Браво Вака да се донираат пари за болни дечиња? За Венко донираше некој? За сите пред и после него? Во моментов се врти акција за помош на Ане Стојановиќ, ќе даде ли Црвен Крст пари??? Едно евро ќе даде ли За пред светот хуманитарци, за домашните- ќе се снајдат Сѐ поише ја мрзам државава
Едно жениште што сум јас прпа сум четврти ден. За мене каки униформа како за Французите Пасош имам, ама не ми вреди многу, македонски е А за каде викаме нова тема да отвориме, мене @Bezimenka90 едно место ми кажа, ама тајна е, не смеам да кажам
Еу, НАТО и САД нека им помогнат пошо тие ја боцкаат Украина. Греота се луѓето и сето тоа ама ние конкретно допрва ќе ги осетиме последиците од ова случување и никого нема да го боли задното дебело месо за нас пошо ко и сталнл сме задња рупа на свирало. Ај што ќе немаме пари за леб туку многу веројатно и дека и леб ќе немаме да купиме, па да видиме тогаш кој ќе отвори хуманитарни линии за помош. А и прашање е каде ќе завршат парите од донациите, дали на право место или во нечиј џеб…
Премногу ми е криво што реално немаше ни за Украина да ги боли таквото, да не беше од стратешки интерес и медиумите да се фокусирани на информации за неа. Не сум против хуманитарни акции, ако јас се прашувам помошта што Украина ќе ја добие треба да е од ваков тип, а не милитарна. Ама за жал никому уствари не му е гајле за човековиот живот, се работи исклучиво за политика и интереси. Да им беше секој живот важен ова одамна ќе беше завршено на овој или оној начин. Исто и ако тој конфликт не им беше во прилог. Се што се прави во моментов од двете страни само ќе предизвика поголемо страдање и поголемо крвопролевање. Дури нашите очи се свртени кон ова, земји и во Африка и на блискиот исток се повторно и повторно бомбардирани од истите тие кои се залагаат за хуманост и фер плеј. Така што, најдобро да бидеме поштедени од лажни изрази на хуманост од истите тие. Се чудам на темава, ја разбирам солидарноста, ама имам чувство дека некои членови ова го доживуваат како филм што го гледаат од страна каде најбитно им е нивната страна да победи, без притоа да се согледаат последиците или да се размислува на ефектот што моменталната "победа" на нивната избрана страна би ја имала. Важи за двете групи, се поларизираа некои членови доста на темава. Јас ако се прашувам тука не може да има победник, многу луѓе многу ќе изгубат и само со овие четири дена, а не сакам да помислам за понатаму доколку истово продолжи. Не знам, не гледам ни дека некому човечкиот живот му е важен, може сум песимист, ама за ниту еден народ од инволвираните сега или во иднина не гледам дека нешто ќе добијат со оваа војна. Само страдање.
Без навреда и без судење одма, ама нашиов народ нема од што да живее, за други ќе сме помагале... Ама тоа е ова е Македонија, секогаш имаме поголемо сочуство за туѓото, него ли за нашето, затоа вака ни прават
И ние баравме помош летово ако паметиш добро кога се боревме со пожарите низ цела земја. Многу околни земји пристапија со помош иако исто немаат многу. Грција, Романија, Австрија, Словенија. Дури и луѓе доброволци доаѓаа овде да помогнат во гасење пожар. Кога беа поплавите во Скопје пред 5-6 години и неколку Македонци загинаа на обиколницата во Скопје, а села беа тотално поплавени и луѓето им требаше помош, се собираа донации во Србија, БиХ, Хрватска, Бугарија. Сите ни пристапија на помош. Не треба да ги заборавиме тие добри дела. А, и не ги забораваме. И ние пристапивме со помош, дали човечка, дали со пари, дали со храна и материјална во поплавите во Србија, БиХ. Во земјотресот сега во ХР што се случи. Хуманата страна секогаш постои и секогаш постоела без разлика колку е некој богат или сиромав. А од 100 денари никој нема да се осиромаши сигурно. Впрочев ова е можност за сите оние кои се сочувствуваат и сакаат да донираат за луѓето таму и да им помогнат во овој еден воен хаос кој постои и губат се што имаат. Организирано е преку Црвен крст. Не преку некои фондации приватни или не знам какви. И добро е што се има еден оваков официјален канал каде може да помогне секој што сака. А и никој не е присилен да донира. Ако сакаш, донирај. Ако не сакаш одмини го.
Каква е моменталната ситуација? Ве читав се' деновиве, ама денес немам баш време. Ако може некој накратко да ми објасни. Дали се договорија за преговори или уште напаѓаат Русите?
Во ред тоа си е твое мислење, ама ако веќе сте толку хумани ќе ви испратам линк од наши деца, луѓе кои умираат и им е потребна парична помош за лекување, да донирате и таму
Хуманите не се докажуваат пред други, туку веќе донираат каде и колку можат. А и не се работи тука за наши или ваши, сите сме луѓе и тоа се вика солидарност и сочувство. Ако немаш намера да помогнеш, само заобиколи го постот.
