Конечно ми заврши банот. Нон стоп ве читав. Јас не ги гледам политичарите како добри или лоши, тоа им е работа и не донесуваат одлука за војна оти така им текнало, тоа е неминовен тек на настаните кои ние тешко дека ќе ги разбереме со толку оскудни информации. Е сега, имам прашање, што мислите, нас (на Македонија) што ни одговара во ситуацијава? Да издоминира Путин или САД+ЕУ? Тоа е најбитно во случајов, политиката е секој за себе, не знам кој пиша погоре, целосно се согласувам.
Ако има договори кои уште се во сила, нека се влечат и судат и нека си платат, ако не со со пари тогаш со санкции едни кон други. Па нека премерат кој со кого и без кого не може. Цивилизиран народ така војува. Нема да се лажеме дека во многу "фини и културни" земји нема притисоци и манипулации и игри, ама во тоа сите се вмешани.
@Biljarkata убаво рече има договори кои мора да се почитуваат. Не во Нато не во Русија да останат неутрални Украина и тоа си го потпишаа меѓу себе. Украина тргна да го прекршува членот иако години добиваат укори од Русија. 2020 повторно имаше убивања на руско население... Русија реагираше ама Нато молчеше... 2021 исто почна... Нато исто молчеше. Чашата се прели.. Нека се евакуира цивилното население по секојс цена и нека ги срамнат со земја тие што 8 години вршеа геноцид + којзнае уште колку години ако не реагираше Русија.
Не во Нато, не во Русија ама ќе ставаме наши луѓе кои ќе ја водат државата така како што ние ќе кажеме. Ептен неутрални.
Нас ни одговара што е можно ова побрзо да заврши, а ние да гледаме после тоа да ги подобриме односите со Русија, да ја следиме состојбата и да гледаме да ги дигнеме санкциите за размена на стока и суровини за да може да ја одржиме економијата како-така. Исто, ако можеме на некој начин преку ситуацијава да издејствуваме влез во ЕУ, демек за јакнење на стабилноста во Европа. И секако, ако може да издејствуваме помош од ЕУ за нашата економија. И конечно да смениме власт која ќе и бидат приоритетни македонските интереси, а не да одработува за странски интереси и да биде марионета. И, под хитно да прекинеме да се истрчуваме со глупи и непромислени изјави од типот на Славјанка.
Помош за нас. Нато праќа помош накај Украина... Кој маски.. Кој шлемој.. Кај нас ќе пратат капачиња за теглите ајвар зошто не ни дохтуваат повеќе
МК требаше и можеше одамна да влезе во ЕЕА. Исто ќе можевте да бирате. Ама комичарот пардон политичарот на власт нејќел да чуе за тоа. Оди па разбери зошто.
Оф топик е ама морав Светот: Се спрема за нова светска војна и економски удар. Македонија: "Парното греење не поскапува, од РКЕ до медиумите било пратено старо соопштение"
Ниту една држава никогаш не може да биде ни 'н' од независна. Тоа може само на хартија. Кога размислуваш за една држава како правен и историски субјект не може во предвид да ги земеш само последните договори и анекси, а останатите да ги избришеш, зошто во пракса тоа не функционира така. Моментално сме сведоци на ова што го пишувам. Украина секогаш треба да го следи патот на СССР и секој нејзин поинаков избор ќе повлече низа консеквенции. Зошто е тоа така, нема да навлегувам.
Се согласувам, ако добро разбрав сѐ. Мислам дека нас ни одговара силна Русија во моментов, бидејќи тогаш ќе имаме, какво-такво значење. Вака, не сме во ЕУ, нема зошто да нѐ примат, сите соседи се појаки од нас и нѐ уценуваат. Колку послаба Европа, толку посилна Македонија. Ај дообјасни ако можеш. Зошто, ти немаш Мк државјанство?
Што знам. Нас ама апсолутно ништо не ни одговара во ситуацијава. Ова е како изреката: "Змија да те апне, или магаре да ти го бапне." Нас ни одговара водите да се мирни, а моментално доаѓа цунами. Како сакаш врти ја, газот ни е од позади. "Истокот не отпиша, а западот не не запишуе" е реченица која ја сумизира нашата ситуација.
На раб сме на нуклеарна војна која би збришала 3 милијарди свет, Били вика да сме били арни и са Уса и са Руса Па ако пукне 3та светска, брача Срби први че да уџувају у Скопљу А братјата Булгари од другата страна, косоварите од трета, ќе биде од сите страни Ѓорѓи сардисан Мислите оти сте русофили, кога ќе влезе туѓа армија дека ќе ве гали? Потоп има да е, а тие ќе се умилкувале на сите. Бугарската а? Влегоа нацистите, тие извадија наци знаме. Влегоа русите, нивно знаме Кротко јагне од сите мајки цица а? Море среќни сме што влеговме во нато пред оваа гунгула, ама ако избие 3та со цела сила, ни нато ни свети нато нема да не спаси. Туку молете се лудаков некој да го сопре, оти сме наебале, сите, топтан.