Јас сум во дилема - најдобра другарка ти е или не? Ако ти е, тогаш треба отворено да и кажеш за заедничко добро. Она не прифаќа зашто не сака да си ја скрати косата. Тоа и е основната причина, сигурна сум 100%. Многу незрело и неинформирано размислување. Објасни и дека немора да се шиша за да се исчисти, па може ќе прифати. Кажи и дека без разлика колку и е долга косата, ако е полна со вошки, никој нема да сака да биде покрај неа. Некој ќе мора да и помогне во чистењето дали од дома некој или кој друг ама мора да ги вади и гнидите, со помош на чешел и рачно некој друг да го прави за неа тоа. Со шампон ќе треба да ја повтори постапка после 1-2 недели а може и после тоа повторно. Се додека има неизведени живи гниди кои ќе се изведуваат.. Затоа е поарно да ги чисти гнидите мануелно, паралелно со шампонот. Се додека не остане ни една гнида што пак ќе ја наполни косата. Само нека знае дека потешко се вадат гниди од долго влакно, него ли од кратко. Ако одбива се и/или ти се налути, мислам дека е најдобро да ја оставиш и да си бараш друг смештај. П.С. овој шампон не треба да влегува во очи, така да стварно не треба да се подметнува некому.
Не да и подметнуваш нешто туку пак разговарај со неа, не е страшно ќе се исчисти од нив. Јас имав кога бев мала и знам ми ставаа водка на глава и косата ми беше замотана во пешќир 1 саат ли беше не знам и ги снема веќе.
Еве сум, сама со ќерка, 2 години ми ги носеше од градинка. Таа има 4 пати погуста коса од мојата, никој не се шишал и никој не требел гниди. Ако е шампонот ефикасен, според упатството миење еднаш и уште еднаш по две недели и чешлање со чешлето и толку е марифетот. Првиот пат менував перници, навлаки, ставав капи во замрзнувач, перев јакни, уште теписи што не исправ. Вториот пат пола од наведеното не го правев и пак се истребија. Значи шампон ефикасен и чешел за требење. И нормално смена на крпи, постелнина, облека. Толку треба.
Јас и реков така зошто рече дека е полна подолго време. Не знам колку ќе и е доста шампонот, без требење гниди. Мора да ги исчисти и нив. чешлањето е најефикасно. На тоа мислев мануелно кога пишав.
Добро бе колку години имате? Во 21 век вошки. Нема тука страм кажи и директно. Зошто и ти покрај неа ќе фатиш.
Е да, мора да се исчешла, нема такво нешто- тури и во шампонот нешто, да и ги убие вошките. Мада, велат (цела наука и за вошки научив), животниот циклус од вошка до положување јајца/гниди бил незнам 14 дена, па второто миење би ги убило вошките пред да положат гниди. Колку страв им имав, бррр, уште се ежам ко ќе ги помислам...
Ма и со чешелот нека ја брка, Ја со немиена коса не се трпам, не па вошки да имам во нејзе да ми се размножуваат.Шо сум ја, шелтер?
Сум слушала дека против овие гадинки помагало фарбање на косата, освен стандардните начини на чистење. И дека општо на фарбана коса не оделе.
Нц, нема везе. Јас имав чуено дека на возрасни не оделе, ама ете и тој урбан мит ми го демантираше реалноста.
Леле што уште нема прочитам. Разбирам да се мали деца во градинка најмногу се префаќа, ама млада девојка да не води сметка за хигиена . Иначе немора да се шиша, може само со шампон и чешелот што е специјално за вошки да се извадат.
Проблемот не е во вошките колку што е во девојкава и нејзиното размислување. Треба некој да и објасни дека лична хигиена е во прашање. Може па и на психолог треба да се обрати зошто реално во 21 век да не ти е гајле за хигиената ми е аларм мене.
Тури и у шамонот сода, оцет. Купи шамон за вошки ама извади ја налепницата, другите исфрли ги кажи и дека од денес само со тој ќе се миете сите го препорачувале тој.
Јас си ставив оцет и се измив не осетив никаква реакција додека ми стоеше на коса пр чешање претање и обично не ме ни чеша главата што значи немам префатено бидејќи се пазам но сепак за сигурност ставив оцет 2 саати. И кажав на неа на убав начин и рече дека ќе ме послуша. Ма да има да ја очистам сега ќе и ја скратам и косата, ќе купам и најскапи препарати,ќе ја испеглам и ако треба и ќе ја требам и на крај кога ќе ја очистам ќе ја исфарбам но немам таква душа да ја оставам така.
