Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.508
    Допаѓања:
    191.336
    Не беше тоа муабетот, за подалеку беше гледање, за тие што и биле блиску:).
    Русија и Финска се ко Турција и Грчка, отприлика. И Турција има автократ, нели?

    Ама нема везе. Нека не прифаќа Зелениот ништо, и нека се тепаат така уште 5 години, ќе се читаме на темава. Во меѓувреме 4 милиони украински жени и деца се очекува да влезат во Полска, за другите не знаеме...
     
    На senjorita-v, orevokrsacka, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.266
    Пол:
    Женски
    Епа не се разбираме сите у политика нити ме интересирало некад. Пробувам да сфатам.
     
    На Атриом, Angie1432 и Stark им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    :nod:
    И си се пречкаат и тие, така, неретко :|
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Цццц дремнуем еден саат кога тој зеленски глупости праи, што е ова бе другари?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Не го брка егото туку договорот што го има со Украина... А таа го прекршува. Чоекот е тотално луд ама стои на принципите од договорот.Зошто утре ќе има Нато база на 100 км од Кремљ.
    Ниедна светска сила не го сака тоа.
    Кога Русите беа на Куба вриеше цела Северна Америка.
     
    На Konfetka, orevokrsacka и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    24.056
    Ама кој гарантира дека човекот ќе седи мирен и ако прифати Украина?
     
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Војната во Украина е многу, многу специфична, пред се поради демографската и етничката структура на населението. Затоа и таква војна со низок интензитет.

    Можеа комотно од воздух да уништат цели градови. Ништо да не остане. Како Грозни на времето, но кој Рус би стиснал копче на такво нешто кога знае дека золва му е Украина, зет Украинец, жена Украинка, свекрва Украинка. Многу се измешани како народ меѓусебно. Не е едноставно. Затоа само се бомбардираат индустриски и воени цели. Не сакаат цивили да страдаат.

    Најголемите анти-Руси се во областа Галиција, Западна Украина. Украинци унијати, тие извршија најголеми убиства во Донбас. Ако гледате еден куп видеа руска војска влегува во градови и села, а обичен народ шета, гледа, оди по маркети. Никаква реакција. Дури продавачки им даваат без пари храна. Сите украински војници, кои се предале или се заробени се пратени кај своите семејства. Дадено им е храна, облека итн...

    Западот успеа да исталира анти-руска влада од Галиција, за да од Украина создаде своја база и да инсталира воени сателити со кои целото оружје ќе се неутрализира на Русија. Сите договори ги прекршија. Што очекувавте дека Русија ќе спие мирно додека НАТО трупи се групираат околу руска граница? Зошто Америка не дозволи руски ракети на нејзина граница? На пример во Венецуела?
     
    На Konfetka, orevokrsacka, desperate15 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Кој гарантира дека утре во Мкд нема да влезе некоја држава.
    Затоа има меѓународни и соседски договори... Додека не се прекршат.
     
    На Feminka22, nextredstyle и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.707
    Допаѓања:
    126.737
    Пол:
    Женски
    За да сфатат зашто е ова и како треба историја од 40 ти години наваму да им се кажува. Сега го гледат Зеленски како херој, Путин како Хитлер. Не можеш да докажеш. Остај ги.
     
    На Ivan4e04, Konfetka, Tajnaotrovna и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Машки
    Овие се барањата на Путин.
    Путин бара признавање на Крим и „неутралнен статус“ на Украина
    putin-makron-1170x780.jpg
    Рускиот претседаетел Владимир Путин во денешниот разговор му рекол на својот француски колега Емануел Макрдон дека бара меѓународно признавање на црноморскиот полуостров Крим како руска територија, отстранување на „неонацистите“ од украинската влада и „неутрален статус“ на Украина за да ја заврши офанзивата во соседната земја.

    Путин побара „признавање на руска сувереност над Крим, спроведување на демилитаризација и денацификација на украинската држава и гаранција за нејзиниот неутрален статус“, како ислов за каков и да е договор, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата челницир.

