Мислам дека секој треба дома да има чешел за вошки, а при потреба да се купува и шампон, ама чешел е неопходно.. Ние имаме еден чешел дома од оние старите купен уште во време на Југославија, цел железен, уште имам трауми од последниот пат кога фатив вошки во средно, тоа не да скубе, солзи да ти течат, ама темелно чисти..
Имам една другарка која стално ми вика дека после секое бањање наоѓа/стекнува вошки .Можно ли е тоа??
Па нека си купи шампон и нека се среди. Очигледно постојано ги има и не и се исчистени. Ме испопотресе да ти кажам, зар уште вакви луѓе постојат. Кај ја отворив темата.
Џабе. Користи тој шампон против вошки и се е во ред. Ама после следното бањање, повторно добива. (иако досега сменила 3-4 шампони).. btw. зар гнидите стануваат вошки??
Секако дека да. Освен шампон нека си купи и чешел за вошки и напоредно нека ги користи. Нека сменува почесто постелнина, нека ги чисти редовно чешлите за коса, капи, шалеви што и да носи и ќе ги среди.
Jas voski posleden pat sum imala pred edno 15 god koga bev dete. E sega malata od gradinka se napolni i mene mi prenese. Daj kazete nekoj sampon efikasen so da pravam.. nejze i kupiv edni frezyderm a neso za vozrasni?
Истиот шампон за деца и за возрасни, ама најбитно е редовно чешлање. Ако најдете земете и стегач против вошки ги има по аптеки. Последно кога барав не најдов додуша. Ама ќе ја заштитиш така малата да не префаќа пак во градинка
Има спреј за заштита од вошки. Ние го имавме порано кога одеше ќерка ми во градинка. Од Еурофарм го земавме. Се прска кај вратот, многу гадно мириса, ама ефективен е. Ќерка ми не ни донела вошки до сега
Ај види дали е на база на чајово дрво (tea tree oil). Мене само такво масло ми продаваат, се мислам да го разредам и да прскам.
Нема да згрешиш.. јас така си помогнав , и држев 4 -5 саати, ама повтори нареден ден за секој случај или крај краева, во продавниците за бои и лакови се продава петролеј , со него обиди се
Газје за ламба се нанесува на косата, се покрива со најлон и пешкир, да отстои така три часа, ќе ги умртви и потоа со чешел " Nissca" специјален е, во аптеките го има. Или со алкохол (вотка, ракија) компреси со памук ефектот е ист. Не е срамота ако ги "фати" од некого. Срамота е да ги има и да не превземе ништо плус да крие. И мене ми беше несфатливо, но некои луѓе се склони на вошки-од крвната група зависело така нешто.
За гниди мислам дека нема баш некоја помош освен рачно да ги вадиш со рака, знам дека е досадно и бавно, ама за разлика од вошките кои умираат со специјални шампони или пак паѓаат со специјален чешел, гнидите се поотпорни и подосадни Со среќа.
Подосадни и поглупи од овие инсекти амин, ма гниди биле, ма пораснале во вошки Ама во целата досада и глупост има едно задоволие од нив кога ќе ги фатиш и искрцкаш помеѓу нокти. Потпукнувањето мелодија век и векова, цркнете вошкишта
Вчера кај ќерка ми во косичката приметив гниди,4 пати веќе со саати ја проверувам и најдов повеќе гниди да речам околу 20,а вошка не можам да најдам ниту една,сега пак ја проверував видов 2 гниди,а вошки нема?Јас сум подзаборавила од кога бев мала ама ми е чудно ако има гниди мора да има и вошки? Мм ме провери одма и мене немам ни јас ништо..Да купам ли шампон ?вака не се ни чеша ни ништо и до сега никогаш немала вошки