Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вошки. Како се справувате со нив?

Дискусија во 'Коса' започната од sara.kiss, 31 август 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Има 3 решенија за овој проблем

    1. Да се офарбаш

    2. Да се чешлаш со ниска чешелот со тенки запци

    3. Ако успееш да го најдеш еден бугарски шампон против вошки што е се држи на глава само 10 мин и после си чиста ко солза

    Ова го кажувам од искуство и јас незнам од каде ги закачив ама памтам долго време мака мачев да ги откачам а највеќе ми помогна кога се исфарбав се истребија до една. Иначе и на фарбана коса си идат знам по мајками пустата коа ме требеше и она закачуваше
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Имав како мала хахаха па кој и немал :^) јас се чешлав со чешел специјален за да ги извади вошките и се чешлав се чешлав и се исчистив хахаах :lol:
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Како и многу други деца и јас имав еднаш како мала (мајка ми вели дека сум се дружела многу со ромчиња што живеат во комшиите и цело време сум гушкала мачки и кучки, па најверојатно така сум ги фатила).
    Си ја ишишав косата, ете како се справивме. Тешка ми е за чешлање, па шишањето се виде како најдобро решение.
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Немам закачено вошки од 4-то одделение за среќа. :rofl:
    Како мала почесто фаќав вошки во градинка или во школо, ама знам дека мајка ми ми ставаше некаков прашок на глава поима немам како се викаше и плус ме чешлаше со оној мал железен со ситни запци чешал ако не се лажам се викаше НИСКА или НИШКА (не ми се смејте ако тресам глупости ако грешам) :lol: .
    Во 4-то на крај имав коса до газ е баш толку долга и фатив вошки. :( Мајка ми ме однесе на фризер сечење косата ептен кратко (да не речам скоро машка фризура) и после тоа плачев 1 а може и две недели кога ќе се погледнев во огледало. После тоа со чешелот и проблемот се реши и за среќа од тогаш немам фатено.
    :!: Од темата почна да ме чеша главата, како и секогаш кога ќе ги спомнат тие грозотии :devil:
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Прв пат и последен (фала Му на Бога) фатив во прво одделение и се сеќавам дека ми ставаа некој течен препарат од кој угинаа сите вошки сосе гниди и остало.
    Исто ,после секое капење ме чешлаа со Ниска чешелот ,за превенција и рана детекција на тие мизерни паразити.
    Помогнаа и двата методи.
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас како мала имав вошки повеќе од три години, за жал. Имаше еден период кога ќе ги исчистев, па повторно ќе фатев, па пак ќе се исчистев и едното исто се повторуваше. Мајка ми мака си мачеше со мене. Што се немавме пробано, шампони, чешли, некоја жолта течност која мирисаше грдо, дури ме исфарба, се шишав нон стоп, секогаш имав кратка коса, но џабе тие пак беа тука. Имам ептен густа коса, толку многу ме болеше кога ме чешлаше со чешелот што вриштев од болка. Имаше денови кога ќе седнев сама да си ги вадам од коса, ама џабе тие мислам во секунда се ствараа уште милијарда. Не можам да ви опишам колку многу ме чешаше главата, на почетокот ме болеше од многу чешање, ама после се навикнав и дури не ни осеќав дека се чешам. Никако не можев да ја соберам косата бидејќи позади се познаваа гнидите, често вошките излегуваа на површина па мајка ми мораше да ме надгледува постојано. Тие години беа хорор за мене. Конечно се ослободив од нив некаде 4-5 одделение кога почна мајка ми да ме фенира и така ги изгоре. Пу, пу, фала Богу, од тогаш не сум видела ни в од вошки. И искрено на на најголем душман не му посакувам да фати вошки, бидејќи знам какви маки си мачев со нив. Тогаш можеби беше потешко да се ослободиш од нив, но сега како што напредува технологијава има секакви препарати кои ќе ти помогнат да се ослободиш од нив. Ако ништо друго пресата во рака и исправувај ја косата, така барем ќе ги изгориш.
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Ауу не знам дали имаше поголема вошкарка од мене на времето. Леле каква војна водев со тие вошки дури и ми недостигаат на моменти. Тоа ми беа ми домашни миленичиња секогаш кога ми беше досадно се буричкав низ косата и таман ја најдеш со ноктот ’Пљак’’ и ја снемува. Колку гадни беа вошките страшна работа. Јас се и сешто пробав од чешел ниска, до шампони секакви и пак ништо. После од еден бугарски шампон ме напуштија засекогаш.

    Мислам дека најдобро решение е да има дата на посветена на вошките и сите деца во школите и градинките да се запрашуваат со прашок, оти џабе мајката дома ако го исчисти на школо еден од друг пак фаќаат.


    И не знам зошто сите се свртевте кон девојчево што ја отворило темата со потсмев кога никој се нема отарасено од вошки за еден ден. И не е за смеа. Шампони за вошки ставаат еден куп учителки и негователки што се со деца секој ден, иако имаат по 40 години.
     