    Од Елисејскиот дворед малку претходно соопштија дека францускиот претседател разговарал чес и половина со рускиот претседател и барал од него „веднаш да ги прекина нападите врз цивилите и да се осигураат копнените правци во Украина“, а соговорникот му ја „потврдил својата волја на тоа да се обврзе“.

    Елисејскиот дворец, исто така, објави дека Макрон побарал од рускиот колега следните денови да останат во контакт за да се спречи ескалацијата на судирите на што, според соопштението, Путин се согласил.

    Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР и за присоединување кон Руската Федерација. Москва набрзи потоа изгласа прифање на Крим во составот на федерацијата, а Западот инсистира дека тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.
     
    На sonuvana, INNERBEAUTY и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Џабе се нада више...
     
  12. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Машки
    Нада последна умирала, така велат старите.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    ама уште нешто викаат..

    Нада задња умире... ал и Нада се прокурвала...
     
    На senjorita-v, Feminka22 и Bratot им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    Кој договор?!
     
  15. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Офтопик иако најактивна тема е во моментов и затоа пишам овде.
    Се надевам ќе опростат модераторите.
    Општо не е криза воена кај нас за да пазариме како смак света.

    Ама официјално утре минимум
    80 % од суровините за дома што ги купуваме.
    ОДАТ НАГОРЕ.
    Ако не и повеќе од 80%
    Кој има навика да пазари наеднаш повеќе раб. Нека го стори тоа.
     
    На Tajnaotrovna и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.206
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам и јас би вака, да знам дека граната може да ми летне над глава у секој момент. Како бе вакви текстови, ко да им е супер драга ситуацијата и Русиве ги пречекаа ко ослободители. Вие рокајте, ние ќе ве гостиме, пошо просто го обожаваме ова што не задеси. Свашта!
     
    На senjorita-v, JuLleE, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    кај нас во маало бурекџилници најавија 20% поскапо од утре.
    со време ни кажаа.
     
    На senjorita-v, Tajnaotrovna и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Зошто Владимир Путин веќе ја изгуби оваа војна?
    Помалку од една недела од војната, се чини сè поверојатно дека Владимир Путин оди кон историски пораз. Можеби ќе ги добие сите битки, но ќе ја изгуби војната. Сонот на Путин за обнова на руската империја отсекогаш почиваше на лагата дека Украина не е вистинска нација, дека Украинците не се вистински народ и дека жителите на Киев, Харков и Лавов копнеат за владеење на Москва. Тоа е целосна лага – Украина е нација со повеќе од илјада години историја, а Киев веќе беше голема метропола кога Москва не беше ниту село. Но, рускиот деспот толку пати ја кажа својата лага што очигледно и самиот верува во тоа, пишува историчарот Јувал Ноа Харари за Гардијан.

    [​IMG]
    Кога ја планираше инвазијата на Украина, Путин можеше да смета на многу познати факти. Тој знаеше дека Украина во воена смисла е џуџе во поглед на Русија. Тој знаеше дека НАТО нема да испрати војници да и помогне на Украина. Тој знаеше дека европската зависност од руската нафта и гас ќе ги натера земјите како Германија да се двоумат околу воведувањето строги санкции. Врз основа на овие познати факти, неговиот план беше силно и брзо да ја погоди Украина, да ја обезглави нејзината влада, да воспостави марионетски режим во Киев и да го истера немоќниот бес на западните санкции.

    Но, имаше една голема непознаница за овој план. Како што научија Американците во Ирак, а Советите во Авганистан, многу е полесно да се освои земја отколку да се држи. Путин знаеше дека има моќ да ја освои Украина. Но, дали украинскиот народ само ќе го прифати марионетскиот режим на Москва? Путин се коцкаше дека Украинците ќе го направат тоа. На крајот на краиштата, како што тој постојано објаснуваше на секој што сака да слуша, Украина не е вистинска нација, а Украинците не се вистински народ. Во 2014 година, луѓето на Крим тешко се спротивставија на руските напаѓачи. Зошто 2022 година би требало да биде поинаква?

