Муабетов скроз на место.Од експерти за вакцини, старата тема, сега сме експерти за политички збиднувања и војни. Јас ништо не знам од политикава што се тера. Само сакам да следам што се случува.
Всушност една од причините за нападов е близината на Москва со Украина. Нема ни 500км. Затоа Путин е против милитаризација на Украина преку НАТО, неговите закани се просто ужаснувачки…
Јас од ова само не можам да сфатам како може некој да е про руски ориентиран. Воопшто не ги сакам американците, ниту нивната политика и демократија, ама пак повеќе сум ЕУ ориентирана, отколку да ја поддржувам Русија. Зошто? Русија е може и најбогата држава во светот, со огромми природни ресурси и која ги користи единствено за да јакне воено. Народот им е сиромашен. Путин си се прогласи за доживотен претседател. И сето ова нема кој очигледно да го разбере.
Напротив, и треба да го осигураат тоа чудо таму. Од кај да знаат дека нема да се изврши некоја саботажа, (посебно ако саботерот си живее преку Атлантикот) да се попари после цел континент, и секако прстот да се впери во Русија. Вака, ако го контролира само една страна, таа носи и целосна одговорност.
Добро ај пошто женски форумов е да дискутираме само за рецепти, деца и свекрви. Пошто ништо друго не знаат жениве па и за политка ќе зборуваме. Значи форум е за дискусија за да си кажеме мислења макар и грешни биле.
Уште една победа на злобата, себичноста, моќта , интересите на неколку луѓе кои ја кројат судбината на обичниот човек... Додека хуманоста, добрината, емпатијата е погазена, извалкана од силата на војничката чизма, светот и човештвото е исправено пред нова светска војна...
Мислев да не го чепкаат во смисла да не напаѓаат и таму за да не дојде до катастрофа повторно. Инаку во право си.
Мислиш Русите нема да го чепкаат? Ако го штитат ок е, оти на америте гајле им е, далеку се, ама Европа цела ќе гори.
Зелански треба да се повлече од функцијата претседател. Имаше изјава од Стевчо дека не е крива државата него самиот Зелански што не сакаше да се спогодат со Русија.
Таман работа, не се луди, ене кај им е Русија, зар ќе си ја озрачуваат намерно? А во Украина последниве месеци се напикаа многу странски структури, од кај да знаеме на што се' се спремни и обучени да направат.
Зошто би го чепкале? Повеќе ме плашат Америте и Британците, зошто да, на нив им е баш гајле што ќе се случува на европско тло.
Не знам како успевате и во оваа тема да замешате политика и да терате политички агенди кога обични граѓани гинат. Наместо темава да е за информирање за случувањата, тука си ги мерите дали сте за Америка или Русија. Да си ги пикните и едните и другите политичкиве мислења каде што светло не ве фаќа!
чернобил му е клучно место на русите за да влегват во киев, ем блиску до главнио град, ем се заштитени од бомардирање... можно е украина да се предај во неколку дена
Или Рустите го сакаат Чернобил поради некоја причина. Гајле им е нив за радијацијата. Они цела недела криеа за Чернобил ако ти текнува.
СССР криеше... СССР не е Русија. Исто ко да кажеш Македонија ја нападнала Словенија, наместо Југославија.
И Американците криеа за Unit 2 реакторот кога им се случи хаварија. Дури и сите кои знаеа се што се случи добија тешки закани по живот и животот на нивните семејства. Ама ова секако не е толку познат дел во историјата. Секоја голема земја си ги штити своите интереси и ги заболе за другите народи. Та Америка, та Русија. Иста паричка, само различна страна. Нема тука крив или прав. Не е се црно бело. Се зависи од спектарот и погледот на цела работа. Ама додека секоја земја си ги гледа своите интереси, ние што сме поробени држави немаме право на глас и немаме право да си ги заштитиме своите интереси и своите граѓани.
Наједноставниот одговор, зошто Чернобил, е затоа што Киев е најблиску од Белорусија низ Чернобил. Втора работа, historical landmark. Трета теорија, Чернобил е едно од најголемите места во Европа за складирање на Nuclear waste. Четврта теорија, Украина се закани дека ќе работи на нуклеарен арсенал, во Чернобил има доволно nuclear waste за dirty bombs.
Не ми текнува поради која друга причина би го сакале Чернобил? Како бе така гајле им е за радијацијата? Според тебе што им е во план да прават таму, стварно не разбирам.
Имаат пронајдено нешто, еве погоре нешто спомна Ајромен. Мислам дека не ќе да е за заштита и близината.