Да, отпосле го прочитав, последната причина ми е најверојатна. Украинците се способни за производство на нуклеарки, порано ги имаа. Пак е за заштита значи, нема да им дозволат вакво нешто, до нивни порти се.
3 деца загинале. Штом деца почнат да гинат, јасно е до кој степен е дојден конфликтот. Украинците фатиле двајца војници, едниот роден 2002. Колку млади жртви.
Пак ќе е за оружје, моќ. Гасот, меѓудругото, ама и оваа и те како им е причина. Нема шанси да им дозволат на Украина да прави нуклеарки.
https://twitter.com/ZelenskyyUa/status/1496785776486584320 ама и овој буцка.. читав некој украински пилот фатил кидавела со авионот у Романија.. ќе биде тензично
Колку нема логика мислењево. За жал, Украина е жртвено јагне во судир што го испровоцира западот. Нема Русија сигурно да дозволи западот да им шири влијание пред порта, притоа сигурно дека ќе се обидуваат на секој начин да ја загрозат, да не спомнувам нуклеарно оружје. Жално е само што две братски нации си нанесуваат штета. Не, не заземам страна. Жалам за сите загуби. Ама ајде позадината да ја гледаме, кој го испровоцира ова, исто како во Сирија, Либија, Авганистан, Иран, Ирак, Виетнам итн.
Украина не е НАТО, за среќа или за жал. НАТО нема никаква војска во Украина во моментов, ниту ќе има, како што најави Столтенберг вечерва. Нема смисла мислењево.
Неофицијално Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, фокусирајќи се на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на украинска територија“. Целта е Украина да не преговара со НАТО и да не поседува оружје кое би претставувало опасност за Русија. Денеска инвазијата беше врз воените бази, аеродроми и пристаништа и ќе трае се додека се онеспособи изворот за наорожување на Украина од западот и да се дадат гаранции. Во меѓувреме источното крило на НАТО побара да се активира членот 4.
Не е. Да се надеваме дека ќе биде така ко што рече тој. Ама, размисли кој е во НАТО, кој влече конци, кој провоцира...