Чешелот помага од мала кога сум имала стварно испаѓаат со две-три чешлања али убаво треба да се исчешла
ЛЕЛе колку маки видов со нив кога бев мала, неможев! Неможев да осеќам како нешто лази по мене ќе побудалев Се чешлав 100 пати на ден,секогаш над бела постела, и мама цел ден ме требеше Мене многу ми помогна тој шампонот Бубил, после 1 недела мах, сите изумреа
Страшна битка имав јас. Таман ќе се исчитам и АБЕ ЕДНА ЕДИНСТВЕНА ВОШКА ДА Е НА СВЕТОТ кај мене ќе се вгнезди и пак одново цела процедура.Еднаш отидов на одмор и таму сум си фатила вошки,па кога дојдов дома доволно беше со прстите да се допрам за да паѓаат мислев нема никогаш да се исчистам,луѓе 10 вошки од еден прамен ми паѓаа.Сега веќе 3 години сум чиста (да чукнам во дрво) ама редовно си се чешлам зашто не планирам пак да водам битка со нив.
Јас и сестра ми пораснавме на улица, 24/7 контакт со 20тина други девојчиња и чат пат вриевме вошки ,ама вриевме Има еден спреј во аптека да се праша ќе знаат сигурно(не ми текнува на името).Мириса одвратно,се прска насекаде и на кожата на главата и на косата .Се завиткува со шамија или крпа косата. И моментот кога почнува да делува спрејчето е Вовчињата се чуствуваат загрозени и ги фаќа паника,збудалуваат ,касаат ,трчаат,лазат брзо . Ненорамлно многу чеша .Ти доаѓа да ја извадиш крпата од глава и да се испочешаш како никогаш дотогаш (не го оставајте вашето дете само,за да не подпадне пред искушението ) А дека помага стварно средството ,помага
АУУУУ од самиот наслов ми дојде некое чувство, почна да ме чеша главата... се потсетив на деновите, на дружбата со моите “верни пријателчиња“ од детството )) Имаше различни начини како мајка ми ми ги чистеше, со чешал (оној што е погоре постиран), со шампон, со требење, со оцет(плакнење).. и фала Богу одамна не ме посетиле
хехех вошки....симбол на детството ! само шампон против вошки ( по можност еден бугарски), чешел, третманот со газија и оцет....и за 2-3 дена си чиста но понекое време повторете го тоа оти можи некоја да има останато и пак да си земите бељата .....а најубо е ЛУСТЕР да се истрижите и крај ХАХАХХАХ
хахаха каква тема Памтам сум се укочувла седејки додека мајка ми ме проверува и ме чисти. Последен пат фатив прва средно и земав се офарбав. Фарбата ги уби сите и до ден денес сум раат, фала богу
3 години? Како мала имав многу густа и долга коса, фатив вошки од школо , во 1-во оделение. Купив шампон и чешел Ниска се вика, и за 3 дена се исчистив, а предходно со гази со незнам што не пробувавме, не се секавам сега. Тој шампонот и Ниската многу ми помогнаа Купи си , не се скапи, а ефикасни се. Од тогаш никогаш повеќе не сум имала вошки.
Лелее и јас кога бев 7-8 години имав голем проблем со вошките само што јас не го сфаќав како проблем, нив ги разбирав како мали суштевства што живеат во мојата глава и мене исто така ми беа повеќе години присутни а кога имав, ја ставав главата на бел чаршав и мајка ми на светло ми ги вадеше, исто така и тетка ми и брачеда ми, а мене многу ми беше убаво така кога ме чешекаја по главата мајка ми и тетка ми инаку има еден чешел специјален, погоре некои феминки ставиле слики, а исто има и шампони специјални и такви др. работи, иако јас мислам не користев многу такви шампони.. сега кога и да се испотам, ме чеша галвата и секогаш се плашам да не се вошки
Ке пробате со неколку начини 1) Исчешлај се со тој чешелот за вошки, со збиени запци. Може да се најде во аптеките. Ке седнеш на голем бел чаршав и ке се чешлаш. Како паѓаат така ти убиј ги 2) Прашок за вошки, и тоа ќе се најде во аптека, ќе ставеш низ цела глава и ќе почекаш одредено време (пишува во упатството) 3) Прво измиј си ја косата со твојот вообичаен шампон, а потоа со шампонот за вошки исто може да се најде во аптека а потоа пак со твојот шампон *Ако и тоа не помогне скрати косата или најлошото ГАЗИ
Хахах се изнасемав со темата До 8-мо одделение јас вриев од вошки и се испробав.Чешел,жампон шо ти не Тие пустите не сакаат ,та не скаат да си одат,таман се исчистиле,ете други дошле,ептен ме сакаа морам да признаам Јас водев битка со нив се додека не ме измија со газија мајка ми и вујна ми која што морам да признаам мириса многу ''убаво'' По миењето два,три пати со газијата пријателчињата ме напуштија и фала му на бога не ме имат посетено од тогаш
Ха ха ха тоа што смрдело било газија ,така викаат дека помагало .Ама дај човече па тоа ке мириса неколку дена кога ке ја прими миризбата кожата.Без чешелот Ниска ништо не правите.Мене лани двете керки ми фатија вошки.Дома беше хорор цела недела.Ги откорнав од чешлање .Ама ги исчистив.После редовна контрола пак ми носеја дома по некоја .Ама кога редовно ке се чешлаш нема да им дозволиш да си направат колонија на твојата глава.И пронајди го изворот и кажи му да не биде толку дарежлив.
Леле коа ќе се сетам, вошки бе, а ја плавуша со многу коса. Тетка ми ме зафркаваше дека со братучетка ми сме биле најголем магнет за вошки, вика у Германија да имаше една вошка кај вас идеше Ма што не купуваше мајка ми сирота, ко малечка па ми вика попладне ќе те исчистам, тогаш сум имала тенка косичка па и плава, другото пладне пак ги имаш. И ми текнува луѓе последен пат фатив у средно, прва година, од едни братучетки, е тогаш беше вистинска мака ми се чини, ама се средив, со фарбање, со оцети, со лосиони, со шампони, со што ти не. Инаку коа бевме мали и коа ќе не исчистеа знам се од дома переа што беше така повлакнесто, играчки плишани, перници, јамболии, уште што не кречеа Страшна напаст се, морам да признаам.
Имав еднаш. Моите триста чуда пробале за да ги извадат, ама само газија помогнала. Еднаш, двапати ми ставиле и чао пријатно. Памтам само дека викав дека ми жежи на главата.
Може ќе згрешам,но мислам дека газија е течност која служи за ламбите кои се палат со помош на газија кога нема струја, порано во минатото постоеле такви ламби кои гореле со помош на газија. (што би се рекло според мене слично нешто на бензин,ама не е бензин ) Спојлер Ако грешам некој нека ме поправи.
1. чешлање со чешел за вошки 2. пробајте со шампон против вошки и ако и тоа не бива ова кажуват 100% сигорно било 3.Kупи фарба за коса и исфарбај се не е битна бојата...од хидругенот изумираат и тоа е тоа се надевам дека на некој ке помогнам со советот