Па тоа они такви и бараат за жал да бидат војници во први редови. Некој што сфаќа што му се дешава / ќе му се дешава не иде свесно во војна. За да идеш во војна, прво многу добро мораш да го измамиш народот дека за идеали е војната Инаку никој народ нема да ти војува.
Да не би ме држела за збор. Чинам дека сабајле на некој Хрватски канал гледав вести или што беше. Се работеше за помал град на истокот од Украина каде што Русите поминаа и заминаа.. Немаше конфликти и недоразбирања и тсму се течело денеска како обичен ден... Настава градинки одење на работа. Мислам дека не се работи за Киев ако е истата информација.
Не знам луѓе, сега веќе не знам како е, ама тие што директно имав информација на самиот почеток не беа ни приближно олку лабави. Само во подрум седеа, дури не добија информација за безбеден коридор за цивили, и така се евакуираа. Велеа дека гранатирање се слуша цело време и дека не се ни осмелуваат да излегуваат на приземје, дека одат исклучиво по потреба на горниот дел од куќата. Збунета сум, контрадикторно ми е. Инаку не беа во Киев.
И овие не се лабави ама тоа е. Кога ќе свирне сирена одат во скривница или кај што мислат дека е сигурно. Така беше и во Белград кога бомбардираа.
Хм не знам како било во Белград, ама во Нови Сад дефинитивно не беше така, луѓето 10 цели дена во скривница/подрум беа по првите бомбардирања. После само по потреба излегуваа. Барем тие за кои знам
Па не е најверојатно исто во скроз секое делче во Украина? Сигурно има некое градче кај што се полабави за некој степен. Инаку не луѓе, каква хајка, што ви е. Следам луѓе од Украина, една жена лично ја знам и буквално се снимаа деновиве пред да избегаат, у подрум седеа. Од милиони луѓе нормално дека ќе има некои што ќе се заебаваат на тикток, не знам зошто се чудите.
Имаме. Во Ск бар имаме. Ама немаме скривници... @Angie1432 женава е украинка која живее во Америка и Украина, моментално е со 2 годишна ќерка во Киев. Така да не е некое детиште. Напротив она собира донации за помош.. Итн.
Ама Нена вика од Киев се, затоа. Киев два дена се стега обрачот и којзнае што му спремаат. Да е некој град на западот, секако дека нормално живеат, нема напади таму.
Во Скопје имавме. Ако не сте ги расипале или украле во меѓувреме И скривници имавме, после ги користеа за садење печурки и остали мали бизниси. Абе к-15 @nena2010 дали Турција забранила воени бродови преку босфор за сите?
Отвори види ќе видиш дека жената е од Киев!! Поентата не ми е да ја минимизирам сериозноста на состојбата туку да кажам дека они таму се похрабри и веќе си се бодрат што ќе прават кога ова се ќе заврши, а ние овде само што не сме направиле бегалски конвои. Полека малку.
А кај мене па обратно Не верувам да имаме сирени во било каква состојба, ама зато имаме бункер на Галичица
Не викам дека не е, само дека ме чуди. Лудост, како и да е. Забегани се луѓето, во војна тиктокови да снимаат.
Шо се секираш ако дојдат во Мкд двата аеродроми ќе ги срамнат и ќе продолжат до Струмица по ајварот и ќе си одат.
Путин дал 20 дена да се заврши се. Така да.. Штом скокна цела европа, америка не скаат војна бе луѓе полека. @ушко ние нема ни да знаеме дека се десило.