Знам дека не е за туфкање темата, ама колку што ми е жал за невините луѓе таму, толку ми е жал и за животинките. Тие од петарди се плашат кутрите, а камоли од ракети и куршуми. Срцето ми се искина кога ги видов луѓето како ги имаат грабнато у рака и бегаат сосе нив. Којзнае и од нив колку ќе угинат. Проклети да сте сите диригенти у ова, не сте дале живот никому за да го одземете. Скапаници одвратни.
Ко што ми се уврте мисла деновиве дека недај боже да не дојде и од тука да треба да бегаме, им проверив до кај им се вакциниве со време зошто нема шанси да ги оставам. Забегана, ама тоа е.
И јас сум дроп за животинките Ама дека спомна, ако дојде Мк значи ќе дојде и кај сите соседи, цела Европа, цел свет. Каде би бегала? Србија можеби? Израел?
Има многу фактори, па и нафта и гас меѓу другото. Зошто би дозволила Русија уште еден извозник на гас во ЕУ т.е. конкуренција од соседна земја? (би требало во фер трговијата, но ретко кој тргува така) Да, но заборавате на Калининградската област и Белорусија која е сојузник на Русија. Имено, во случај на напад од балтичките земји, русите од Каљињинградската област ќе ги нападнат истите од зад грб и нивно лево а Белорусија од нивно десно, така да воопшто не е исто гледано стратешки. Голем дел од европскиот дел на Русија е рамнина. Хипотетички доколку западните земји би се обиделе со копнени сили да ја нападнат Русија, територијата на Украина е најпогодна за тоа. Но доколку Украина е под руско влијание, тогаш во случај на напад од запад таа ќе биде бариера или барем успорувач. Некој ќе рече па имаат денешно време авиони, ракети, какви копненин сили. Но во воените стратегии не се остава ништо на случајноста, секогаш се гледа да се обезбедат од сите мошни страни и да купат време за противнапад. И САД кренаа тешка узбуна 1962 год. кога дознаа дека СССР ѝ подарил на Куба нуклеарни ракети која е само на 144км оддалеченост од нив. За среќа дипломатијата и здравиот разум го спасиа светот од нуклеарна војна. извор: видео
Ако дојде до тоа, цела Европа не ја рачунам за безбедна така што се надевам за подалеку дека би можеле, ама не ме слушајте мене пошто јас во моментов зборам од позиција на анксиозност и веќе не знам што зборам
Абе во светска војна никаде не е безбедно. Во втора светска војна атомски оружја се фрлени од САД без никаква потреба кога капитулацијата на Јапонија била само прашање на време пример. Во суштина војна ќе се искористи и за сите работи што можат да се турнат под нејзин превез, пример експерименти, тестирања оружје и слично. Некако не верувам во безбедно место на планетата во војна, зошто пред се секаде може да те те стигне сиромаштија, глад, болест или слично, дури и да не си изложен на гранатирање. Ако дојде па до гранатирање, прашање е дали можеш да избегаш, а и да можеш нема изборот да е преголем, одиш на првата безбедна локација (пример во соседни земји).
Да, така е нажалост. Малку ќе се безбедните места, ако воопшто ги има, а тие што ќе ги има, тешко достапни. Вака ако помислам, Австралија или Нов Зеланд. Или во некоја Африканска земја можиме и тема да отвориме, накај да фаќаме, да ги изанализираме сите сценарија
Па прашање е и која земја ќе реши да се инволвира, т.е. која ќе види интерес за тоа Не знам искрено, и да најдеме совршена локација, прашање е дали воопшто можеме да заминеме во краток рок. Зошто освен ако не се селиш со документи со време, да го префрлиш животот таму, не можеш неодредено да чекаш да помине војната таму Ама да, Нов Зеланд и Австралија немаат таква историја, ваљда се безбедни м? Може нова тема
Аоо Мрш пизда материна. Ај сеа пошо стаивме санкции одма да нѐ примат.Епа нема, епа мало морген Леле ми се крева притисок жими Господ. Им спотребала ЕУ на Србите. Не дај се
Ноу хард филингс ама мислам во моментов колку понебитна земја толку побезбедна. Е сега Чернобил, јбг, преживеавме една пролет без јагоди и без млеко, еве уште немам рогови, ваљда во ред ќе бидете.
Самиот профил што го објавил видеото во првиот коментар вели дека властите негираат дека имало експлозија.