Се што е ретро е дупло по ефикасно. Баш овој век со напредна технологија скапи шампони преполни сл sls и силикони, млади а без коса. На времето до свински сапун се миеле имале бујни коси. И со пастите за заби е исто (со флуорот) прочитајте што и прави на пинеалната жлезда , па живејте си вие и во XXV век. Само и предложив , не и наредив, наметнав или слично. Газја за ламба или петролеј. Маста само на коренот од косата се нанесува. И колку повеќе стои , толку подобро - го храни коренот на косата. Безбеден е, луѓе за лек го пијат. (Петролејот од Албанија)
Ниеден лекар, дерматолог, ниту здравствена организација не ја препорачува газјата за третман на вошки. Газјата навистина некогаш се користела за вошки, но денес се смета за опасна и штетна. Таа е дериват на нафта и содржи токсични хемикалии што може да се впијат преку кожата и да предизвикаат иритација, изгореници, па дури и оштетување на нервниот систем. Освен тоа, е високо запалива — што значи дека може буквално да запали коса ако се приближиш до фен или пламен. Да, точно е дека порано се користеле свински сапуни и газја, ама тоа било затоа што немало побезбедни опции. Денес науката точно знае што прават тие материи – газјата може да предизвика изгореници и труење, а свинскиот сапун го суши и оштетува скалпот. Затоа и постојат дерматолошки тестирани производи што го прават истото, само без ризици. За флуорот – тој во пастите е во минимални количини и има за цел да ги зајакне забите и да спречи кариес. Количината е толку мала што нема ефект врз пинеалната жлезда; тоа е мит што е повеќепати научно побиен. Не е до ’живеење во XXV век‘, туку до тоа да користиме знаење и факти за да си го чуваме здравјето. Не се секирај, секое дете покасно или порано фатило вошки. Битно е секој ден да ја чешлате, внимавајте да не се развијат повеќе. И чајното масло доста е од помош, но внимавајте детското главче е по осетливо. Ако забележите црвенило или ја пече измејте ја веднаш
Па и кремите за лице содржат: жива , вазелин (нафтен дериват) па ги има во продажба и ден денес. И освежувачите за простории и средствата за чистење санитарии се токсични ама нема дом без wc net, Domestos, без омекнувач Lenor. И фарбите за коса се штетни а од најскапите купувате. За флуорот не е мит. Отров за глувци бил.
И зар сметаш дека тоа треба да се стави на детско главче? Ај околу возрасните би разбрала... ама барем како родител внимаваме што ќе ставиме на децата
Ама апсолутно. Од тоа што се толку свилени, повеќе се на детска одколку на училиште . Од тоа што веднаш антибиотик секој втор ден настинати.
Само и предложив , не и наредив, наметнав или слично. Исто и јас и кажав колку е несигурно и штетно ,не и НАРЕДИВ КО ШТО КАЖУВАШ,на времето немале избор па морале нешто.Плус во половина на 20 век почнало струја ,претходно НЕ,и поарно живееле,исто ни интернет немало за бабите наши ,а ти го користиш,треба да се угледаш и на тоа ,не само на ова со газјето и порано за очи ќе биде.
Ете јас живеам во XV век. На себе нанесувам. Не на друг. Ако ми се случи нешто, мене нека ми се случи.
Измеша баби и жаби. Замисли колку е штетен тој вазелин во креми, кој е нафтен дериват (желе од петролеј) до тој оригиналниот петролеј (што е дестилирана нафта) . Тури и доместос на коса де, може ќе има ефект. И ништо од тоа нема врска со свински сапун , тој се прави од најприродна свинска маст, сода и дестилирана вода. Не дека ќе разбереш ама чисто да се објасниме.
За Доместосот на исто мислење сум, пишав во контекст на се шро е друго штетно , го користат без проблем. А свинскиот сапун и петролејот за лекување на рак бил штетен. По ова про го пиша , гледам колку ти си разбрала. Доместосот не пишав за коса , туку за чистење санитарии и белиот за вадење флеки. Има по здрави варијанти: алкохолен оцет , сода бикарбона, јод и сл. Па штетен е за лице вазелинот, ги затнува порите. Има по природни варијанти за креми: Пчелин восок, мед, кравја, свинска маст (за мелеми) и сл. Фарбите за коса со амоњак и фосфати не ви се штетни. К'на е природна замена. И затоа не ми кажувајте. А вие користете си, кој ве спречува.