И јас како мала фатив вошки.Во маалото ке се соберевме повеќе деца,и ке игравме некој игри потоа ке седневме еден до друг и идам дома се чешам вошките ме посетиле И мајка ми ме провери, отиде во аптека и ми купи шампон и така се измив со шампонот поседав 5-10 мин ме чешлаше на бел пешкир и тие паѓаа Спојлер Откако ја прочитав темава сега и мене почна да ме чеша главата
Еее ја и вошките е приказна на цела моја населба. Имено, никој друг не смеел да ми ги чисти вошките освен комшијата... Сум вриштела и пиштела друг ако ме фати... А он пустиот, тинејџер бил, и којзнае како му било... Му се извинував кога пораснав и му кажав дека сфаќам зашто сум јадела ќутек од него!!! Братска љубов, тоа ти е! А денес, не се справувам со нив. Комшијава има девојка и она не му дава да ми ги вади вошките, така си ги оставам и си се чешам. Убаво ми е! Спојлер Се шалам, немам вошки! Скраја да е
3 години да сум на твое место ке умрев од нервен слом инаку лоша тема, се почна да ме чеше Вошки паметам дека фатив во забававиште...и тоа само што тргнав а најлошото беше што мама ке ме исчисти и следниот ден пак ке фатам и се така и веке ни пукна филмот и тато се пожали кај учителката Навистина глупо е некоја мајка да се мачи по цел ден да го чисти детето а друга само Спојлер да си ја лади Фала богу во средно нема вошки и многу години не сум фатила пу,пу да си го гризнам јазикот
Вошки ! Да не ја прочитав темата ќе си мислев дека повеќе ги нема! Јас најозбилно веував дека повеќе не се во мода, дека исчезнале и дека денешните деца за среќа се ослободени од таа мака! Ама ете, грешка ум била, вошките сеуште биле присутни и актуелни! Јас често си фаќав вошки, и паметам еден ситен чешел ,,ниска,, мислам се викаше, у главата цела бев решки од него! И редновно ме ошишуваа со модерна машка фризура а јас редовно си плачев и жалев по убавата ми долга коса ! Башка кога ќе се појавев со ново фризурче сите веќе знаеа дека сум имала вошки! Ахххх маки беа тоа!
3 години вошки? Јас бричот ќе го опнев и се чудам како до сега не си превземала ништо... Јас фатив вошки во забавиште, а од мене автоматски и сестра ми. Мајка ми кутрата незнаеше по која попрво да дотрча. Отидовме на одмор со баба ми и дедо ми и нормално баба ми не гледа, па кога се вративме мајка ми имаше што да види. Катастрофа . Со шампони, чешли се исчистија за брзо време.
Страшно! Се чешам и пишувам... брррр. Еве што најдов на нет, поттикната од темава електричен чешел за вошки, кој наводно ефикасно ги отстранува без употреба на хемикалии. Спојлер naziv proizvoda: Električni češalj za vaške LCS proizvođač: Medisana Radi tako što stvara električni napon između zubaca na češlju i na dodir ubija vaške i njihova jaja. Električni napon je toliko mali da ga korisnik ne oseća, tako da je potpuno bezbedan za upotrebu Цената му е околу 1800 ден. ама не знам за кај нас, ова најдов на српски сајт.
Како мали фативме сите вошки до едно од одделение. Се сеќавам секоја вечер мајка ми беше - ајде сега да ја прочешламе косичката, небаре некакво вечерно хоби и беше, а јас ги мразев од дното. Наутро си одиш чиста, попладне се враќаш вошливо детенце од школо. Што се не пробавме во тоа време, прво шампонот, после не знам од кај им дојде таа брилијантна идеја, ама луѓе пипс значи за бубачки ни прскаа во косите и ни ги мотаа во ќеси, свашта. Со овие две вошките ќе ги убиете и остраните, ама гнидите ќе си стојат нечепнати и пак ќе се направат вошки. Среќа излезе тој металниот чешел со двојни запци во дреч зелена футрола, сега ваљда е усовршен, мислам дека е околу 400-500 ден по аптеките. Значи двоен напад - шампонот нека отстои, па убаво целата глава да се помине со чешелот, висејќи надолу нели над кадата и готово. Аааа и да не се оди во друштво на вошкарчиња.
