогу, како ги трпиш... Баба ми, кога беше во болница, фати вошки. И тоа во енормни броеви Инаку помогна специјализираниот чешел, и еден шампон против вошки,. Не ми текнува на името, но се сеќавам дека беше зелено шишенцето, цената му беше околу 800 ден. Ако веќе имаш чешел, ти препорачувам 3,4 пати дневно да ја чешлаш косата. Најверојатно имаш и гниди, колку што знам тие се размножуваат во рок од 24 чаша, и се создаваат нови вошки. И се така во круг. Само константното чешлање помага. Претходно, може и оцет да ставиш на косата.
Фала богу досега никогаш не сум имала, дури ни како дете. Веројатно не сум склона, сум чула не иделе кај секој тие.
Немој да бидеш сигурна дека треба да си склон па да имаш вошки!!! И јас бев уверена во истото се до мојта 30-та година кога во болница после пораѓај со моето второ дете закачив вошки. Страшно!!! Инаку, најефикасно средство во борбата со вошките е спрејот Buba kil ( го произведуваат тука во Македонија). Го има по аптеките и на него пишува дека е за различни видови на инсекти. Не е штетен за топлокрвни суштества, па така и за човекот!!!