Ова фино звучи и камо среќа да можевме на овој начин да издејствуваме добробит за нашата земја. Но, не е баш така. Точно е, ние сеуште не сме во ЕУ, но сме во НАТО. Не може магично да направиме пиши - бриши на веќе потпишан договор. Јас ви пишав пред два дена, и нема да се повторувам трет пат. Пендаровски во последен момент, пред прогласување на кризна состојба доби телефонски повик дека стануваме рамнпоравна членка на НАТО. Што мислиш, вака логички, зошто одеднаш се случи тој притисок? Зошто одлуката беше донесена така одненадеш, експресно, кога ние 20 години претходно претендиравме за влез. И понатаму мислиш дека тоа беше резултат на наш постигнат успех? Не. Одговорот е во тајмингот и кој е паметен ќе сфати.
Апсолутно дека ни одговараат мирни води, НО, водите веќе не се мирни. Пак ќе речам, ако Америка стане посилна, тек тогаш ќе видиме експлоатација. За мали држави подобро е да има баланс на силите меѓу големите.
Па моментално ти гарантираат граници, ако пукне пушка некаде "ќе нè бранат" а не како 2001ва ДА бранат да се браниме. Што мислиш, зошто на балканот Босна и Србија не се членки? Оти уште има за делење таму. Камо среќа со пенкало да се дели, а не пак со пушка. Зошто Путин е гз и гаќи со Вучич? Нè возат сите на приказната, ортодоксни сме, Славс сме. Кои црни Славс, види на непослушност што прават, или ќе пееш по мое или нема да те има. Види протестантите како ги газат, кај нас кој за што сака протестира, за политичарите се и свашта се збори, кој го уапсија? Не сте виделе "демократија " вие, затоа сте русофили
Знам дека е офтопик, ама ме интересира кој според тебе треба да дојде на власт, како што велиш ти - власт на која ќе и бидат приоритетни македонските интереси?
Леле јас русофил сум била, о жено Божја. Не ми се замара да ти враќам, врска немаш ни политика, ни историја. Поглуп пост од овој досега немаш пишано мислам не те ни дочитав.
Ова е правото прашање кое треба да си го поставиме, а лошото е што одговор на ова прашање во моментов нема.
Ептен среќа. Кога ќе има војни низ цела Европа ни Н од НАТО ќе се види. Ама ај, ќе живееме со тоа дека НАТО е мед и млеко. Се е сјајно и бајно.
Нашиве рекоа ќе праќале помош. Тенкој имаме 3..4 размонтирани. 2 хеликоптери несервисирани. Останува да пуштиме тоалетна трослојна.
Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина. https://mk.tv21.tv/vladata-na-repub...tva-i-oprema-za-vooruzhenite-sili-na-ukraina/
HAAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHHAHA Ќе ми летне грашакот у душник на душа ќе ме носиш! Стварно помош ќе праќаме? Епа крај Дис мејд мај деј..
Лелел јака нѝ душа Ние ќе сме донирале пари и опрема А опремата од Втора Светска Многу се смеам у моментов Не знам дали сум нервно попуштена, ама… Трагедии