    Со секој изминат ден, станува се појасно дека коцката на Путин паѓа. Украинскиот народ се спротивставува со сето свое срце, го освојува восхитот на целиот свет – и ја добива војната. Многу црни денови претстојат. Русите сепак може да ја освојат цела Украина. Но, за да ја добијат војната, Русите би морале да ја држат Украина, а тоа можат да го направат само ако украинскиот народ им дозволи. Се чини дека ова е се поневеројатно да се случи.

    Секој уништен руски тенк и секој убиен руски војник ја зголемува храброста на Украинците да се спротивстават. И секој убиен Украинец ја продлабочува омразата на Украинците. Омразата е најгрдата од емоциите. Но, за угнетените нации, омразата е скриено богатство. Закопана длабоко во срцето, може да го одржи отпорот со генерации. За повторно воспоставување на руската империја, на Путин му е потребна релативно бескрвна победа која ќе доведе до релативен мир без омраза. Со пролевање на се повеќе украинска крв, Путин прави неговиот сон никогаш да не се оствари. Тоа нема да биде името на Михаил Горбачов напишано на изводот на смртта на руската империја: тоа ќе биде името на Путин. Горбачов ги остави Русите и Украинците да се чувствуваат како браќа и сестри; Путин ги претвори во непријатели и се погрижи украинската нација отсега натаму да се дефинира себеси како опозиција на Русија.

    Нациите на крајот се градат на приказни. Секој изминат ден додава повеќе приказни што Украинците ќе ги раскажуваат не само во мрачните денови што претстојат, туку и во децениите што доаѓаат. Претседателот кој одби да побегне од главниот град, велејќи им на САД дека му треба муниција, а не превоз; војниците од Змискиот остров кои му рекоа на руски воен брод „оди да се е*еш“; цивилите кои се обидоа да ги запрат руските тенкови седејќи на нивниот пат. Ова е материјалот од кој се изградени нациите. Долгорочно, овие приказни значат повеќе од тенковите.

    Рускиот деспот треба да го знае ова како и секој друг. Како дете, тој израснал со приказните за руската храброст во опсадата на Ленинград. Тој сега создава уште такви приказни, но се става себеси во улогата на Хитлер.

    Приказните за украинската храброст даваат решителност не само на Украинците, туку и на целиот свет. Тие им даваат храброст на владите на европските народи, на американската администрација, па дури и на угнетените граѓани на Русија. Ако Украинците се охрабрат да запрат тенк со голи раце, германската влада може да се охрабри да ги снабди со некои противтенковски ракети, американската влада може да се охрабри да ја отсече Русија од Свифт, а руските граѓани можат да се охрабрат да го покажат своето противење на оваа бесмислена војна.

    За жал, оваа војна веројатно ќе биде долготрајна. Но, најважното прашање е веќе решено. Последните неколку дена му докажаа на целиот свет дека Украина е вистинска нација, дека Украинците се вистински народ и дека дефинитивно не сакаат да живеат под нова руска империја. Главното прашање што остана отворено е колку време ќе биде потребно за оваа порака да навлезе во дебелите ѕидови на Кремљ.


    https://www.slobodenpecat.mk/zoshto-vladimir-putin-vekje-ja-izgubi-ovaa-vojna/
     
    На Tanjamm, senjorita-v, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.972
    Допаѓања:
    12.279
    Пол:
    Женски
    Оној тенкон пред музејот за Кемал Ататурк во Битола да го донираме.
    Ќе присобереме вака-така, ќе се отчестиме
     
    На nena2010, Feminka22, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.274
    Допаѓања:
    50.869
    Пол:
    Женски
    Или Славјанка да ја пратиме она е како тенк :lol:
     
    На Tanjamm, senjorita-v, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.