Помалку читање српски портали. Кој ке ја подели Украина? За да ја поделиш треба да победиш. Русите влегоа во Украина ко мечки со тенкови ,мислејки ке се предадат Украинциве пошто нели не се Украинци туку Руси за 3 дена. Војување ко во 2 светска војна. Тенкови и ракети на голема површина,немотивирана пешадија и огромна подршка на Украина значи губење војна. Украина е на свое,ја бранат државата,не биле Руси ко што вели Путин ниту ги пречекаа со раширени раце ко што мислеа. Преку пат на русите не се селани со вили и лошо наоружана Европа. Русите не се германци,а украинците не се пољаци. Не е 1939.Лоша тактика и стратегија на прастарите руски генерали. Да, Путин е глуп диктатор ,кој зацрни русите доживотно. Русија веќе губи најмногу на многу полиња. Европа нема ништо да изгуби, веке доби. Прв пат се вака единстевени , нешто што одамна не беше така.
Си имам деновиве некои чудни соништа.. Украинциве го поразија дедо Путко, го палат у сред Москва. Одма после нив сите Нато членки се вртат против дедото од другата страна, го палат во Вајт Хаус Многу филмови гледам знам Ама веќе паѓам психички од што читам свашта, не сакам ама посилно е од мене. Има ли шанси нешто да се реши со преговориве?
Пушти линкови што да се чита Ама проверени да се Да не се пропаганда Не знам дали некој може со сигурност да тврди информации
па и не е толку глуп, вчера на Код кога слушав, баш збореа дека Русите тактички ја нападнале државата, за да се отцепат некои делови од другите, затоа почнаа по краевите прво. После, бележеле со некои шифрирани знаци на улиците насоки или не знам таму што, трето, тенковите и самите војници се обележани, за да нема после лажги како покушајот со тенкот кога мава во возило. За ваков напад, мора да има размислено добро Клинтон и Трамп (вчера) го имаат оценето како паметен човек. Има IQ oд 127 мислиш дека е глуп?
Сите хрватски да читаме Нема вистинска победа тука, наивна си ако мислиш дека Путин не можеше да ја сотре ако сакаше. Целта е поделба , демилитаризација на Украина . Русија е повторно светска сила, да не зборуваме за Кина. За жал,Европа ќе се сеќава на славното минато само.
Само заборави да кажеш дека играат како што им каже Америка. И не Америка не губи ништо во оваа војна , за Европа не сум баш сигурна дека е така.
Било какви. Нема поголеми русофили од Србите,а и вие кои ги читате не сте ништо поарни во возвишување и воодушевување од Путин. Русија светска сила,Европа ке пропадне. @Feminka22 Па многу работи се јасни околу Украина зошто и како.Русија сака да биде Украина нивна колонија.Етнички украинци се 80% никакви нуклеарки и бакрачи. Инаку да, глуп е. Од Русија прави Северна Кореја. веке напишав ЕУ е вазал на Америка. Јасно е. но тоа не значи дека треба да оправдуваме инвазија на Русија на туѓа суверена држава.
Никако не ја оправдувам Русија. Збор ми е дека има и ке има економски последици за цела Европа додека САД си мери сили со Путин на Европска територија. И време е Европакиве држави да го намалат Американското влојание над нив.
Не знам како мислеше дека ќе влезе и ќе се прошета и за 6 саата ќе го освои Киев и ќе го пречекаат 40+ милиони луѓе со раширени раце. Ги жалам и двата народа што страдаат непотребно, вклучувајќи ги и неговите кои веќе ги упропасти и нема да има оправање за брзо. Колони пред банкомати се прв и најголем индикатор за тоа што следи, прашање е на време. На крај од своите ќе заврши неславно, така ми личи.
Уште граници има за преминување. Според моменталните закони државјани на Х ЕУ држава не смеат да војуваат за друга држава. Е сега Х, У држави ги менуваат тие закони. Сите ќе може да одиме во лигата на доброволци/странци што ја бара Зелински. Ар ју реди ту рок? П.С. Овој Зелински многу умни идеи има ко за Сашко Коцев (ништо против Сашко немам, ама тоа е кариерниот му бекраунд). ППС- Безбедни држави Спојлер: спојлер
Биљо ма Па искрено си кажа чоекот, шо. Одам да прошетам сега, мозокот ми зовре. Вие пратете ситуација таму во Белорусија.
Мислиш? Чул те Господ! Многу ми е страв што ќе биде. Ми се вртат дури и филмови за трета светска како го поздравувам маж ми за на фронт.
Јас сериозно не можам да разберам како не знаете дека на Украина може да и се деси потоп од Русија. Ова да биде само најава. Да сакаше, со земја ќе ја срамнеше. Не постои молитва шо ќе спречи да не дојде до таму. Сега имаат средба, стварно се надевам дека ќе падне некаков договор и дека ќе преовладува разумност. @Biljarkata Кога можеше Путин за доживотен да се нареди, па што овие да не менуваат закони/политики. Плус, тоа е демек доброволци. Се е тоа со добра калкулација. Мислам, тоа и е целиот проблем. Затоа што е или ќе биде војната меѓу Русија и ЕУ и САД. Тука е проблемот на мешањето и ескалација надвор од унгарски граници.