Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Спортистите се професионалци без разлика од која држава доаѓаат. Цел живот се борат да успеат и да одат напред.
    Посебно тенисери и олимпијци кои цел живот сонуваат за тоа...гревно е да се удира по нив искрено.
     
    На Ivan4e04, темјанушка, prashinka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    5.618
    Да, ама тие мерки се моментални, гревни се многу работи во целата ситуација и во двете држави. Ама тоа што некој спортист нема да си го оствари сонот не е полошо од разрушен дом, разрушена психа и трауми од војна.
     
    На cresa-jagoda, Yowannty, La Stilla и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Па затоа на политиката не и е место во спортот и не беше неопходна таа санкција да се донесе.
     
    На Angie1432, monpan, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.160
    Допаѓања:
    17.623
    Пол:
    Машки
    (Видео) Руските командоси пред Киев: Снимија порака и се обратија до украинскиот народ и војска
    Untitled-31.jpg
    Руските специјални сили снимија апел до армијата на вооружените сили на Украина од околината на Киев.

    -Апелирам до украинските војници. Ние не сме Американци и не ви носиме демократија. Ако ја имате, тогаш нема да ја допреме. Украина останува украинска. Во блиска иднина ќе го отстраниме режимот што ве продава на странци. Не трошете ги животите на тој трулеж, зачувајте ги за вашата земја и вашите најблиски. Не ни се спротиставувајте и ние нема вас да ве напаѓаме. Не можете повеќе да имате полошо од сегашната влада. Нарекувајќи ја Русија непријател и повикувајќи го НАТО овде, не ни оставија избор. Ние не сме непријатели. Ќе видите уште малку, се наведува во апелот.

    Видеото може да го видите тука
    дасдс.jpg

     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, monpan и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.179
    Пол:
    Машки
    Изгледа алгоритмов на Јутјуб добро работи, и мене ми искочи истото видео. :D

    Иначе Путин беше многу одмерен лидер до сега. Секогаш стоеше на страна и никогаш не се впушташе во ништо нерационално. Онака, си ќутеше и си се јакнеше.
    Ретко правеше грешка во надворешна политика. За внатрешна, не знам.

    Ама во 90те по распадот на СССР во Русија беше огромен хаос. Рецесија, сиромаштија, транзиција. Има по некои слики од тоа време каде што таму изгледало како да е пост апокалиптичен свет.
    Лидерите на СССР тогаш работеле за внатрешно разорување на системот.
    А, и по падот, на чело на Русија доаѓа Борис Јелцин. Човекот буквално одработувал за САД и е прогласен за најлош лидер во историјата на Русија.
    Долга и широка е приказната за се лошо што има направено.

    Од кога е дојден Путин, направени се радикални реформи, и системски, и воени, и секакви. Се модернизирала Русија од едно комунистичко општество во капиталистичко - олигархиско.

    Тука и бил најголемиот проблем што олигарсите всушност биле тие што владееле со Русија до тогаш, а не претседателот. Нешто слично како што е сега во САД со капиталистичките корпорации (world economy forum).
    Путин успеа да ги стави под своја контрола, и иако им дозволи да се богатат и понатаму, им ја лимитираше комплетно моќта и ги направи свои поданици. Истото е и во Кина со корпоративните олигарси кои се директно управувани од страна на државата. Сите тие џинови како Баиду, Алибаба, Тенсенд не смеат да носат одлуки самостојно и мора да одат на рапорт кај Џи Пинг.

    Во Америка е тоа обратно. Централната власт нема моќ и не ги контролира Фејсбук, Гугл, Амазон итн. итн.

    Втора клучна работа што направи Путин е тоа што успеа да исчисти се шпионско од службите на КГБ, ФСБ, војската, адмирали, генерали...

    За време на транзицијата остана во добри односи со Америка и им дозволи влез на американски капитал во фирмите каде што се вршеше главното производство, за потоа полека да го превзема во свои раце.
    Во ова и не успеа толку вешто како што успеаа кинезите. А како они успеаа да ги копираат сите производствени тајни, процесот цел и технологијата е исто долго и широко, ама многу битно во ситуацијава.

    Путин успеа да ги стави под своја команда и Чеченците. Народ со кој војуваше, страшно се ратоборни и не се предаваат. Добро, сеуште високо ги финансира од државни пари и затоа Грозни изгледа бетер од Скопје во кич.

