Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вошки. Како се справувате со нив?

Дискусија во 'Коса' започната од sara.kiss, 31 август 2011.

  1. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Тоа дека не идат кај секој или дека не си склона еее тоа верување да си го искорениш. Тоа не е точно. Вошки може да фати секој човек без разлика на возраста.
    За Сара 1508 ....
    Како што прочитав погоре девојката имала 4 години вошки што не е така лесен проблем. Прериодот е многу голем, претопоставувам толку и се размножени да секоја граница ја имаат претерано. Покрај безуспешните обиди со секакви препарати и чешли мое мислење е да ја шишаш косата до нула. Срам не срам, јас во тоа ти го гледам спасот. Не е срамота и до нула да се шишаш бидејќи ти си на стардни маки претоставувам. Подобро шишана така него да трпиш непријатности и во главата рани да имаш од чешање. Друго мислиш дека никој не знае дека имаш вошки-штом си толку време зфатена од нив и околината знае за тебе и те избегнува. Нема срамота верувај ШИШАЈ СЕ скроз кратко или нашки нула. Маката ке ти исчезне за 5 мин буквално.
     
  2. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    сара ишишај се кратко, купи си чешел за вошки и шампон, мене ми помагаше многу како помала пипс на коста и косата мајка ми ја ставаше во кесе и така стоев саат, два колку што можев да издржам, печеше и чешаше ама морав... инаку фајќав премногу вошки, таман ќе ме исчистат за 1 месец пак се на гости :D продолжи да се фарбаш и со среќа побрзо да ги исчистиш
     
  3. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    9.484
    Најмногу се јавуват кога се менуваат годишните времиња на пр.зима,пролет и есен зима.Тие периоди ќе бидеш највнимателна.Иди си во аптека и земи си некој третман и чешел.Третманот направи го два пати на секои 10 дена и исчешлај се.И раат ќе си за за една сезона.

    И нема врска дека ако не одиш кај никој нема да фатиш вошки,зарем сеуште се верува во вакви глупости,дај распрашајте се,жално е да се пати со ваков проблем во ова време.
    Нема потреба од шишање додека си направиш третман.
     
  4. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    лустеееееееер!
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Море одат и на фарбана коса. Јас се фарбам редовно од мои 17 години некаде, и лани фатив вошки, на овие години. Деца немам па не бев спремна со целата опрема. Кога ја извадив една од глава така ја напипав со прсти, ќе припаднев ми се чинеше од страв дека ме лазат животини. Вечерно време, нигде не е отворено, се наклефтав со зејтин од маслинка по препорака на чичо Гугл и се чешлав со обичен пластичен чешел како оние за шишање што ги користат. Вошки извадив така но не и гниди. Наредниот ден трк по третман и железен чешел за вошки. Ги извадив и гнидите со овој чешел. Не знам какви третмани во МК се на дофат, но овој што ми го дадоа во аптека гнидите беа веќе мртви кога ги вадев со чешелот. Се вика Lyclear, во случај да го има увезено во МК, кој има проблем нека праша во аптека го има ли.
    Ме зачеша главата само што ги мислам, одвратни створења.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MusicGirl32

    MusicGirl32 Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    Има посебни шампони за вошки како и спреови. Со најголем квалитет се спреовите на para plus. Се нанесуваат со прскање на коса, а косата ја врзуваш со кеса. Чекаш така околу еден час (ужасно ќе те чеша), а после ја вадиш. Откако ќе ја извадиш се чешлаш со чешлите за вошки и право на бањање.
     
  7. siaSweet

    siaSweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    145
    Золва ми пред некој ден фати вошки , прочитав некаде сте пишале дека со мастика се умртвувале? Што треба да се направи ? Некој нека пише да и кажам да се исчисти што побрзо ми е страв да не фатам и јас ... Мастиката колку време од кога ќе се стави на коса се остава да седи ???
     
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ме потсетивте на моите стари денови кога се дружев со вошките. :D

    Имав 5 години. Одев на забавиште(онака, бидејќи немаше со кого да се дружам. следната година повторно одев на забавиште, но во друго училиште). Имав кратка коса. Но ете, фатив вошки.
    Веќе подолго време се ширеа озборувања за вошките во училиштето.

    Две години се дружев со нив. |(
    Косата си ја чував кратка.
    Користевме и шампони, но ништо од нив. Не помогнаа. За џабе се труев со нив.
    Потоа се сеќавам и на еден спреј за вошки. Не се сеќавам кој беше, ниту дали беше ефикасен.
    Јас знам дека се ослободив од вошките со помош на металниот чешел. Лошо икуство беше. Баба ми секој ден ме чешлаше, па после ги броеше вошките.
    Секој следен ден имав исто толку вошки колку што сум имала вчера.
    Но, ете, после две години мачење, успеав некако да се ослободам од нив.

    Но, после тоа, неколку години имав фобија од чешлање. Дури понекогаш одбивав да се чешлам. :lol: Имаше маки мајка ми со мене.
     
