Вошки. Како се справувате со нив?

Дискусија во 'Коса' започната од sara.kiss, 31 август 2011.

  1. Ikickabebusce

    Ikickabebusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    3.152
    Пол:
    Женски
    Не си ги фрлајте парите по шампони и спрееви. Џабе е се. Мене ко имав вошки дури и тетками од Швајцарија ми прати шампон и спеј и пак не ми помогна. Јас и братучетка ми имавме вошки и ќе се зберевме заедно и мајка ми и тетка ми ке не чистеа како немаше друго чаре. Само по една година му дојде спасот. Само ракијата мастика ми помогна. Само треба со памукче да се втрие во косата и толку малку да се почека колку половина час и да се измие. Јас точно пред 4 год имав вошки, а мајками незнам колку пари даде само за спрееви шампони и чешли. И ене ги си стојат уште во фиоката. Фала богу од како ги исчистив веќе не сум фатила.А инаку да ви кажам дека можете да пробате и со оној спрејот за муви и различни инсекти што е, братучетка ми така ги исчисти.
    А јас дознав и од кој сум фаќала вошки од една другарка. А тие беа сиромашно семејство и знаев дека немаше кој да ја исчисти оти немаше мајка. И затоа не и кажав затоа што знаев дека ќе се засрами и дека ќе и паде незгодно, а ако и кажев знаев дека сите од класот ќе дознаеа и после ќе и се исмејуваа.И затоа не и кажав ама се држев малку подалеку од нејзе за да не фатам пак
     
  2. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош, денес видов дека сум фатила вошки, ве молам помогнете ми како да се спасам од нив. И каде да купам газа?
     
  3. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.855
    Допаѓања:
    34.217
    Пол:
    Женски
    У аптека барај некој шампон и земи си чешел на нишка мислам дека беше ќе решиш проблемот.
     
  4. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Вчера земав шампон Падацет и чешелот а денес ќе купам и газја се надевам деќа ќе ги снема скроз.
     
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.162
    Допаѓања:
    27.282
    Јас одамна,многу одамна имав.Некаде прво одделение.И се сеќавам мајка ми се пробуваше дури и овој и не успеа.Потоа зеде еден со сина капачка и тој успеа и знам дома го чувавме долго време,за во секој случај.Го побарав на нет хигија се вика.
    Доколку овој што си го купила не успее ти го препорачувам Хигија.Бела амбалажа со сино капаче и мислам и чешел одеше со него.
     
  6. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Вчера ставив Падецет шампон, големите ги извадив со чешел. Приметив денес дека пак ме чеша и ставив Сумифен шампон. Ќе видам дали ќе има ефекти. Доколку нема ќе употребам Газја.
     
  7. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    20.871
    Пол:
    Женски
    Како мала кога имав вошки ништо не ми помогна ниту шампони ниту спрееви. За џабе парите си ги дадов. Ракијата мастика само ми помогна. Многу беше ефикасна. Со газа ќе втриеш во косата на секаде колку да ја навлажниш и чекаш 2 часа и потоа миеш. Ако го правиш ова внимавај пошто е алкохол да не ставиш премногу на главата. Нека ти помогне некој. А инаку газа можеш да најдеш во аптека мислам. Ама може и со памук на место со газа.
     
  8. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Купив и газја. Како што гледам сите кажаа дека најефикасно е ракијата Мастика и Газјата. Знаете ли колку време треба да се држи ракијата на коса а колку газјата и дали се промешува со нешто или така се става?
     
    На Mrs.Precious му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    20.871
    Пол:
    Женски
    Ракијата со ништо не ја промешуваш само втриваш со памук во коса и потоа ставаш најлон ќеса на главата а потоа некој стар пешкир. И чекаш 2 часа, а потоа миеш.
     
  10. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    И во средно имавме една со вошки, на час си ги тегнеше од глава и си ги пукаше со заби.
     
  11. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    702
    Шампон од аптека и после чешел Ниска. Чешлање 5-6 пати во ден. Дури и ако мислиш дека си се спасила.
     
  12. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    А дали знаете колку време се држи газјата на косата?
     
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ракија мастика врз коса, кеса и пешкир 1-2 саати да се држи после тоа со чешел на бел пешкир. 2 дена по еднаш или 2 пати на ден и ништо не останува. Чешел може и обичен само со збиени запци. Тоа шампони и нови измислици џабе фрлени пари во вода.
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.255
    Допаѓања:
    16.526
    Како идеше рецептот со киселина за вошки?
    Треба да ја ишампонирам косата, па со киселина или обратно?
     
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Има во аптека шампон против вошки ама не знам колку е ефикасен .
     
  16. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    910
    Nesto efikasno za prevencija od voski, kerka mi fati od gradinka
     
  17. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.414
    Допаѓања:
    20.871
    Пол:
    Женски
    Како мала кога имав вошки ништо не ми помогна ниту шампони ниту спрееви. За џабе парите си ги дадов. Ракијата мастика само ми помогна. Многу беше ефикасна. Со газа ќе втриеш во косата на секаде колку да ја навлажниш и чекаш 2 часа и потоа миеш. Ако го правиш ова внимавај пошто е алкохол да не ставиш премногу на главата на девојчето. Но помага навистина јас само со тоа ги исчистив.
     
    На pepapa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.255
    Допаѓања:
    16.526
    Од каде да купам газија? Ми треба против вошки
     
  19. Alex.T

    Alex.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2018
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Машки
    Педацет од Алкалоид и не ви треба ништо друго.
    Ефикасен е 100% и против срамни вошки (не ме прашувајте од каде знам). :wasntme: :)

    [​IMG]
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Хигија шампон купуваше мајка ми кога ќе фатев вошки како мала . Секогаш делуваше . Пред некое време и свекрва ми го купила ( има работа на оддел со разни пациенти , најчесто зависници ) бидејќи имала контакт со пациент со вошки . Дали од психа или префатила и сама не знае ја чешала главата , па превентивно користела хигија шампон ( на сува глава ставила два часа да отстои , со кеса и пешкир на неа и потоа исплакнала ) . По втората употреба , чешањето го снемало .

    Мајка ми ме бањаше регуларно како и со обичен шампон . Можеби затоа што бев мала 4-5 години имав тогаш , па од страв да не пикнам од шампонот во уста . Последно имав вошки во 4 одделение , имавме едно дете што беше посиромашно , а и многудетното семејство беа , само деца беа околу 6-7 . Случајно префатив од него . Оттогаш не сум имала вошки иако не сум внимавала до толку .