Руската рубља, и таа ко ракетите, леташе високо... и сега пад од 30% а до вечерва кланица ќе е Народот масовно вади пари во кеш Берзата и таа полека крахира, за десетина дена по дното ќе копа Ќе треба бесплатна храна да делат по улиците... или ќе избие цивилна војна Ќе разбиваат маркети за храна
Не знам за другите, ама јас не сум спремна на тој ризик да се вратиме во камено доба заради некоја Украина. Нека си ја земат и носат до Русија на лажичка ако сакаат. Клучно прашање е дали Бајден, Макрон и другите се спремни на тој предизвик да живеат во пештери.
Нема они да живеат по пештери, сигурно се им е испланирано. И на Малерозна сигурно и е испланирано, друго објаснување нема. Денес све по ред...Путин, Бајден, Зелински, Урсули, Бориси и слични- фак ју
И ја некако не сум оптимист. Уште од самиот старт не го сфатија озбилно и секој по негово си тера. Со сите санкции и праќањево оружје само уште полошо прават и сигурно на се е спремен, нема многу да се мисли што да преземе.
Па тешко дека е возможен договор. Републиките не можат да ги признаат,тоа е дел од нивната земја. Тоа би било ко кај нас Србија со паравојни сепаратисти да направи република пр. Скопје и во нејзин состав еве да влезат Куманово и Тетово (каде има Срби) и да бара од светот признавање,а од нас да ги признаеме. Јасно е дека ЕУ војува со Путин. И Путин војува со Еу и Сад,на територија на Украина. А Еу е измеќар,вазал на Сад. Путин е дојден е пред ѕид,панично заканување со нуклеарки многу зборува. Попанично од тебе Ова ќе трае додека не капитулира или не го решат русите ко Чаушеску. А тоа се случува со секој одминат ден бидејќи видовме времето работи за Украина ,не за Русија. Зошто ако падне Русија,паѓаме сите? Вакви диктатори треба да паднат! Зарем животот во Европа треба да ни зависи од патуљаков лудак што ни се заканува ко дете кога ќе му ја земат топката?
Човекот има 70 години.. мое мислење е дека санкции имал во план но не волку ригорозни каде што го отсекоа од целиот свет. Годините ги спомнав затоа што он (мислам дека) иде на картата немам што да изгубам главата у торба и идеме на се или ништо. За жал тоа нема да заврши славно по нас а он се ми се чини дека во книги ќе биде запишан до Хитлер...
Ајде санкциите и очекувани се. Ама ова со оружјето ги преминува сите граници! Зарем очекуваат да нема агресивен одговор од Русија на ова. Ако ескалира, она што ќе следи за време на војната, а особено по војната (ако имаме среќа да опстанеме во некаква форма) ќе биде полошо и од самата војна. Државите или не се свесни што може да се случи ако не капитулира Украина или скроз им одговара. За обичниов народ па и да не зборам. Мисли си ти @Cosmi и натаму дека се обични и панични закани. Колку што беа оние за Украина. Добро пресметани и искалкулирани. Години подготвувани. Паѓаме сите, пошо ќе го повлече цел свет надолу. Знаеш ли на каков раб стоиме?
Не гледам многу оптимистички на преговорите. Не прочитав дали има некоја новост, ама мислам дека нема да се договорат. Ми делува ко да си играат game of chicken, кој прв ќе попушти. На Русија адутот е нуклеарки, на западот санкциите. Извесно е дека Украина ќе падне, мислам дека целта е тоа што повеќе да ја кошта Русија, затоа одолговлекуваат колку што можат. Путин рече дека сака да си ги врати старите СССР територии, така да Балтикот би бил следен. Е тек таму ако чепне, на*бавме сите. Белорусија гласа за нуклеарки, Финска и Шведска размислуваат за НАТО. Баш е се заострено. Кој знае што испланирале и што ќе испадне од сето ова.
Јас не викам што е правилно, да не ме сфатите така, туку едноставно фактичката состојба е таа. Договор нема да има, за жал од моја перспектива. Значи уште крвопролевање и страдање. Не знам, мене лично секогаш човековиот живот ќе ми има највисоко значење, пред сите територии, политики, републики и било кои други општествени збуднувања. Истово го мислам и да е Македонија и да ми паѓаат гранати над глава, а и да ја имам таа моќ, одма би ја дала све за да прекинат гранати да ми паѓаат на глава. Во 2001 имав друго мислење, сега кога видов што добивме од тоа, све би дала и последна педа од земјава за да нема војна. Јеби га, на секој разумен му е јасно дека ние никогаш нема да добиеме своја држава. Секогаш ќе бидеме нечиј вазал. Како и сите помали и немоќни земји во светот. Така било, така и ќе биде.
За Украина не беа панични,таму Русија има сепаратисти уште пред 2014. Па тој ако е луд ваљда има некој здрав паметен околу него. Ако рокне нуклеарка и Русија нема да биде читава прва. Само се заканува безвеза. Нема да паднеме сите. Па и Европа не е глупа до толку,сигурно има позадински план штом решила да заврши до него. Ама не никако решение ,ај нека се предадат украинциве,за да ние бидеме некое време раат од Путин. @Celltica Реалноста е дека држави така се создавале и низ историјата.Со војни. Народот секогаш страдал за жал и ќе страда. Секој си го брани своето при војна. Одбранбен механизам се јавува,да се бориш,не да се предадеш.
Имаат они решение, кај нас ќе ги постават фронтовите, не кај нив. Нивните земји секако нема да страдаат во иста мера. Ене ја Босна, искра фали да се запали.
Секој потег го знаат и е веќе предвиден, на нас останува да чекаме и видиме што испланирале. Смајлињава на што ти се?
Ако се зарчкаат навистина, џабе фронтови. Тоа со нуклеарки ќе се решава на крај. Да уплатиме барем за Малдивите еден одмор пред крајот.
Туку да ве прашам друго јас вака практично, ако овде веќе станува извесно дека ќе пламне, вие што сте по мирните земји ќе не приберете по феминска линија? Таму кај што ми спомна фаќа ли радијација, или и за тоа е далеку?
@Cosmi Украина секако ќе падне. Продадена е веќе. Поентата е да се заврши што поскоро и што побезболно за сите. И мене капитулацијата ми се чини како најдобра опција моментално. А која е најправедна, сите знаеме. Ама светот не функционира на такви карти.
Ако се рокнат нуклеарки ќе се исполни муабетот од Ајнштајн дека 4 Светска војна ќе се води со лак и со стрела. Сите места каде имало такво оружје се ненаселливи. Во Припјат радијацијата ќе се исчисти за 20.000 години. А ќе настрадаме само ние, луѓето. Природата ќе си најде начин како да се адаптира на новонастанатата ситуација, како што растат печурки што метаболираат радијација за да преживеат. 2022 година го праиме муабетов, туго мори мајко.