Почнувам да сфаќам дел од вас појма од војни немате. Ај не мора 2001. Дали некој од вас знае нешто за војните во екс Ју или бар два реда сте прочителе кој се се бореше?! Зар не знаете дека затвореници први во војна се втурнуваат
Младите поима немаат. Сите сме жртви на фејк њуз во последно време. Знаеме тоа што тие сакаат да го знаеме. Ама знаењето во Русија чини 15 години затвор https://twitter.com/nexta_tv/status/1498368277332074507?t=T9wep7xxCx1PCPxPP5vWnQ&s=19 Се молат русофили да не ме тагираат, освен ако не се во Москва
Преска имаше интересна дискусија на тв .. Финска на ист начин влезе во втора светска војна... не даде веднаш отпор ..како што направија и Украина. Помошта почна од сите страни да стига ден и пол подоцна... Интересни потези се изиграа, се во прилог на Украина, што реално, знаејќи дека Путин Е Путин, дефинитивно мора мудро и без погрешни одлуки. Путин сега нема проблем само со 90% од светот... сега има и во куќа проблем. Рубљите и реакцијата на народот околу нивните невредни пари. Ако не се смени нешто околу тоа, рускиот народ прв ќе страда за леб. И ради чиво диктаторство!? Арно велат, свој ако не те зае.е ..
Има инфо дека ги исфрлиле од ОН Руските дипломати. Во меѓувреме Додик од република Српска денес во разговори со Лавров,а народот во БиХ вознемирен пред утрешните воени вежби во Требиње,се плашат да не бидат почеток на нов конфликт.
Видеото на англиски Мислам дека ќе има нешто и таму, се надевам спремни се за одбрана. Не верувам во коинциденција јас. Вучичу, племе, ако стварно скокнеш и ти, глуп си ко расол. Едвај закрепна државата, овие луѓе не заслужуваат уште страдање
Ништо страшно ако ги исфрлиле дипломатите од ОН руски... И така им плескаа се во лице. А во Бих затегнато баш е.
Шта се догаџа Место да учам ова ме занима.. Да ми купат Зелен и Путко диплома! Или нека ја дае зеленко и онака му е од економски
Сега гледав лајв на ТикТок од Украина од Киев, се спремаат за онлајн настава... Животот си тече како така. Ние овде поголеми паничари од тие таму.. @Cosmi аман жено не пишувај се овде има луѓе кои се во panik mode.
Јас не знам кои се тие луѓе, градот им е под опсада 2 дена, им кажуваат еве коридор за евакуација на цивили што има во суштина преносно значење, они седат и чекаат, снимаат тик ток видеа?!? Не знам, паник или не паник, мене ми е лудост. Јас луѓето за кои знам, среќа сега евакуирани, првите денови молеа за безбедна евакуација и ништо друго не им беше важно, најмалку тикток видеа.
Oва е straight to the point. Може ли некој да објасни за постари особи ко мене вака, што немаат тик ток...?
На видеото цивили по улици ко крушки, значи луѓе по фармерки облечени, не војници во униформа, другите онлајн настава? Другарка на другарка, јас не се знам со неа, ама заедничкава другарка ми пренесе дека буквално во подрум седеле и постојано имало апели да најдат шелтер и да се скријат. Во таа ситуација све можам да замислам, ама не и онлајн настава. Надвор од Киев и овие неколку града што беа скрос нападнати можеби..
И ја се чудам со кој памет снимаат Поготово оној шо снимаше кога го погодија резерватот со нафта Знам дека пари ќе добијат од тоа, ама вреди ли ризикот за тие 1000€ колку и да даваат Иди сокриј се не снимај
Па и настава ќе имале? Од каде? Директно од скривница. Таму мрежа нема они настава ќе држат. Да, секако.
Или тоа, или наместена е целава работа, штом едни бегаат у скривници а други се снимаат за тик - ток. Зошто они сигурно знаат нешто повеќе од нас. Не знам, веројатно многу грешам, али поред толку медиумски спинови и хајки веќе во ништо не може да се верува.
Ај цивили ама војници во униформа се снимаат за тик ток? Епа, премногу е. И то снимаат глупости, како се влечат на лопати за снег, па како играат тикток денс и слично. Разбирам дека се 18-19-20 годишни, првпат фатиле пушка ама ептен дечински ми е. Ко да не сфаќаат шо им се дешава, ко на екскурзија да се.