Абе сите некогаш имале проблем со нив и биле приморани да научат како да се справат. И мене ми се непријатни, не толку дека ме плашат, колку што ме грозат. Во суштина и од сите инсекти се грозам особено ако треба да ги смачкам . Да, во право си за 14-те дена, затоа на две недели препорачуваат да се повтори миењето со шампон за да се убијат новоизведените. Ама мене се тоа ми личи споро па комбинирам шампон, чешел и седнувам да требам. Ќерка ми како помала кога фати ја измив со шампон прво, па ја чешлав со чешалот за вошки, и не чекав две недели, туку одма после чешлањето, на сува коса, се што пропуштил чешалот го вадев со рака. Ќе ја легнев со главата во скут, под добро светло, да и биде косата врз нешто памучно и бело (за да ги гледам кога ги вадам подобро и за да го извријам после тоа), а да не ги расеам насекаде, и ќе и ја прегледав и исчистив цела коса, влакно по влакно. После тоа, за две недели пак ја повторував постапката со шампон+чистење, ама вториот пат, скоро и да немаше ништо. Ама како и да е исчистено првиот пат, мора да се повтори постапката за 2 недели. Зошто и само една жива гнида да има останато и таа се изведе, пак ќе ја напуни цела глава. За превенција од фаќање вошки се препорачува да се испрска косата со раствор од вода и екстракт од чаево дрво. Вошките многу го мразеле мирисот на чаево дрво. Така да на почеток на учебната година, кога ќе почнеа во градинка/школо или како во тој случај со ќерка ми, бидејќи во групата од градинка имаа неколку дечиња, откако ја исчистив, пред да оди во градинка и ја прскав косата со таков раствор. Не сакав втор пат да фати. Во право си. Мислам дека сите деца, и машки и женски, без разлика од какво семејство доаѓаат и без разлика на домашното воспитание, треба да ги седнат и да им објаснат. Може најдобро е тоа да биде на ниво на училишта. Сега гледам учат во основно (вештини и сл. предмети) ама тоа се ми е некако премногу теоретски, напамет бубаат. Треба некако да биде попрактично. Ова да не биде за оценка, туку да биде за искуство и информирање. Може да биде како серија работилници или советувања, за најразлични теми: миење раце, тело, потење, вошки и паразити, хигиена на домот, за девојчињата околу хигиената при циклус, што да прават ако веќе имаат некаков здраствен проблем). На некој начин кој ќе ги натера да бидат и тие активни а не да дремат, туку да поставуваат прашања,па да им дадат прилика да пробаат нешто сами (пр. да земат брис од раце миени и немиени, да го стават на подлога и да видат за три дена како напредуваат или да извадат од под нокт и да го видат под микроскоп). Таква лекција нема лесно да ја заборават за разлика од онаа што само ќе ја прочитаат од книга, ако ја прочитаат... Нас девојчињата во средно на пр. еднократно ни направија советување за циклус и улошки. Беа дојдени од фирмата што ги застапува always и иако поделија примероци од својот производ на крајот и си направија реклама, советувањето беше целото насочено кон циклусот, хигиената за време на циклусот и општи информации. И беше од корист, имаше девојчиња што пред тоа не беа информирани точно или доволно за тие работи или не можеле да пробаат до тогаш од најскапите улошки.
Обавезно нека те прегледа некој. И да не најдеш, ако се сомневаш дека си префатила, превентивно еднаш изми се со шампонот. Нема да ти биде ништо, а поефикасен е од оцетот. Обично и кога ќе фати едно дете во домот вошки, другото/ите ги мијат еднаш со шампон, во случај да не преминале и кај нив.
Сега не знам како е ама знам кога бев основно јас до 4то, дежурниот ученик ни беше хигиеничар и ни проверуваше дали ни се чисти и кратки ноктите па дури и дали имаме вошки па ако случајно некој имаше валкани и несредени нокти наставничката не караше па тоа беше страм за сите пари, еднаш и никад више не ми се случило толку да се застрамам. Исто и за циклусот имавме предавања. Ни покажуваа како добро да поставиме влошка, дека треба многу хигиена да одржуваме на интимата па на крај ни дадоа различен тип на влошки. И супер е сето ова ама најмногу од дома треба да те научат да одржуваш хигиена. Ако живееш во кочина, нормално дека така ќе се навикнеш и ќе сметаш дека е во ред тоа.
@GymGirl❤ не знам во какви односи си со другаркава, ама ако неќи да се исчисти, нема да успејш. Со сила не можиш да смениш шампон - опасен е ако оди в очи башка не се користи секој ден. Не можиш да ѝ речиш да се фарба, то само живи вошки тепа. Не можиш со сила да ја стрижиш, нејзина коса е. Едино фенси чешел за вошки да купиш и да ѝ речиш супер ја чела косата. Ако имаш каде да се одселиш најбрзо - то ти е најдобра опција. Впрочем, јас би аргументирала дека не е свесна дека има вошки. Можи имала. Прочитала дека фарбање помага, не дочитала дека гнидите останват живи, па мисли сега дека има прша. Така да начни ја идејата дека има. Кажвај методи за отстранување шо си ги земала за себе оти си параноична, остај ги во тоалет. Вервам дека вака ќе ги искористи, да не се осеќа cornered. Се сомневам дека ќе ги искористи дур си ти дома. Ако и ова не функционира, пресели се при прва прилика зошто ќе фатиш. Ќе се исчистиш, ќе фатиш пак. И не е то живот, така ќе развиеш анксиозна реакција. Ти превентивно искапи се, па кога триеш косата со крпа види дали паѓа нешто. И општо дали има чешање. Ама најдобро е друг да те провери. Од сама идеја од нешто грозно како вошки, сите одма почнува се да не чеша, ради помислата. Па за да изолираш то, некој нека те провери, не мора премногу, со прсти, со чешел некоја минута.
Подобра одлука не можеше да направиш. Сериозно. Не вреди со такви луѓе. Од дома ако не ја научиле да одржува хигиена, ти нема ич да ја научиш.