А како планираат да им ги достават миговиве? Ќе ги туркаат на рака преку полска граница, навечер кога ќе се стемни? Плус, Русите уште првиот ден ги онеспособија аеродромите во Украина, каде би слетале, и кој ќе им ги слета на украинско тло? Можеби останал некој читав аеродром што е под контрола на Украинците, ама факт е дека било кое сценарио води во моментално спукување меѓу двете страни. Не ми мириса на арно, изгледа избрзав со оптимизмот дека Нато нема да се замеша. Цело време долеваат, долеваат.. Прочитав дека е можно Нато да си прогласи зона на забранети летови над Украина. Тоа значи дека само Нато авиони можат да летаат во тој простор, и секој друг авион што ќе го пресретнат таму ќе го кинат. А знаеме дека таму сега Русите го држат небото и го имаат истиот став за туѓи авиони ако им се појават на радар. И после што? Големо срање во најава.
Има тема за хуманитарни донации на форумов за луѓе кои им треба парична помош. Ако сакаш, сподели ги таму апелите за нив, па кој сака ќе донира. Ова е тема за Украина, и апелите за донација се споделени овде. Пак, кој сака да може да донира, а кој нејќе, да ги прескокне. Стварно беспотребна е аналогијава. Да не шириме беспотребно негативна енергија. Некои мислења е подобро да се задржат за себе.
Не знам и јас како планираат. Можеби тој западниот дел кај Л'вов не е под контрола на Русите и може да се достават во Украина. Не знам искрено. Знам дека сите аеродроми им се уништени. И тоа еден украински Су-27 кој немаше каде да слета, принудно мораше да оди во Романија. Ама до неќни сеуште ги летаа своите Мигови. Имаат исто така Миг-29ки. Нели и се разви мит за "Ghost of Kiyv", украински Миг-29 кој наводно срушил 6 руски воени авиони. Тоа не го потврдија никој, а сега се откри дека е невозможно и е мит. Тоа што успеаа да соборат Украинците беа преку ПВО системите што ги имаат за одбрана. Има интересна статија од пред 2 недели каде што Форбс прави анализа во случај да дојде војна (лол) дека главен проблем на Украина не е недостигот на авиони, туку недостигот на пилоти. А, и секако Русите имаат превласт на небото и сулудо е да летаат авиони. Руските ПВО системи сега не би дозволиле ниту пиле да прелета, камоли авион. Ама не знам зошто до сега не ги користеа С500, С400 и С300. Цела Украина може да ја покријат. Единствено добро е што овие (неколку) авиони се сервисирани и одржувани, а и познати на украинските пилоти, па ќе може да се снајдат добро со нив. Сепак, овие авиони иако добри, се во рангот на Ф-16 кои полека, но сигурно се исфрлаат од употреба. Америка ги пензионираше. Русија исто така Миг-29те скоро па сите ги повлече од употреба. Океј се овака за некои мали земјички од ранг на средна Европа или Балканов, ама со овакви против Русија нема што да бараш. Инаку, исти Миг 29 имаа Србија за време на бомбардирањата во 99-та и после неколку борби каде видоа дека нема шанса и им ги соборуваат како глинени гулаби, ги спуштија од небо и сокрија во хангари. Затоа ова е повеќе популистички, отколку ефективна помош за Украина, но од друга страна исто така опасна затоа што ова е на некој начин изјавување на рат од страна на Нато кон Русија. Мора да се тука скроз внимателни. Инаку не мислам дека ќе се судрат директно нато и руски авиони. Па они не се судрија во Сирија, зошто би овде? Исто така симптоматично е и тоа што чим Зеленски и Путин ќе се сложат да отпочнат преговори, Нато изјавува дека ќе му прати воена помош и Зеленски се повлекува. Така направи првиот пат. Еве и вториов пред договорената средба утре, Нато известува дека ќе испрати уште поголема воена помош. Ај да видиме дали тоа ќе значи пак повлекување од преговорите. Апдејт: Веќе ги подготвиле да летаат. Напнато ќе биде ова...
Австралија од вчера вети помош за Украина. https://www.google.com/amp/s/amp.abc.net.au/article/100865712 За време Светските војни/Виетнамската војна многу војници пратиле Австрлаија и Нов Зеланд
Штотуку го одгледав американскиот документарец во продукција на Оливер Стоун од 2016 година, насловен како Ukraine on Fire / Украина во пламен. Ако го изгледате ќе разберете колку е сложен проблемот со Украина, како и зошто не е пожелно да завземате страни во конфликтот. Како и обично, во меѓународната политика работите никогаш не се црно-бели. Спојлер занимливост, неврзано за темава: Најавната и одјавната музика во документарецот е украинската песна Шчедрик популаризирана во САД со сменет текст и наслов - Carol of the Bells
Нешто не иде на добро работава https://www.reuters.com/world/europ...s-referendum-renounce-non-nuclear-2022-02-27/
И Белорусија и покрај ветувањето дека за време на преговорите нема да лансира проектили, тоа и го прави, иако Зеленски и делегацијата веќе се на Белоруска територија. Исто, Лукашенко најави дека за неколку часа и директно ќе се приклучат на Русија во војната.
И таму донираме. И, која е твојата поента? Од секоја земја праќаат помош, и нас ни праќале, а сега се побунивте зошто отвориле линија.