Да, чешелот се вика Ниска. Во скоро секоја аптека го има . Или ќе побарате стегач или ластичиња за вошки .
Бубакил на времето беше најефикасен против вошки. Не верувам сега дека го има , Педацед на Алкалоид е замена ама колку е ефикасен не знам.
Здраво Кај малата во градинка се појавиле вошки. Она има долга, густа и виткана коса Дали имате искуство со стегачите за заштита дали помагаат или џабе фрлени пари?
Кога ги фати ќерка ми - исто густа коса - одма третман со шампонот, чешелот и и ја испеглав косата со пегла. како пукаа од пеглата да знаеш.... Сега секое сабајле пред одење во градинка и ја средувам косата и ја прскам со раствор од вода и масло од чајно дрво (го земам од Зегин на ЕСИ). Да чукам во дрво веќе две години сме вошки -free...
Уште нема фатено и стискам палци да не фати. Како го правиш растворот? Кој сооднос вода:масло. Го имам дома одма да го направам
И јас имам фатено од дете во градинка,чаре пократка коса одма шишај коса и чешал имам оргинал на ДОКТОРС,го продавам.Сушење на косата на најако со 220 вати фен.Многу упорност треба за ова,и ептен досадна работа.Спречи со време да не се смејат децата и да не избегнуваат.
здраво, незнам колку е активна темава ама ќе пишам, ќерка ми 7год фати вошки вчера извадивме 10 ја миев со шампон после првото миење ги извадивме, вака гледам моментално нема се приметува зашто има ретка коса, ама што понатака со тие проклети гниди купив електричен чешел слабо ги фаќа, со рака ги вадам ама неможам да постигнам друго решение нешто да се стави да умртват па да ги треба дали има, ве молам мајки со искуство за помош, се плашам да не ја нападнат многу па да ја одбегнуваат децата
Газја за ламба. Ако немате ќе ви дадам. Се нанесува , се витка со најлон, се остава така саат време , ако може и подолго , ќе и ги уништи . А и косата ќе и ја згусне.
Немој со ова ,не за друго ужасно смрди,деца ќе го одбегнуваат девојчето,постојат шампони и чешал за вошки имам специјален,имам такви дома,со нешто што гори на глава НЕ.
Купи масло од чајно дрво и измачкај го скалпот ,нека стои после мијај ..прави така еднаш во неделата и ништо нема да има. Земи од Зегин во жолто паковање е на ESI фирма ..јако мириса ама е многу ефикасно и за многу други работи..
Само смирено, вошки е дел од сечие детство. Шампон ќе земиш од аптека да ги "зашемети" или умртви живите вошки и ќе паднат голем дел и тие шо ќе останат со чешлето ќе тргниш. И после, исто од аптека, ќе земиш ситно чешле. Со него од корен, прамен по прамен ќе ѝ чешлаш косата. Треба да извајш уствари снесените јајца. Ако се бориш само со живите вошки и да ги вадиш нив - никогаш нема да ги истребиш. Мора да ги извајш и јајцата. Не се плаши. Вервај нема дете шо нема фатено вошки. Само е важно ко ќе знајш дека ги има од корен да ги уништиш зошто и едно јајце да остани пак ќе се намножат. Едно дете во класот ако не ги истреби - пак сите ќе фатат. Така да шампон + чешле (најважното!). Ко ќе е чиста памтам дека имаше и едни стегачи демек помагале да не се закачи вошка ако има некој во близина. Не знам колку се ефективни ама памтам дека постојат.
Да, да , затоа нашите баби, мајки имале густи коси ко никој. Штом се измие косата со шампон нема ни м од мирис. . Направете ја маската со свинска маст , газја и др , не оо втората , уште по првата примена ќе видите промена на косата во сјај, густина , квалитет. Само и сугерирав, не и наредив.
Газја и газина исто е? Ако да, тогаш знам дека помага, ама може да и ја изгори косата. А и мазот после незнам како ќе го измијат. Најдобро со специјален шампон и чешел па после ако останало нешто со раце. Секое дете барем еднаш мора да фати вошки, доволно е едно дете во клас да има и сите имаат.
Бабини глупости. Може помагало, но не сме у 5 век. При толку специјални чешли и шампони, ние да се решаваме на нешо екстремно.