Да се потцени за што? Украина и не се подготви за војна, не го повика ниту резервниот состав да војува. Авионите не ги полетаа за да извршат против напад. Не држат дефанзивна линија, едноставно им дозволија на Русите да навлезат. Не се спремаат ниту за контра напад во транзиција, ниту пак за герилска војна. Ова е исто како НАТО кога ја бомбардираше Југославија, а Србите возвраќаа само онолку колку да се заштитат. Сега во наредниве неколку дена ќе има само преговарање, т.е. прифаќање на руските ставови и секако преговарање за некое искупување на украинскиот врв со Зеленски, нешто во таа смисла ќе договорат.
Western Allies See Kyiv Falling to Russian Forces Within Hours (7:54 p.m.) Kyiv may fall to Russian forces within hours as Ukraine’s air defenses have been effectively eliminated, according to a senior Western intelligence official. Russian troops are advancing toward Ukraine down both sides of the Dnieper river and look set to take the capital, the official said. Извор: Bloomberg Исто така, воените аналитичари сметаат дека Русите се вложија за да го заземат Чернобил бидејќи можат на раат да се спремаат за напад кон Киев, бидејќи украинската војска не може да ја гранатира областа поради ризикот од ширење на радијација доколку несакајќи се погодат клучни места како што е самите реактори.
Со самиот факт дека прогласија воена состојба (што значи секој има право да поседува оружје), со тоа што повика да излезе секој што има воено искуство-се бори. Не знаеме сепак дали седела со скрстени раце баш периодов додека Путин се закануваше. тргни ја Југославија на страна, да не правиме споредби. ако е вистина дека путин сака разговори иако им влезе во територија, ова е чисто покажување заби кое апсолутно можело да се избегне. Ако добро прочитав, има загинати Руси и тоа скоро исто колку што и Украинци. А одеше и снимки од бутнати нивни авиони. Види. Ние гледаме трошки од тоа што стварно се случува. Украина за жал е само пиун. Ама и не е толку слаба колку што ние мислиме.
@LiliBoz Украина е слаба,корумпирана и растргната ,пропадната држава. Нема никакви шанси со Русија. Тие хушкачите,а во прв ред Бајден кој уште како сенатор и беше присутен често во Киев,заедно со европјаните и Нато се тие кои ќе ја штитеа од напад наРусија. Ако почнат борби внатре во градовите,и го земат Киев со Украина е готово,а се плашам дека уште некоја ќе биде следна.
Истото го зборам и јас, само од друг агол. Украина е пиун. Русија се бори со Америка уствари. Кинеските авиони се јасен знак кој со кого војува. Кога велам не се толку слаби мислам на следново- 45 милиони се. Дали ќе седат со скрстени раце? Не верувам. Дали НАТО ќе им помогне со тоа што од земјите членки ќе прати засилување ако стигне до тој степен? Верувам. Затоа и од кај нас спремаат де. Јас стварно не сфаќам што не се истепаат Кинезите и Американците и да завршиме со ова. А баш сакам да чујам мислење зошто путин ОТКАКО им влезе ете решил пак да преговара!?
Па нез, воени аналитичари ко шо цитирав горе велат дека ако продолжи темпово многу брзо ќе биде готово. На Радио слободна Европа, Ројтерс, и Русија денес, има многу видеа како украинските војници се предаваат со бели знамиња. Авијација више нема. Парламентот бара од Зеленски да зборува со Путин. Украина има 40+ милиони жители. Не изгледа веројатно дека Русија сака да ја окупира целосно. Барем не со 150 000 војници. Многу поверојатно е дека се работи на тоа што Путин и го кажа, проширување на границите на Донецк и Луганск, и растурање на украинската војска и нејзино разоружување. Авијацијата ко што велат на медиумите е целосно во аут. Останува уште магацините со оружје и останатата воена инфраструктура. Ако го стават Киев под опсада ќе бараат нова влада, про-руска, и објавување на "неутралност", со што Украина би станала тампон зона измеѓу западот и истокот. Ама ако му се наредат картите, ништо чудно и да земат уште некое парче земја.
Не им праќа НАТО војска ниту пак некаква помош. Ги пуштија низ вода уште пред недели. Ги оставија сами на себе. Резултатот беше јасен. А не знам како иначе се завршува војна ако не без преговарање. Секоја војна се завршила така со прифаќање на преговарање на маса. Работава е само кој ја има моќта на таа маса. Во случајов ја има Русија. Инаку секако нема меѓу себе да се тепаат Русија, Кина, Америка. Не дај боже да се затепаат. Крај на свет ќе биде тоa. Затоа вака ќе си отвораат прокси војни како Авганистан, Југославија, Сирија, Египет, Грузија, Украина итн. итн. Која е следна? Некоја од Западен Балкан можда?
^ и сето тоа мора на најгнасниот начин... двајца браќа за две ниви вадат пушки. деца страдаат. мене не ми се верува дека тоа е целта. ама пак , што знам јас...
друже... не се плаши од војна. плаши се од економијата. мене искрено коски ми се тресат од тој аспект. затоа и пратам.
Абе и економијата е еден вид на војна. Само не директна. Еве пр. огромен процент од нашите земјоделски култури ги извезуваме за Русија, Украина, Белорусија, Молдавија. Сега поради санкциите нема да ги извезуваме и или ќе ги даваме за багатела, или фрламе. Значи ние губиме.
НАТО = 30 земји (3,5 милиони војници) Русија = 1 земја - 2 милиони резервисти + 1 милион комбиниран воен персонал + (Кина и Индија поддршка). Напад на НАТО врз Русија би означил Трета Светска Војна. Путин сабајле изјави дека нема да бира средства за одбрана на Русија и дека секој што ќе се обиде да ја спречи ќе се соочи со последици невидени во историјата, во превод, не размислува дали ќе употреби тактички нукс...
Јас како што прочитав немало да се напаѓаат цивили, Путин така изјавил, сега тука пишувате имало загинати.