    На MarchelineAmaru и Offspring им се допаѓа ова.
  8. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Фарбај се. Пеглај ја косата.Ставај гел,пена.Бегаат од хемикалии.
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Може смешно е ама види стави од тие средствата за попрскување на растенија (знаеш од тие што се прскаат растенијата од бубачки) Раствори во вода,измиј ја цела коса со растворот и после завиткај ја косата со најлон,па со крпа и така чувај го тоа цела ноќ.Следниот ден расчешлувај ја косата со тенок чешел и самите ќе паѓаат. :sweat: Само немој дозата да ја згрешиш,да туриш премногу,па недај Боже без коса да останеш!!! :!:

    Јас така ко помала кога фатив,мајка ми кутра цел ден стоеше над мене и требеше и на крај го најде решението. :D

    Пу,пу скраја да е од вошки. :sweat: :sweat: :sweat:
     
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Уф, имав како мала. И тоа на повеќе пати, едно 3 пати сигурно фатив. Последен пат некаде во 6 или 7 одделение во основно. Една вошка на километар радиус да имаше, мене ќе ме закачеше. А после сестра ми префаќаше одма :D Памтам мајка ми не миеше со тој шампонот за вошки, со чешелот не чешлаше. И ни ги вадеше гнидите од коса. Брррр, се ме чеша сега кога ќе се сетам! Долго време избегнував да се приближам до некого, и ги приметував вошките кај другите уште од одма. И после одма кревав паника дома да ме проверат :D
    Кај мене повеќе се задржуваа отколку кај сестра ми, потешко се чистеа. Ме зафркаваа дома дека сум имала слатка крв па убаво им било :geek:
     
  11. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Ауу вриев од вошки како помала...
    Ги исчистив со еден бугарски лосион не знам точно како се вика, ама мириса мн јако, како хидроген. Побарај го на пазар, сигурно го има!
     
  12. sara.kiss

    sara.kiss Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам за помошта..инаку сакам да ви кажам дека не јас туку таа е една моја другарка..ЗА НЕА БЕШЕ ОВА НАПИШАНО....инаку да се случува секој да фати вошки..па и не е нешто страшно, но многу е непожелно да ги имаш во 21 век..при толку сретства....:) <3 навистина сакам да кажам дека сте СРЦИЊА.
    Ова на другарка ми многу би и помогнало.
     
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Како мала имав вошки, најверојатно од сестра ми ги фатив.Прво имаше она, па по некоја ден и јас. Ми ги исчистија со еден чешел со многу збиени забци. Со него ме чешлаа на секое бањање, значи на секој втор или трет ден. И од тогаш да чукнам во дрво ми ги нема. :)
     
  14. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Kога бев помала имав фатено 2-3 пати но сега скраја да е немам фатено еве веќе 9-10 години.Ми ги чистеја знам со шампон за фошки, со чешел еден и со газам мислам дека беше ми ја мачка ја косата и вошките умираа.
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ауФ коа ја видов темата одам нешто мислам ми помина низ коса :talk:
    сеуште морници ме лазат од самата помисла
    значи како мала вриев од вошки !
    знам дека со пипс,со едно бело како пудра во прав и еден метален чешел,која смрт ми беше :x
    а најмногу плачев коа ќе ми кажаше мајка ми АКО НЕ ДАВАШ ДА ТЕ ИСЧИСТАМ ЌЕ ТЕ ИСТРИЖАМ ЛУСТЕР :emo:
    како и да е,не е срамота да се има,срамота е да не се исчистат :)
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Некако не ми е фер тоа "лустер фризура"!
    Едноставно не е решение, никој не ги повикал инсектите намерно па да трпи таква (трауматична) казна.Како малечка постојано, ама баш нон стоп фаќав вошки.Имав долга коса која многу ја сакав и имам мајка која уште повеќе ја сакам што не ми ја истрижа.Има начини,гелови, спрејови,шампони,чешли..фризер ми е последна опција.Никогаш нема да заборавам кога на другарка ми и ја истрижаа косата, ама баш нула :| Другите деца ја исмеваа, многу влијаеше на самодовербата на девојчето.Жално беше.
     
    На LittlePinky и machorka им се допаѓа ова.
  17. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    :o 3 години ги носиш тие одвратни суштества во твојата коса?! добро бе девојчи како што кажаа сите има шампони чешли и триста чуди за да ги уништиш тие гадотии.
    Имав ја едно време коа идев во забавиште мала бев и не можев да ги поднесам 3 дена не 3 години и се мачив со нив некоја недела се миев со тоа шампонот шо се непраев и умреа сите ]:)
    ауу гадно шо ми требаше да читам сеа цела се драпам како мајмунчее :lol:
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Да не судиме пред време никогаш не се знае.Па што јас ги имав до некаде 4 одделение..од забавиште.Нон стоп се чистев но , проштевајте немам намера да навредам ни е една нација, учев со многу роми.Постојано имаа вошки и повеќето од нив неможеа да си дозволат лукуз - чешел од 400-500 денари.Понекогаш на родителите воопшто и не им беше грижа.Доволно е во еден клас да има само едно дете на кое постојано ќе му лазат тие гнаси по главата и ете ти епидемија.Мојата комшивка неможе да им го најде крајот, среќа што децата и се машки па не се бунат што постојано ги носи на стрижење.Ќе ги истрижи и среди по недела дена одново истата приказна.
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Имав во градинка, шампон и тој чешелот со запци посебни. :)
     
  20. CrAzYShAkA

    CrAzYShAkA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    65
    такви чешлиња со ситни запцо ги има во џамбо мн се евтини 20 - 30 денари и нека си купи шампон во аптека мислам дека се викаше бубил а и не е многу скап околу 100 денари е поззз се надевам дека ке се исчисти конечнооо