И сега, на кого да веруваме? https://www.navalnews.com/naval-new...es-the-dardanelles-and-bosphorus-to-warships/
На кој начин ќе пуштаме опрема ако немаме за нас една сирена и скривница? Инаку ако прам мајтап, истражени ми се сите бункери и знам дека ништо не не' спасва, јас имам последици од војната во 2001ва и цел живот страв од војни. Секогаш бев со план каде да се бега, ама не мислев дека некогаш ќе ме снајди.
Па убаво пишува дека ниту еден брод не се ни обидел да помине. Договор Ердо-Путин. @Ugly Duckling ај смири се. Те молам.
Се изначитав коментари... ситуацијава ја пратев повеке време и кога на некој му велев ке се случи ... никој не ми веруваше. Дали сакам војна НЕ. Апослутно. Ама сметам дека потегот на русија беше неопходен. Многу ми е жал кога гледам дека луѓе умираат или на нашево дереже денеска само празни полици во супер маркет да гледам оти народот е преплашен дали ке може за една недела леб да си дозволи. Имам против поединци кои сметам дека намерно предизвикуват штета да трошат оруже и да глумат демократија и демек се добри а убиваат народ и го деведуват до просјачки стап. Кога се случи во Кабул никој не дигна толку голема фама... тие нели се луѓе.. нели заслжуваат исти права? Мислам дека Трамп во говорот убаво си кажа. Колку противници имаше тој затоа што не беше слаткоречив ,а беше единствен што не предизвика војна.
Трамп беше трн во око за Американскиот конгрес зошто им го кинеше бизнисот со оружје. Сенишниов ги врати на старите патеки од БУш и Обама.
Крајот ќе биде поделба на Украина. Бугарија ја сели амбасадата во Лавов. Киев, Крим, Хорков ќе видат руски. Зелениов нема да потпише зашто се чатали, ќе дојде друг, овој дедо Бајден ќе му даде азил и чича мича готова прича.
@Ugly Duckling и @Celltica Убаво пишува @nena2010 за ваше добро смирете се. А за да се смирите треба што помалку да читате и следите новости за ситуацијава, зашто колку повеќе читате и гледате, толку повеќе го храните стравот и анксиозноста. Не е убаво за здравјето толкав стрес и страв 24 саати секој ден да преживувате, ова најдобронамерно како на сестра и како на најдобра другарка ви пишувам Нема во темава да исправам криви дрини кој е крив, а кој е прав. Само се молам што побрзо да заврши за да не гине невин народ и да не се рашири по светов. На @Billy Idol капа му симнувам за некои постови
@ivi1987 , фала ти многу. Ми значат вашите зборови што ги добивам и тука и во инбокс. Се трудам колку е можно да објаснам бар од тоа што знам што и како се дешава пошто ја пратам ситуацијава уште од 2014. А и лично имав некои поврзаности со тој крај. Се трудам секогаш неутрално да пристапам и така и да споделам информација. Дали има некои новости вечерва? Некако тивко ми делува по интернетот. Во меѓувреме, Украинците откриле како да ги детектираат инфрацрвените сигнали кои се користат за наведување на цели, означување на мети за таргетирање, бомбардирање итн. итн. И тоа со камера од поевтините телефони. Извонредно.
Нена,ти пратиш политика,војната во Сирија ?каков договор Ердо и Путин. И дај разговарајте ко возрасни луѓе. Темава е дискусија за нападов на Русија. Кој се плаши нека не влегува и дискутира. Не сум должна на јавен форум да мислам за туѓи паники.
И треба да трубиш. Зашто стварно страв ко што може и психа и здравје да сјебе, ништо друго не може толку.
Ердо е веќе замерен со Путин уште во војната во Сирија. Ако не пратите политика, не коментирајте безврска.
Еве и јас да те пофалам, и да кажам, ко ќе бидам прецедник на Утопија, во свет без оружје и со изобилие, одма покана добиваш. Дури и покрај тоа што мислиш дека индијците се попаметни од македонците, што секако не се
Ние во Мк во куќата имам скривница, мислам како подрум е, не знам како да објаснам и има намена за војна. Свекор бил бивш ЈНА, плус се Руси по потекло, пребегани за време на болшевистите. Јас разбирам санкции, ама зошто удараат по обичниот народ, спортисти? Да се осетиш во тешка позиција. Јас со презимето, ако ова потрае, буквално етикирање на се руско. Баш читав имаше статус дали и Маша и Медо ја забранија.
И го избраа овој ... преку избори во Македонски стил. И ја стават сега и Србија во тесно преко Косово. Мора со нас да бидете бидејќи и вас ке ве пукаме. И Србија е во тесно бидејки од нив беше Белград бомбардиран.
Спомнав вчера завчера некаде во темата. Бин Ладен изјавил околу 1..2 год пред да биде ликвидиран. Нешто во смисла недај боже да дојде Бајден до моќ.
Скривница е и подрум. Ние во подрум си седевме 2001. Скривници има во секој град од бивша Југославија,само господ знае во каква состојба се. Нема потреба од никакви муабети од скривници сега.
Нели постоеше една оваква држава, Либерленд, од тој Чехот што си ја присвои таа не присвоената територија на Дунав. Па планови, утопии, биткоини Сингапур на Балканима. Еј, за Индијците така рече тој предавачот, Французинот. И тоа не дека се најпаметни, туку едни од најпаметните. Најпаметни сме секако ние. Одбран народ создаден од Госпо Бог на 9 ден. Се тоа е запишано у светото Македонско писмо коине на каменот од Розета. Убо си кажа проф. Тентов дека само Сонцето е постаро од Македонија.