И не само Босна. Секаде има чкорче. Каталонија на пр. Нема да падне,ќе паднеше. Европа се брани во Украина. Какво паѓање,каква капитулација. @Celltica Ние ко што рече Биљарката во небитниве земји сме побезбедни.
Не бре, не се толку луди, какво пламнување кај вас. Во втора светска војна повеќе фронтовите имале штета отколку самите држави лидери на пактовите. Вака некое земјиче ко нас, без многу колатерална штета, со потенцијал за експериментирање...
Па уште вика да не се навредите нешто, ние живи утепани, демек не знаеме, она ни кажа, не навреди @Biljarkata
Ама што сте запнале со таа капитулација, мислите ако падне Украина и толку, ќе застане тој и безбедни сме. Па ако капитулираат тие, после ќе продолжи кон Полска и Германија, тој цели на високо. Со падот на Украина, ќе е почеток на други војни, балканот прв ќе гори. Србија пак ќе скокне на Босна да ја оддели Република Српска. Што мислите, зошто европјаните праќаат оружје? Да се задржи фронтот таму, да не се премести преку граница.
Не им се сити на Русите, пошо другите многу повеќе ќе трпиме. Ние поготово, што увезуваме МНОГУ работи од Русија и Украина.Ќе треба дедо Бајден нов извор да ни` најде, Германија ќе трпи исто, https://www.theatlantic.com/science/archive/2022/02/why-europe-cant-shut-off-russian-gas/622925/ се` дур зимаат гас од нејзе, зависни се од Русија.И сите овие санкции, џабе коа без нејзиниот гас, не можат, како и да е ќе мора да платат за тој гас, па пари сепак ќе добива. Ќе се сврти со Виетнам, Кина, Белорусија. Кина мала држава да не е па да соработува со нејзе само?После кризата 2014, се издигнаа, најдоа како место да увезуваат жито, да произведуваат.За леб ќе имаат.Они имаат струја и жито, нешто пребитно што е. Сите колективно ќе го јадеме, џабе се ситите
Е зошто до волку ?? јас па навистина мислам дека ќе се вразумат и ќе склучат примирје па каква Германија и Полска побогу...
Ова до сеа е најреално нешто што го прочитав. Иначе со Путин сите паѓаме. Сега Украина да капитулирала, после муабетот ќе биде Молдавија да капитулира, па Грузија да капитулира, па балканот ќе следи, пошо таков е наративот моментално на темава. Само Русија не дај боже да капитулира. Реалноста е дека Русија мора еднаш да падне. Исто како што и НАТО мора еднаш да падне, како што сите големи сили и диктатори еднаш паднале. Најчесто неславно. И во тој процес на паѓање, сакале ние или не, има жртви. И не дека после ќе биде сјајно, туку само ќе се појават нови исти како нив. Ама борбата за превласт датира од многу одамна а човекот не напреднал подалеку од тој процес. Нема ни да напредне оти бенефити и моќ се во прашање. Ние ко народ никогаш нема да бидеме толку цивилизирани да престанеме да војуваме меѓу себе. Ја софистицираме политиката и оружјето, ама дејствијата со нив сеуште ни се исти како оние пред мноооогу години што биле во племенските заедници. Во војна нема фер. Никогаш немало и никогаш нема ни да има. Исто како што не е фер, ама на крајот сите мора да заземат страна. Сакам да верувам само дека таа страна секогаш ќе биде спротивна на сите узурпатори и диктатори и сите оние унии што својата надмоќ ја наметнуваат на помалиот и дека нема така жолчно да се навива да падне оној што е жртва.
Нуклеарка овде и таман цела Македонија exclusion zone после Се смеам, ама ич не ми е до смеење... Сигурно има некоја состојба психолошка кај што онака од немоќ на хумор вртиш
Откако ќе се истроши оружјето , ќе ја поделат Украина. Нема веќе назад, предолго трае сето ова, но камерите ги уклучија пред 5 дена. За Путин не може да се каже дека е глуп, се е ова со план и договор. Најмногу ќе настрада Европа,се покажа дека е заробеник на Америка, а нас на Балканот ќе не прерасподелат некако. Некои аналитичари мислат дека ова е всушност војна меѓу Америка и Кина,преку Русија....
Какви нуклеарки. Нема шанси ниту во сон да ги употребат. Изјавите им се само за силење и сеење страв. Ќе дочека светов уште многу изгрејсонца. Не се плашете.
Jas pak mislam deka celta ne e 3. svetska vojna, ushte pomalku nuklearna, tuku svetot da se vrati vo Studenata vojna i potrebno beshe neshto navistina ubedlivo kako zakana.
Па студената војна е баш е исто лоша варијанта, тоа и се очекува, повеќе фронтови од небитни земји каде ќе си ги мерат силите. Самите се свесни дека директно нема да се судрат никаде. Терминологијата е небитна, повторно ќе се сведе на војна. Само што да се борат во нивните држави, ќе се борат во нашите.
Ако бугарската и унгарската амбасада се се уште во Киев, Одеса, зошто нашиве први заминаа? Друго, и Македонците кои сега се заглавени таму, требаше веднаш да бегаат, кога гледаат дека и Украинците кои немаат каде да одат, бегаат во соседни земји, а Македонците можеа дома да си дојдат, не дека е Украина, Германија, некоја јака економија, па ќе изгубат работа или не знам што.