Јас мислам најхрабрите што сте можете и сега да одите на терен волонтерски не верувам дека ќе ве одбијат
Јас признавам дека сум кукавица, не ми паѓа на памет да сум статистика. Да знам дека имам ризик, и да имам шанса, одма одам. Ни бранење на држава, ни идеали ме занимаат, доста ми го зае*аа животот сите геополитики и политичари досега, бар да се спасам. @Biljarkata пак ли има висок левел радијација? Се дешава нешто или потенцијалната нуклеарка е во прашање?
Со црешовото топче не можиме да се бориме, а за човечка сила да не збораме, пола лекарско ќе извадат. Јас би го дала газот под кирија. Анксиозноста и кај мене збора.
Ја сум мрдната, иам муда да испукам некој, ама државава не вреди, т.е вредат убавините што ги има, вреди и народот, ама ја да гинам за после пак некој лопов да дое и да нѐ краде?? Боље да не снема, или да се споиме со Србите. Да се родев у Прва Втора Светска ќе идев да гинам, тогаш друго било.Сега ова не е држава.Кој стигне нѐ моча мајко мила..смејем се а плаче ми се
Да, баш така, на толку краток рок многу ограничени можности. А за Океанија си мислам безбедна ќе остане и генерално богатите земји, јас мислам баш обратно од Биља, што понебитна земјата, тоа повеќе ќе страда, ама којзнае како ќе е, мозокот ми е сомлен од теории деновиве.
Немам поим дали нешто се дешава, само реминисценција на Чернобил од 80 тите дека во пролет не можевме да јадеме јагоди. И марули. И млеко од крави не. Така ни кажаа на телевизија. Сега ако има нешто може ќе кажат на твитер, може и не.
@Celltica @Mantub Бре, вие две, толкави женишта, суртуци каде ќе бегате? Јас баш вас ве гледам со митролез во прв ред истопорени. Немојте да ме разочарувате ве молам. Иначе, ова важи за сите сега. Немојте во паника да спремате пасоши. Во бегство најлесно се ѓине. ..А, и каде би оделе уствари? Азија, Африка? Јужен Континент?
Ќе ви ја прекинам забавата, ама морам да споделам еден интересен текст од страна на Ит.мк кои направиле едно добро сиже на војната од ИТ перспектива. Ддос хакерски напади врз Украина, враќање на хакерските напади од страна на хакерската група "Анонимус" која ја хакна руската ТВ. За криптовалутите и како Русија ја прескокнува забраната на SWIFT. Дигитална руљба и прилагодување на овие санкции ги спремаат уште од 2020 година. Но, мене еден друг битен сегмент од цел текст ми фати око: "Во 2015 година сајбер-напади врз енергетскиот систем на Украина оставија без електрична енергија над 230 000 луѓе. Цел на напад беа три електрани што без електрична енергија остави голем дел од Украина. По овој напад украинскиот државен производител на електрична енергија, Укренерго најави инвестиција од 20 милини долари во инфраструктура која ќе ја подобри сајбер безбедноста. Системот требаше да биде оперативен од 2020 година." Дали тоа со апгрејт на системот е заштитен енергетскиот сектор на Украина и затоа всушност не се прекинати сите интернет конекции и сеуште има електрично напојување во сите градови, како и сите други електронски системи работат непречено? Друга интересна поента е што преку Ддос нападите на најголемите украински банки е инфилтриран малициозен софтвер. „Софтверот ги злоупотребува легитимните драјвери од софтверот EaseUS Partition Master со цел да ги корумпира податоците. Како последен чекор, софтверот го рестартира компјутерот. Во една од нападнатите организации, софтверот беше уфрлен преку стандардната (политика на домен) GPO што значи дека напаѓачите веројатно ја презеле контролата врз Active Directory серверот.“, велат експертите од ESET." Заклучокот: Иако нападите претходеа на руската офанзива, сепак капацитетот на нападите не е со големина за која се способни руските државни хакери. Барем досега нема познати сајбер напади кон инфраструктурата на Украина, како електрични централи, па и поголеми делови на енергетски системи или водоснабдувањето. Зошто не одат со фул напади за да го исклучат цел енергетски систем, само Русите го знаат одговорот. Намерно се ограничени нападите само врз банкарскиот сектор.