Стави ракија мастика на косата. Стави на раката од ракијата и почни да ја мачкаш косата и умотај ја во крпа нека отстои некое време, повтори го тоа неколку пати и после никогаш нема да имаш. Јас имав тоа беше пред многу години кога беа многу активни вошките кога скоро сите имаа и си ставив од мастиката и никогаш повеќе не сум имала.
Од она што се прска по овошјето и лозјето растворете го во вода и испрскајте на косата и почекајте 1саат и потоа измијте ја убаво косата.Повторете го уште еднаш наредниот ден и готово.Јас едвај ги чистеше се до дека не ми кажаа за ова
Со многу препарати се прска по лозјето можо е да имаш несакани последици ако се сеќаваш само што точно стави ти?
Нас на времето не мачкале со газје, ке отстоело саат време и имало ефект. Сега барем има препарати, мислам дека има ефикасен шампон на Алкалоид се вика Педацед, во ДМ дрогериите го има а и во Аптеките.
Јас кога фатив еднаш, ама незнам уште што не испробав домашни рецепти бидејќи ми беше срам да кажам на татко ми да ми купи шампон, испробував и со мајка ми некои шампони аптекарката што и препорачала - од ништо немаше фајда. И си порачав од татко ми да ми донеде М гел или М улје, сеедно. Веднаш, ама веднаш по првата употреба си раат. И плус штитат околу месец да не фатиш повторно. Е сега, порано ги имаше во секоја аптека, сега малку потешко се наоѓаат, ама кога недајбоже би фатила пак, ако треба и цела Македонија ќе ја претражам да најдам. Може и за мали деца што одат на училиште да се користи 1 месечно редовно. Не штети ништо, а барем ќе знаеш раат си.
Не е срамно да фатиш вошки, срамно е да знаеш дека ги имаш и да ги носиш. Глетката да ти лазат вошки е одвратна. Имав една школска од која кожата ми се ежеше, се почнуваше да ме чеша. И лазеа вошки, гниди еден куп. Па не знам како не ја чешаа, како не и сметаа. 4 г бевме во исти клас во средно и секогаш беше полна вошки. Епа луѓе според мене срамота е да одиш таков. Можат да се исчистат. Се сеќавам како мала мајка ми не ми даваше навечер да легнам да спијам додека не ми ја провери косата. Ако редовно водиш грижа, не можеш да се наполниш до степен да не можеш да се исчистиш. Тие бргу се размножуваат, ама треба грижа на време.
Имам две керки со кои мака мачев со вошки,ич не фрлајте пари за шампони.Сите шампони ги имаме пробано дури и од Германија земав спреј и не вредеше ама баш ништо дури и овој тука што е на сликата.Глупо ми беше да верувам ама мислам дека тука прочитав спреј за муви тоа ни беше последно јас имав од раид дома.Им ја испрскав целата коса и го оставивме можеби еден час да делува.Малку се намачивме со чешлањето ама како од ветер однесени.Сега ни гнида ни вошка нема со месеци.Топла препорака позз!!!
Јас како мала имав лекотт е редовно да се чешлаш,никако не ја миј косата со ладна вода и јастукот на кој што спиеш нека има бела навлака зашто вошките се лепат на белоо....послушајме мене ова ми помогна!!!!!? И купи од оној шампонот со чешал еден портокалов не ми текнува како се вика ке ти пратам сликааа!!!! https://forum.femina.mk/attachments/336366/ Редовно миј ја косата со шампонот и после со чешал за вошки исчешлај ја убаво косата врз бел чаршав јас како мала имавв
Мислам дека има еден шампон на Алкалоид е мислам дека се вика Педацед. Нас, на времето ни ставале шампон Бубакил,. така треба да отстои на косата половина час, и косата се чешла со ситен чешел и се мие. Знам дека многу беше ефикасен. На времето кажуваат дека ги уништувале со газје за ламба, и имало голем ефект.
I jas imav voski i mnogu mi pomogna eden sampon treba da vidam dali mi stoe sisenceto i cesel imam NISKA cesel i fala bogu ete veke 10 god voski nemam gelot se vika m gel a samponot bubil
UNie deneska se procerivme i op najdovme nekoja. koj sampon efikasen za ovie bubi .. koga ke pomislam duri i jas se ceskam
Искрено јас еден шампон за против вошки купував кога имав ама не ми помогна беше околу 200 ден ама не ми помогна. Ми помогнс само ракијата мастика. Со газичка или со памукче се втрива во косата и потоа се става најлон кеса и се умотува стар пешкир и стои така 2 часа. Потоа се мие само со топла вода. Мене ова ми помогна пред 3 год имав вошки и од интернет го најдов ова со ракијава и го направив и ден денес немам вошки. А инаку шампонот што го купив од зегин не ми помогна, така да ако пробаш со ракијава може ке ти помогне мене ми помогна.
Кога бев мала имав вошки. Мајка ми постојано ме чистеше од нив ама џабе. И еднаш кога сум се чешала во школо тоа бев 1 одд. и учителката ме забележила како се чешам и и кажала на мајка ми и мајка ми не дека секој ден ме чистеше ама веднаш отиде до аптека и купи шампон против вошки. Ама иако го употребивме така како што пишуваше на упатството мене не ми помогна. Кога и да ме измиеше ќе земеше еден ситен чешел и над када ќе ме чешлаше. Вошките паѓаа ама наредниот ден кога ќе се вратев од школо пак иста ствар. Тогаш мајками отвори на интернет нешто да најде за против вошки и како што напишав погоре ми помогна само ракијата мастика. И од тогаш фала богу немам вошки. А инаку и открив кое е девојчето од кого сум се полнела вошки. Не беше во моето одд. Еднаш кога бевме на екскурзија таа висеше пред мене ја беше врзала косата во репче и видов една вошка како и лази по косата. И оттогаш не оти се дружев толку често со неа ама сега малку се држам подалеку од неа да не фатам пак некоја вошка. А инаку еве го подолу на сликата тој шампонот што не ми помогна го купив од зегин. Ама како што гледам по аптеката сеуште го има..
Inaku majki,devojki, zenski, ...da vi predlozam sprej koj se prska vo kosata preventivno. Prasajte vo apteki, ima razlicni
Дами, ми треба ваша помош! Пред некој ден приметив дека сум фатила вошки од другарка ми која што има ептен кадрава коса. Сакам да се фарбам што побрзо. Размислувам да земам три фарби. Да искористам две, а од третата да ја земам само киселината, но страв ми е да не ја уништам нешто косава. Неможам да се поднесам веќе ако не ми помогне ова скроз ќе ја скратам. Ве молам да ми дадете мислења и препорачајте ми која марка на фарба би било најдобро да ја земам(црна боја).