Едни се едуцираме од западњачки медиуми (еве не знам од кога Украински медиуми како The Kyiv Independent се западни ама ок, зашто Украина ми се чини на исток е), други од State- controlled media на Русија, Србија и Кина и така
Рафинеријата сами ја дигнаа воздух... А рекоа дека се од гостите. Стамбенената зграда се утврди дека е погодена од антиракетен систем-воздух кој на тоа место го имаат само Украина. Збогувањата на видеата беа од пред 8 години. Јебеш твитер 99% монтажи и лажна пропаганда. За Чернобил извадија лажни моментални вести, а таму и Украинци и Руси заедно чуваат моментално без никакви недоразбирања. Медиумска војна и мачкање очи за сите. Форца Сомалија.
Фала за картата, баш барав понова, сите што излегуваа беа од пред неколку дена. Се гледаше дека сакаа да ги заобиколат околу Маријопол и двете републики. Слично се правеше во Босна и во Сирија. Класична стратегија.
А кој тука праќа од cnn? Нема врска моето мислење со твоево , ја ја прашв да сподели најреален медиум, ти ми праќаш доказ за лажна вест што е една капка во морето. Скроз неповрзано.
Само правдајте го Путин. И САД не се цвеќе за мирисање, предизвикале безброј конфликти, ама во ситуацијата со Украина, Русија е агресорот. И уште денес да запре војната, ова ќе си има подолгорочни последници, покрај другото и економски. И ако некој си мисли дека ние нема да бидеме засегнати, се лаже.
Некој се помалку, некој се повеќе. Да не заборавиме дека на телевизии им пуштаа снимки од мирен Киев додека градот беше бомбардиран од сите страни. Мислам, не ме интересира кој што следи. Јас знам за себе дека нема да следам, ниту да верувам во медиуми кои се наоѓаат под диктаторски режим.
Не знам дали моментално има реален и непристрасен медиум. Кај многу германски портали наидов на слики од претходни војни, земјотреси или пожар на пример. Сите претставени како моментална ситуација во Украина. За некои немаше ниту да знам, да не ги провалел некој. На пример таа од филмот.
Како да не знаете дека едина функција на мас медиумите им е да шират паника и немир. Мене пак едини веродостоен извор ми е видеа од луѓе таму што зборуваат. А, дека Русија се диктатори, се. Ама па Украина едни цвеќиња за мирисање...шта да ти причам...
Не е точно. Можеби важело за припадниците на АРМ и полицијата, но не и за цивилите. Познавам повеќе луѓе кои без проблем сосема легално ја минуваа границата во тој период а имаа само мк пасоши. И добро е што така било, така треба да биде секаде во светот.
Да, тоа им е целта, да ги обиколат Харков и Мариопол. Со освојувањето на Мариопол да ги поврзат Крим, Донбас и Русија по копнен пат. До вчера беше 1 дел од мисијата каде што за цел имаа лесните механизирачки единици да ја натераат украинската армија на повлекување во градовите. Ги опколија, отсекоа и ги држат под опсада. Денес почнува 2 дел од мисијата каде што ќе влегуваат тешки моторизирани сили и артирелија за опсада и гранатирање на градовите, а потоа и за влез во нив кога ќе се уништи одбранбената линија. Исто така го имаат под своја контрола и воздушниот простор комплетно. Имаше некаде вести дека се срушени 2 Бајрактар дронови. А и имаше снимки од Су34 кои се од 4++ генерација на бомбардери над Харкив. Изгледа и нив планираат да ги употребат во гранатирањето.
Имаш убави мислења и секад те читам. Ама не ме зезај вака. Сѐ ти е исто, само различно спакувано. Имаше еден конгресмен пред некоја година, велеше: Гебелс би бил горд на CNN и BBC. Едит: дали еден од медиумите што ги следиш пренесува за гранатирањето од страна на Украина врз руско население, и дали пренесе како Азов стрелаат Украинци што не сакаат да земат оружје? Објективност? Хммм... Секој гледа за себе...
2 години пред да загине Бин Ладен јавно рекол... Нешто во смисла.... Недај боже Бајден да дојде до моќ. Доволно кажано.
Имаше, да. Ова второто беше и ептен осудено. Со право. ------------ Преговорите изгледа не се сè уште завршени, само имало пауза.
Знам дека нема 100% објективни, затоа ѝ реков на членката да сподели она, зашто таа инсинуираше дека оние што не се прозападни се некако пореални. Повеќето споделуваме од неколку извори што кратко известуваат без бомбастични наслови и видеа, од cnn и сл. немам видено.
Руските медиуми со години шират про Путин пропаганда, ама деновиве на телевизија шират исклучиво лаги и исклучиво величање на Путин, вести дека тој ги штити нив (WTF?). Тие што не следат ништо на интернет, особено постарите лица живеат во друг свет моментално. Не за џабе Анонимус ги хакна повеќето медиуми во Русија за да ја прикаже вистинската слика. Ама сепак ние сме криви шо следиме "западни" медиуми. Кај и да е ќе почнам од Курир и оффнет да се информирам и споделувам.