  9. Beachgirl

    Beachgirl Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    21
    Лек за вошки е мастика или да има висок процент на алкохол.Железниот чешел помага но за виткана коса само лустер.
     
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ќерка и оди во градинка и таму фаќа вошки. Само што ќе ги исчистиме ете отишла во градинка и повторно фатила. Разговарав и со воспитувачката дека треба да разговара со родителите чии деца имаа вошки. Безуспешно. Не е срамно да имаш вошки срамно е да ги чуваш во главата. Иначе ние си ги чистиме со чешал и тоа темело дел по дел од косата. потоа откако ќе и ја поминам цела коса со чешелот фаќам со раце и што да правам ослепев и вадам вошки и гниди. Тоа гнидите па уште пострашно залепени за влакното. Меѓутоа ќе ја направиме косата солза чиста и за 5-6 дена во градинка зоврела од вошки. И повторно се од почеток.
     
  11. Bohn

    Bohn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Ууф, кога ќе се сетам на ова почнува главата да ме чеша. :x
    Убедливо најгрозниот период во животот, пеколно ми беше кога мама ќе ми ја чистеше главата, а и за неа исто,очите и паднаа.Имам густа коса, и како мала обожавав да си се прцкам така, и секој месец вошки имав.И знам користевме чешел, различни шампони ама не делуваа нешто многу.Мене многу ми помогна газијан.Смрдеше многу, и плачев кога ми го ставаа ама ми помогна сепак. :lol:
     
  12. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Пред скоро време се расправав со овие паразити,ќерката ми фати,а коса скоро до половина долга.Тој период мислев никогаш нема да помине.Најпрвин со шампон за вошки,да изумрат големите,па со чешел за вошки од ниска дел по дел косата ја чешлавме.После два дена косата и ја намачкав со сало и така стоеше еден сат,па повторно со чешелот дел по дел,па ја измивме косата со потопла вода повеке пати,оти тешко излегува салото.

    После два дена со регенератор и ја имачкав косата и со чешелот повторно.Секоја ден со раце ја прегледував и ги вадевме гнидите,па за една недела се спасивме,и косата ја спасивме не ја потшишавме.
     
  13. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Како помала,кога ме фатија еднаш,со железен чешел со густи запци се чешлав и некои шампони употребував,ама немаа којзнае колку голем ефект.
     
  14. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Хахахах е не сум нормална бе! :rofl:
    Си го читам мислењево и се смеам.. :x

    Пу, пу, да не се урочам, сега немам вошки. Тогаш во август кога сум го напишала мислењево, една недела се чешлав со ниска чешел и потоа наеднаш како да исчезнаа, вау.. :?:
    И да, чешелот, спакуван, го чувам во тајност. :wasntme:
     
  15. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Како мала многу фаќав воски и кога ќе фатев сите дома ги полнев :lol: среќа мама го купи чеселот ниска вистинско ресение се спасив од тие досадни сустества сто ми ја напагаа главата :D
     
  16. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    лелеел кога ке ми текне целата се чешам одвај се исчистив
     
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Neznam dali prasanjeto e za ovde.Denes sedejki. pocna da me cesa glavata otidov se isceslav nisto ne najdov.Me cesa glavata non stop nemam prsa. Si ja miev kosata sinojka.Sto da napravam????

    P.S.nemam mak podrska na telefonot
     
  18. ask.fm-mwa123

    ask.fm-mwa123 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ве молам помогнете ми!
    Бев на екскурзија лани и фатив вошки од екскурзија.Тогаш беше Мај.Јас до сега не се исчистив.
    Пробав со пипс,пробав со оцет,со ракија,со шампон.Јас засега Имам 10 годиниии...Ги имаљм една година.
    Ве молам помогнете ми што побрзооо...
    Итно е!
    Само незнам дали во школо има вошки.Ако има како пак да се спасам во Септември кога летоска сум се исчистила?
    Пак да ги имам?
    ПОМОГНЕТЕПОМОШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШШ!УФФФФФФ И СЕА МЕ ЧЕША ГЛАВАТА.
    :sweat: :emo: :call: :call: :call: :call: :( :o |( ;(
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Смири се девојко полека..пробај со чешел против вошки нешто мислам така дека се вика прашај во аптека,ако тоа нешто не помогне ќе мораш да ја истрижиш косата како Тамара Тодевска пејачката што е фризурата моментално,е таква фризура ќе треба да имаш...со скратување на косата ќе исчезнат..
    Би требало да ти исчезнат,нема да се вечни тие ;)
     
  20. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Со чешел за вошки ама најбрзо ги снемува со етиол. Кога бевме првачиња јас, брат ми и сестра ми вриевме од вошки и татко ми купи етиол од билна аптека, го раствори со вода затоа што е многу јак. Со него да поседиш 10 до 15 мин, да се избањаш и со чешелот да се поминеш , завршуваш со вошките. Меѓутоа, ако имаш осетлива кожа на главата не пробувај, а ако пробаш и почне многу да те пече измија веднаш главата ( а малку да те пече нормално е).