Еднаш фатив, во градинка мислам одев... Ама мама ме исчисти со шампон некојси. Брзо се исчистија, а и другите родители беа опоменати за нивните деца па така се средивме...
Е,добро де што е толку смешно вошки што имала,и самите велите дека и вие сте имале.Само да се ремете. Можеби неа дома ја чистат,ама џабе кога оние со кои се дружи се полни со вошки. И јас како мала имав, сестра ми и братучедите исто.Џабе што нас не’ чистеа родителите и баба кога во градинка имаше деца со рој вошки во главата. На нас туку така ни ги однема, а стававме се’ и сешто,шампон,пипс и со чешел, ама џабе беше.
Се сеќавам и јас како мала сум имала.Мислам кој немал..доволно е едно дете да фати вошки ќе се пренесат на целото друштво.Инаку имам пробано триста шампона ама ништо не ми помогна освен тој чешелот со тесни запци баш каков што го опиша Трендафилка.Чешлање по неколку пати на ден и ке ги снема целосно.
Чешелот со тесни запци му е мајката.Се секавам и јас фатив во забавиште или помала незнам точно,и еден комшија ме ишиша нокшир, ептен длга и плава косичка си имав лепотица,ама пусти деца од малава,наполнети фул и мајките не се замраа да чистат,а тие бубачките како бумбари беа..јас кутра плачев,се дрецкав од земја косицата ми отиде ..
Не е ни малце за потсмев што имала вошки, големо чудо, ама вошки 3 години имаш право не е смешно туку ТРАГИЧНО. Прво, девојкава сигурно нема 7-8 години, ако во нејзиното друштво имаат вошки тогаш прво и основно е да им каже. Јас на пример ако фатам вошки ќе кажам на тие со кои сум поблиска и со кои редовно се гледам, може нема да фатат ама боље да се проверат па ако имаат да се чистат. Нема тука срам и криење! 3 години живее со бубачки во глава, не не и не, НЕ Е НОРМАЛНО. Од друга страна се сетив на нет еднаш читав, некоја жена во Америка со месеци и месеци ја чешало нешто како вошки, кога се проверувала ништо немало, одела на кожни лекари пак немало, и на крај и откриле дека има болви, само некои мутирани што опстојуваат во човечка коса. И никако не можеле да ја исчистат, дали на крај успеале не знам. Така да може и се десило тоа и на девојкава, иако звучи нереално болви кај човек ама очигледно снаодливи се проклетите!
Последен пат фатив вошки пред 5 години. Ми беше срам да кажам дома бидејки не бев баш мала, и зедов шампон и чешел и сама се исчистив. Се чешлав над кадата и тие пагаа. Така правев секој ден и еден ден престанаа да пагаат Дури тогаш и реков на мајка ми да ме провери и таа не најде ништо. Кога отидов и на фризер и реков на фризерката да ме провери бидејки многу ме чеша главата и ако имам вошки повеке да ме шиша. И таа бараше бараше но ништо не најде. Од тогаш не сум фатила пак, но ако не дај боже тоа се случи, му го знам лекот.
Темава ме потсети на времето кога одев во забавиште... Два пати фатив вошки, се чешав како луда цел ден и мајка ми ме примети. Ме провери-и што да види. Кои маки сум го видела додека ме исчисти, дење, ноќе чешлање со тој специјалниот чешел, какви ли не шампони испробав... Па кога ми ја скратија долгата коса, се утепав од плачење. Ама најважно е тоа што ги исчистив, само што во градинка имаше неколку деца кои постојано ги пренесуваа на другите.
