Абе да си отвориме тема анксиозност во време на војна? Покрај таа за кај да се бега во време на војна Осеќам истите на двете теми ќе сме што е за право
Не смееме за нив да збораме, медиумите не ни рекоа да зборуваме за тоа. Ќе правиме само она што ќе ни се рече!!!
Бидејќи САД е демократска и либерална земја, така се грижи за другите, изигравајќи џандар во светот. Шала на страна, ова е само доказ колку пропагандата ширена од медиумите може да влијае на општото мислење. На Инстаграм ваквите постови се обележани како Russian state controlled media. Никако нешто лошо да се каже за западот, ќе се правиме само дека Путин е лошиот.
Така де, ако пљукаш по Путко, испаѓа им се лижеш на Бајден и кои и да се таму. Како да ви кажам бе дечки, тука тие шо го хејтаме Путин мразиме било каква војна. Моментално он е на линч зашо он напаѓа.
Па тоа е проблемот, што сите молчат за ова набре таму не умираат деца, ама Путин ја нападна Украина и готово ќе го бесиме.
Исто како што сите збориме за корона и вакцина за корона а не збориме толку за маларија и нејзина вакцина рецимо, болест што уште коси во Африка. Или западна треска или глад
Русија ги повика цивилите во Киев да заминат преку југозападниот излез Уффф. Ова е вест која менува многу работи. Исто се случуваше и во Сирија, во Алепо кога најавија бомбардирања на градот. После опколувањето отворија миротворен конвој каде ги извадија сите цивили од градот со автобуси и потоа го гранатираа и срамниja со земја. Неќни се гледаа снимки од Tos-1 како се наближува кон Украина. Најстрашно оружје е ова што постои. Еве што може да направи...
ОО ОК ти паметната си на супер локација, ние глупавите сме на глупа локација. Кај тебе на локација нема ништо да поскапи. Руските олигарси што переа пари во градот кај што живееш ќе ги замените со други и магично све ќе ти биде супер тебе. Светот е врзан синџир.Обичниот народ секаде ќе ги трпи економските последици. Освен ако сега брзо не го фатиш Вилијам или Хари за муж (упс извини фатени се веќе) и тебе ќе те касне за газ економската криза. Не знам со кој памет се ситиш и уживаш во развојот на нештата. Демек на сигурно си. Мисли си.
Абе ако реално правиме муабет, за кај нас не мора ни тенкови, ни ракети да си трошат. Само пушки нека ни дадат, самите ќе испоубиеме едни со други.
И ги читам мислењава неколку дена наназад. И гледам става вакви . Не знам како може да и е смешно тоа што се дешава моментално.
Тоа секако. Никој не би дозволил во 21 век да гранатира директно на цивили и да го осудат од секоја меѓународна конвенција за Хитлер. И во Сирија со Русите, а и Ирак кога Американците влегуваа имаше соопштение за гранатирање само на воени цели. А кога се гранатираа градови, се повлекуваа сите цивили од градовите. Секако, имаше цивилни жртви, колатерална штета ама сите до сега пазеа на тоа да не биде намерно. Освен тие американските снимки што ги ликна Асанж каде што намерно со дронови убиваат цивили во Ирак, до сега такво нешто се нема случено. Путин ептен меко пристапува во оваа војна и не користи оружје за да ја пороби Украина и разори. Изгледа единствена цел му е да ја сруши владата на Зеленски и потоа да постави своја влада. Затоа и имаше информација дека испратил специјални единици да се инфилтрираат и да ги елиминираат сите високи владини претставници. Со тоа и ќе заврши војната. Нема да има потреба од гранатирање, жртви и разорување. Оваа изјава мислам, бар се надевам дека е само заплашување на Зеленски пред започнување на преговорите. Како еден вид на закана дека ако не прифати, ќе го гранатираат Киев.
Жално. Мери инстаграмџиката ја има нели на неколку онлајн страници. За враќањето нејзино овде, коментарите од "нашинци" беа еднакво на лудило. Не знам зошто таков говор на омраза, што нагон ги тера?? Можеби нема да се отепаме со пушки, ама една омраза, едно ситење што постои, и тоа бруките јавно да се читаат. Бљак
Им дава излез на тие што не сакаат да се борат. За да останат лице в лице со украинската војска. Секако ако не продолжи да ги користи уште како задолниште тие цивили кловнот.
Елон Маск е слободен...кој го фати, иде на марс Руските пари ќе фалат сегде. И руските бензински негде. И руските банки ќе изгорат доста народ, онаков обичен, небитен, и надвор од Русија... Нас не ни рекле уште спремајте пакети за недајбоже, само да сме спремни да живееме без гас и без струја ако треба, и тоа што ќе го има да го плаќаме дупло поскапо. Фини проекции ко за трет ден војна. Ама шо има везе, тоа е цената за безбедноста и демократијата да владеат во светот Овде миг, онде тенк, што е убав овој свет