Па да ги имаш 3 години тоа ти е веќе како да си ги чуваш ко домашни миленичиња, ок сори чесен пионерски збор ќе бидам посериозна понатаму. Си фатив и јас белја со нив си ги вдомив во основно па прашоци, шампони и чешли. Се сеќавам мајка ми купуваше еден словенечки шампон на кој пишуваше против УШИ што на словенечки било вошки како и да е по употреба јас си ги проверував ушите, за секој случај . И сцената на вошки како мрдаат со ноџињата закачени на чешелот ми предизвикуваше контрадикторни чувства ем да плачам, ем да пејам, не баш туку и се згадував и ми се смееше истовремено. И чувството да крцнеш зрела бабачко прејадена вошка со оној кранчи звук ко некој да грицка препечен тост или бајат бисквит е доживување, кој осетил - знае на што мислам .
Теодора па ти ептен го долови сликовито Уште еден начин како да ги истребите ќе кажам... Прскајте се со Пипс или како и да се вика тоа, за против инсекти и главата замотајте ја во кеса. И многу ми е чудно луѓе, ние кога бевме деца многу имаше вошки, како некоја епидемија беше, а сега гледам братучедка ми која е четврто одделение и коса има до половина нема никогаш фатено
прво треба да обрнеш внимание дали правилно ги користиш средствата против вошки.на пример шампоните треба најмалку да стојат на косата 10 мин и не само косата туку со шампонот да се измиеш по цело тело,да се направи пена и така да стоиш. Друго имаш и прашак против вошки,го ставаш во косата ке ја завиткаш убаво со нешто и така се стои 4 сати,па после убаво се чешлаш. без разлика дали користиш шампон или прашак тоа треба да го повторуваш секој 2 дена И друга работа собата каде што спиеш мораш да направиш една генералка убаво се да се исчисти,ќебињата да се исперат,а во перењето можеш освен прашак за перење да ставиш и шампон против вошки обавезно. мора да има позитивен резултат ако правиш така.
Јас на времето кога ги имав, помала никако не можев да ги оттарасам. Арно ама, една жена и кажа на мајка ми да ми стави фарба за коса, ама само 5 минути за нормално да не ми фати бојата. И после тоа ни в од вошка. Испукаја ко пупунци. Иначе со шампони, потешко.
Јас имав вошки во градинка. Колку само ги мразев. Имав прекрасна виткава коса и плачев секогаш кога идев на фризер да ми ја кратат. А знаете што значи прекрасна. Значи јас малечко девојче, си шеткам по белградските улици со мама и тато, а луѓе застануваат да ми ја допрат косата, да проверат да не е случајно перика. Ама после ова шишање здиве, стана хаос. Ми требаше многу долго време и многу фризери за да ја вратам во нормала, маката траеше до пред 5-6 години некаде А тој специјалниот чешел го мразев од дното на душата. Колку само сум плачела од него. Во тоа време четки кршев од што ми беше густа косата, па тоа малото чешелче ми беше како хорор филм, ама беше единствен спас. Татко ми често мрчеше, често одеше во градинката да им кажува на воспитувачките да зборат со родителите, ама џабе, некои родители едноставно немаа срам.
Jас имав во прво и второ одделние,ги префатив од едно друго девојче со кое седнав,па дома имаше ставање на пудра(прашкаста) покривање со некакви капи-оние за туширање па потоа и сестри ми префатија па шампонирање,чекање на ред за крцкање и преглед Oд тогаш не ми се имаат појавено :geek: Eдит....на муабетов почна нешто да ме чеша
Да, така се вика јас уште го имам, мајка ми го купи кога бев прво одделение и многу ни помогна...Како и повеќето што фатиле вошки кога почнале школо, така и јас...и одма со шампон, чешел и нова фризура (со оглед на тоа дека имав коса до половината...со плачење ја ишишав ). Знам дека во нашето одделение имаше неколку девојчиња со овој проблем, ги избегнувавме колку можеме, но сепак во иста училница сте и нема бегање...Фала богу од тогаш немам фатено, но сепак одвреме навреме си се пречешлувам, зошто не сите во автобус го решиле овој проблем...
Јас се немам одамна полнето со вошки. Мајка ми ме чистеше со чешел, шампон, пипс па ми ја увиткувале косата во ќесе или крпа, еднаш кај баба бев на гости кога ме виде јас полна вошки и гниди и оцет ми ставаше . Е исто пред некоја година кога се наполнив, мајка ми отиде да купи шампон, а се врати прашок против бубачки кој се става на растенија, и кажеле многу помагало. И ајде ме уседна божем екперимент ке ми прави со косата ми стави прашок, и ми ја замота косата со ќесе, си седев така некое време и после си ја измив и вошки немаше умреле, требаше само со чешел да се ишчешла да испаднат. Чешелот и ден денес го мразам, бидејки кога се чешлам имам чуство како игли некој да ми боде во главата. За името на прашокот ќе прашам и ќе ви кажам, бидејки стварно помага.
Најреволуционерно откритие кое најефикасно ги отстранува со еден потег- РЕГЕНЕРАТОР. Бев прва година, кога ги зафатив од некоја неисчешлана Ко по обичај си ставав регенератор на косата, ја наведнав надоле, почнав да ја чешлам и ..та даааам-ете ти ги. Сите до една и големи и мали и јајца. И толку. Брза и лесна постапка. Полесно -амин!