Не сакам да се сетам на периодот во забавиште кога буквално еден период ќе полудев од вошкиштава. Бев буквално како магнет за нив,не знам што имало во мојата коса за нив толку привлечно,али тој период знам дека од што ме лазеа по глава станав и нервозно 6 годишно детенце.Абе една да беше,кај мене ќе летнеше Секој ден иста рутина...Стапнување дома,кој има тој ме седнува,дури и татко ми јаден кој и не знаеше како изгледаат,мајка ми му заповедала еден ден да ме чисти,а јас искусна вошкарка он ми вади од глава,ми покажува,а јас потврдувам дека тоа е тоа,го грабам и го уништувам натрапникот Со сите плачки мајка ми ме однесе да ми ја ишишаат косата-од долга коса до половина,добив косичка до под уши Бубил,отцет на глава(на тетка ми рецепт),за на крај Ниска чешелот целосно да ми ги скрати маките и пак да бидам едно нормално дете кое не се драпа во глава на секои две секунди и буквално не е масакрирано од целосната родБина,за тоа кој попрво да го докачи и да му ја стиска главата минимум 2-3 часа во скут... А после....ееее после,специјализирав по вошкарство и братучетките ги чистев Епа не!
Нема шанси 3 години да не ги исчистиш. Тогаш значи не се трудиш доволно. Рачно не се вадат сите, ќе останат неколку ќе се намножат, ете ти ја бељата. Сега барем постојат разни чешли и шампони за истребување, а и ретко кој има вошки па немаш од кој да се полниш ако случајно ги исчистиш. Можеби е срамота, но јас последен пат закачив во 4та средно, во гужва во воз. Чувствував како ме чеша, но си викав не е можно - нема од каде. Еден ден нашколо се почешав и луѓе ми влезе во нокт. Оттука се стаписав, одма мисли ми поминаа во главава што ако некој ме видел? Станав и си отидов од срам да не ме примети некој случајно, готово отиде етикетата вошла ако видат. Веднаш купив шампон од аптека околу 90 денари беше заедно со едно пластично чешле со ситни запци одеше. Се измив неколку пати и цел ден ја чешлав косата, веднаш испаднаа сите. Наредниот ден пак се измив, се исчешлав немаше ништо. Значи, ти не се трудиш да ги истребиш, или како што кажаа имаш некој извор од каде што се полниш, можеби некоја другарка има па таа те полни. Земи загледувај по косите, веднаш ќе приметиш ако има некој. Мене ми е во навика останато да загледувам и многу пати така имам приметено дека некоја има па навреме ќе се дистанцирам. И не е срамота да фатиш вошки - срамота е да си ги чуваш и да не ги требиш!
Само не знам како можеш да издржиш 3 години да се чешаш само тоа не ми е јасно, знам не е за потсмев тоа е болно сигурно си полна со рани во главата, бидејќи тие не те зачешуваат тие ЧЕШАТ и шетаат низ твојата глава. Исто така може да ставиш газа на главата да ја заврзиш цел ден со некоја крпа и тие ќе измурат, а и гнидите. Исто така како што ти предложија другите членки на форумов купи си чешел мислам дека после секој препарат што ќе го ставиш после тоа со чешелот сите ќе излезат.
Леле сите 4 страни ги прочитав и сега и мене главава ме чеша Исто и јас како мала имав . Во лето обавезно морав да фатам . На мајка ми и се темнеше кога ќе видеше дека се чешам . Висевме над лавабо по саат и нешто . Исто како Офи со чешлето со тенки запци . Мајка ми па никогаш не фаќаше , дали дека имаше фарбана коса .. И цело време ми викаше : Шта мораш са свима да се љубиш и грлиш ? И од тогаш се одвикнав да се бацувам . И вас мајка ми со тој тон да ви го збореше тоа немаше да се бацувавте и гушкавте А за тоа 3 години .. па има дупло вошки од влакната на главата . Јас би се ишишала кец да е вистина 3 години да не може да ги исчисти. Сега немам веќе 5 години и повеќе . Инаку на никој не сум му признала ама мајка ми на секои 2-3 ме проверува . Што сигурно-сигурно
немам проблеми со вошки , но во секој случај помага шампон против вошки, после едно-две миења проблемот е решен