дали вашите деца факаат или фатиле порано вошки?Што употребувате за превенција од нив на природна база, какви шампони и сл.?
ГИ ИМА ЛИ УШТЕ?!?!?! Јас мислам дека вошките се од времето кога јас бев дете а не од ова време. Ние бевме вошкарско маало и сите си ги пренсувавме едни на други се додека мајкте заедники не одлучија да не спаста од вошките и ни направија нови фризури (машка фризура) и не исчешлаа со Ниска чешел. Од тогаш нит сам чула ни видела вошки! Сериозно прашувам, зарем ги има уште??? Спојлер Анкетата горе врска нема, средете ја!
Iskreno gi ima po gradinkite uste no I roditelite takvite deca ne gi zadrzuvaat doma da gi iscistat ne navleguvam vo giskusija zosto. Rabotara na vospituvacite e da prenesat na roditelotali nesmeat da vratat dete. Ima po apteki samponi I so metalen cesel vilkaat se cistele
Колку сакаш биди чиста ама вошки ќе фатиш, без оглед колку коса имаш. Знам по мене мала кога бев имав вошки, се сум пробала и незнам некако се исчистив. Моја генерација основно што беа немаа вошки, ама затоа во средно сите фатија. Се фаќаат во блиски средини, каде има деца ако има еден сите ќе фатат. На крајот се исишав кратка и веќе пу пу не фатив.
Уф, од вошкиве цела се ежам.. Скоро секоја година ме полнеа со вошки, маки си тргав луѓее Во петто одделение беше најстрашно, мајка ми изнервирана ги зеде ножиците и почна да ме стрижи.. Леле колкави плачки имаше тогааш.. Уште не можам да и простам за тоа Као печурка бев во главата, срамотилаци.. Две недели одев така, па дури од ко ме исчисти скроз, ме однесе на фризер.. Хорор
abe tie pusti gi ima uste.vo gradinka kaj sto e moeto devojce kazaa deka imalo nekoe od decata i da gi proveruvame, pa jas sakam nesto preventivno ako nekoj znae neka kaze za PREVENCIJA OD VOSKI!
Се сеќавам како помала кога имав вошки мајка ми купи некој чешел и шампон во аптека и за брзо време ги снема
Ујјјјјј тешки времиња беа... Се сеќавам дека ги приметив вошките еден ден пред роденденот.. одевме со мама да купеме алишта а јас чешам ли се чешам... и потоа кога се вративме дома мама ме провери и ми кажа дека имам и јас си мислев дека срцето ми чука 2727181 на саат.Потоа секогаш ме зезаше дека ми се поклон за роденден.И потоа пробавме секакви шампони дури си мислам сите шампони од аптека ги пробавме... и потоа немаше што да се прави и тато кој што живееше во странство дозна за тоа и ми донесе еден шампон и направив два третмана и си ојдоа непожелните гости. и од тогаш мн сум благодарна на тато! крај на приказната и никад да не се повтори.
И јас како мала имав многу вошки мислам дека по нив ќе го паметам детството Од шампони, чешли, ништо не помогна за темелно чистење, паметам дека на море отидовме со моите, од солта се изгубија и не ми се појавија повторно.
Леле како мала колку фаќав вошки , една другарка постојано имаше , јас ќе фатам , па брат ми од мене. инаку и сега ги има да , баш ќерка ми во забавиште кога почнаа учителкиве на врата ставија преудпредување дека имаат мн деца вошки , па и купив од аптека еден лосион (спреј) за да не фати ја прскав позади ушите , се по се изгледа производов помогна
Вошки сум имала 3 пати во животот, два пати во градинка а последен пат некаде во пето одделение. Значи пред 15 години. Имаше едно девојче во класот кое постојано имаше и сите префаќавме од неа. На родителски беше главна тема, сите родители се расправаа со нејзините и ги опоменуваа да ја исчистат ама тие гајле си немаа . Не беа баш по хигиената општо. Толку ги имаше што и се забележуваат како и шетаат. Знам дека во аптека имаше едно ефикасно шампонче и од едно-две миења умираа заедно со гнидите. После тоа со ситно чешелче за вошки баба ми ме чешлаше за да паднат гнидите. Релативно лесно се спасував од тие чудовишта.
Ние сега скоро ги имавме.Малата имаше,кој знае од кај ги фатила. Има еден бугарски шампон,се користи истовремено со лосион и веднаш ги убива. Поучена од претходни искуства,редовно имаме дома на залиха. Ова е шампонот.
Не да имавме вошки,него дерман немавме од нив Трауми повеке од мама,а тек од баба ко ке не подредеше сите деца со ред првото и за последното плачеше Осет да се немало ни ја корнеја косата џо вошки ваделе Од страв и не кажувавме дека не чеша нешто,одма на дневен ред требење вошки Ужас
Јас околу 5-6 одд фатив вошки, и после крај ни чув, ни видов. Ама тогаш пеколот го видов. Чешање на сите страни, па ајде мама ми вика наведни се, она постеле бел чаршав па чешла со чешалот и они паѓаат како рој. Али не постои некој кој досега немал вошки јас мислам.
Мајки може не е за овде прашањево но бидејки е најактивна темава се надевам на брз одговор..Многу ми е незгодно и страмно но очајно барам помош..Керка и најдов вошка и земав да ја прегледам што да видам цела се запрепастив еди ситни мали па едни по влакната залепени..Нема многу коса и мн и е реткаа и се гледат..Но не ми дозволува плаче вришти..Купив и чешел еден посебен ја исчешлав но пак има..Овде во маало имаме и циганчиња но никогаш не сум ја пуштила кај нив бидејки знам дека имат вошки незнам од кааде може да и се..Само една беше голема ја извадив но другите ситни неможам никако..Совет некој ако се соочил со вакво нешто..Или да ја стрижам цела леле баш сега пред роденден..Извинете вака многу ми е страм но ве молам за совет заспа плачејки сега спие кога ке стане пак ке ја чистам
Мене една жена ми кажуваше да се измие косата со оцет (тој домашниот што го користиме ) ама убаво да впие и малку дда постои само пази на очи да не и отиде и после измиеш и ставиш шампон кој го користите, или купи шампон против вошки од аптека.
Нема срамота.. Дечиња се.. Ако има некое ако ги дружиш ќе се "префатат". Земи специјален шампон од аптека, и во комбинација со чешелот сигурно ќе средите.. Не ја стрижи одма..
Здраво јас имам проблем со вошки сварно не верував дека оваа мене ќе ми се случи. Веќе сум возрасна жена да се рече но веќе ннеколку месеци се борам со вошки. Незнам од каде сум ги префатила но јас се исчистив со шампони со се ама бидејќи очигледно подолго време сум ги имала па имам многу гниди. Сега гнидите се бели т.с. суви и фризерката ми рече као мртви се. Тоа е една добра вест но работата е како да ги исчистам со чешел неќат со раце пробувам сама но неможам а немам родители нема кој да ми помогне. А јас црна коса имам па срам ми е да ми белеат плус лето се ближи од вода кога ќе излезам за срамота пошто како помала имав видено на едно девојче така ногу лошо изгледаше. Ме страв и срам. Некоја помош нешто?