Kо мала пооолна бев Mајка ми со газие ме мачкаше, па ќесата на глава, саат време додека не се убијат вошките, тоа чеша пржи, ама шта чеш! а гнидите не умираат од газије, и мајка ми ме требеше на дневна светлина(додека не купивме чешел за вошки), и на еден бел лист ги ставаше, а јас не можев да дочекам да ги пукам со нокти инаку опасни беа вошките гледаш нешто црно мало ти лета околу глава! јас од градинка ги собирав, а и имав една комшика, која верувале или не 5-6 години по ред имаше вошки, мајка и не се замараше да и ги чисти Kатастрофи п.с ме зачеша глаа сега
3 години? Ти сериозна или се зафркаваш ?!?!... Јас паметам една вошка да беше во цело школо брат ми ја носеше дома...Ах кои маки тргавме, ама ете се искоренаја, и така сите чисти среќни и задоволни... Успат налет да се сторит и мене почна да ме чеша... девојко чешел во раце и се е можно
абе комшика ми рекорд држеше, сите бегаа од нејзе да и се опулам во глава, да не и останала уште по некоја, спомени од детството Hего, мајке ми требењето е најтешка работа, мајка ми кога сакав да станам ми викаше ајде уште 10 гниди и 2 вошки и готово за денес
Како и кај другите така и не мене вошките ми биле гости,и знам како можамд а се спаравам со нив.Значи пред да се избањаш навлажни си ја косата и земи СОДА БИКАРБОНА и истриј ја целата глава со сода како со шампон,и потоа без да ја оплакнеш стави ја во пешкир да те поседи 15-20 мин.Потоа оплакнио си ја главата и измиј ја со шампонов Бубил( а можеш и некој друг).На крај само ишчешлај се со чешелот за вошки и што падне падне,а другото требење му е мајка...
Уф имам уплах од овие мали грди створенија Како мала имав коса до половината густа и црна, абе секој божи ден мајка ми ме уседнуваше да ме чисти и пак си имав, алу не беше до мене кога мајка ми мене ме чистеше а јас дете и кој знае со кои се си играв и немаше спас.А точно е дека џабе ако ти ги чистиш ако некој друг има, ти нема спас додека не му кажеш Јас плачев додека ме чистеа абе тоа по 3 саата дека косата ми беше огромна, абе тоа ми беше дневна тортура, ама не давав да ме шишаат во никој случај Среќа после излегоа чешелите и шампоните и9 уште што не па полесно беше.Потоа кога потпорасанав не фаќав веќе пошто почнав да се припазувам, гледав кој има и не му се доближував многу. Ама не е чудно за ова три години.Јас до оваа година имав школска која од како ја знам си имаше вошки И се гледаа јас не знам како не ја приметиле дома да ја исчистат, се дружев со неа и ја сакам ептен бевме и уште сме блиски, ама мислевме пустевме, штуревме и не знаевме како да и кажеме.Абе кога ќе тргнеше да не гушне ни се ежеја сите влакна и мислев готаво сега ми рипаат во глава И така ние бевме осудени да се чешламе во случај да фатиме...среќа не се случи тоа на никоја од другарките и малку ни беше чудно ама веројатно е поради тоа што знаевме и се пазевме да не се доближуваме многу. Среќа подоцна некое време од 4та се исчисти, вајда оти почна да живее со тетка и па таа приметила и ја исчистила не е битно како важно на сите ни падна камен од срце Еј мајката почна од муабетот да ме чеша
Како мали со брат ми секоја зима и секое лето за распустот се полневме со вошки.Тогаш доагаа братучед ми и братучетка ми на гости и ни донесуваа и вошки .Мајка ми си имаше потоа работа со денови не чистеше.Веќе кога пораснавме почнавме да се пазиме и кога доагаа не се многу приближувавме до нив.Се сеќевам дека братучетка ми кога беше 3 или 4 година средно беше полна со вошки и тоа се беа големи и постојано и лазеа врз главата.Уфффф се ежам кога ке се сетам.
3 години се секавам прв пат фатив во забавиште мајками ме миеше со еден шампон бело шишенце вошка имаше на него нацртано или што и да беше и ме чешлаше со ситен чешел на бел чаршав сите деца си играа мене ми ги чистеа тие чудовишта од косата ( никогаш немозам да го заборавам тоа) и фатив уште еднаш 5 или 6 оделение бев и тоа од сокласничка што мајка и не се замараше да ја исчисти имаше смеѓа коса и и се познаваа како лазат кажавме на нашиот оделенски раководител таа и кажа на мајкаи да ја исчисти (колку ли само неодговорни родители има) аии почна да ме чеша главата од самата помисла на нив
Не се чудете луѓе, сешто е можно и неодговорни постојат што не си ги требат си ги чуваат. Познавам една девојка од мала, од кога дознав дека постои девојчево имаше вошки се до минатото лето кога отишла на фризер и побарала да и ја шишаат косата дека вошки имала. Којзнае, може уште има, колку може фризер да помогне? Ќе ја ишиша само. Јас првин незнам како не им е срам на тие луѓе што не си ги чистат, доволно е еден да те види и вошла да те наречат, ќе седнам ден два, ќе им се посветам ама ќе ги истребам бе, срамота е магарица 18 годишна вошки да има и да си ги чува
Пред 3 години фатив вошки .. Се живо пробав се се.. Шампони , гелој , па купив и чешел 900 ден за вошки .. Џабеее... И реков уште ова ке пробам .. Зедов пипс за мрави и бубачки за по дома шо го користиме ... И напрскав.. Другата ден нишо немав ама баш нишо све изумрени беа .... Едниствено тоа ми беше спас... А тоа изумрените ги извадив со чешелот