    Освен природните ресурси, нешто најбитно што го поседуваат Русите, а кубури Америка е човечкиот фактор. Имаат страшно добри научни универзитети каде што излегуваат кадри кои ги поместуваат границите во технологијата, медицината. Не онаа за масовна употреба, туку највеќе за воена технологија. Ама сите откритија прво одат за воена употреба, па потоа за јавна. Пример интернетот бил користен од страна на американските војници уште во 60те и 70те кој го измислиле за делење на информации и комуницирање, за неколку декади подоцна да стане масовно нешто. Исто и за ГПС системот. Русите го имаат ГЛОНАСС ама само за воена употреба. Значи, не се насочуваат кон производство за масовна употреба и за ширење на економијата на тој начин до сега.

    Исто многу битно е глобалното затоплување што им оди во нивен прилог. Им се отвораат огромни пространства со плодна почва за храна. И со топење на мразот се отвора таа арктичката рута за размена на стока и трговија. И секако базените со нафта, природен гас што ги има на Арктикот.
    Еве едно видео што значи ова и каков проект планираат да прават на северот.

    Така да. Генерално во позитивна насока им се движи државата од кога ја превзема Путин. Не е идеално, имаат и они проблеми. Посебно со стареење на населението и негативниот природен прираст.
    Ама дека Путин прави добра работа за Русија, прави.
    Е сега лошото кај овакви автократи е прашањето што по неговата смрт? Дали може пак ќе има борба за власт како по смртта на Сталин со што ја турнале земјата во рецесија, или пак веќе врвот има човек кој е планиран за негов наследник. Медведев, Лавров, Шојгу се луѓе кои се истакнуваат.
     
    На Ivan4e04, темјанушка, Angie1432 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Така е
    Ама не вика така сите кога Џоковиќ не го пуштија на АО
    цел Балкан и Европа се дигнаа на нозе
    Збориме дека не е фер, пошо не се ништо криви.
    У УЕФА, кој гледа фудбал, златно мото е
    Say no to racism.Го даов како пример пошто не е напраен за ширење мржња
    Спортот е измислен за народот да се дружи и забавува, не да се сепаризира.
    И самите спортисти шо се Руси, не се криви за одлуката на државата

    па глеј, да не ги предупредеше, ќе беше не ги предупреди, го испоуби Киев.Ги предупреди-не чини
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Реално, од кал ја дигнал Русија.Не им цвета сеа ама не смеат да му писнат, а и олигарсите ги стаил под свое
    И ја дур го гледав видево, си реков што после човеков?? Што ќе биде со државата.
    И тоа рачунај до 2036та ќе биде на таа функција.За 15 год отсега ќе има 84 години!
    Сака да е како Бетче, долго да владее
    Башка доста му работи мозокот како за 70 год човече
    Башка чим бил таен агент, мозокот мора да му работи ладнокрвно, тактички и оперативно.
    Супер работи алгоритмот на Јт.
    Вчера мене ми искочи видеото тоа за преживување нуклеарка
    @Cosmi мислам го постирсше прееска
    Од што се збори на темава веќе не пратам кој што како..
    Иначе Било за другово се слагам скроз со тебе
    Т.е шо ќе се слагам факти се тоа
     
    На prashinka, fana, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.970
    Не ти е срам на психопат да опсипуваш вака со комплименти? Дали и на Хитлер истово би му го рекла?

    Значи Путин кој на рацете има чеченска, грузијска, ерменска и украинска крв е светец, ама овие од фифа треба да умрат?
     
    На Munchmallow20, Yowannty, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Што се дешава некако се стишија вестите денес
     
  10. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Путин игра фудбал.. нешто кошарка? На олимпијада е?
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    Санкции секогаш се користат за политички притисок.
    Ништо ново.
    Веќе нема изговор за рускиот народ.
    Свесно даваат подршка и ги праќаат своите синови да ја напѓаат Украина.

    Инаку не знам дали е познато во регионот на Доњецк се носени Руси после 1933 год.после изумрените украински селани од глад.

    Од глад за време на злосторството и геноцидот Г ладомор имаат умрено 3,9 милиони селани Украинци.

    Во градовите не,бидејќи се спроведувала русификација,населување со Руси.

    За време на суровите закони на Стаљин,каде се казнувале со одземање храна села кои немало да ја исполнат квотата за производсвото на житарици.
    Или тој што е фатен да краде клас пченица бил стрелан.
    Така од глад умирале многу луѓе што ги довело до канибализам и да се јадат меѓу себе.

    На пописот после имало значително помалку Украински селани.
    За Гладомор долго не смеело да се пишува.
    Прогласен е за акт за геноцид на украинскиот народ.
    Доколку Украина падне во рацете на Русија ќе биде истото.
     
    Последна измена: 1 март 2022
    На Yowannty, Bezimenka90, simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.970
    Не, ама има крв на рацете. Зошто него не му посакуваш смрт? Среќен си за сите што умреле од него?
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Да ти дадам адреса да ме истепаш?
    Збориме за чоекот како фигура.Како душа можеби е покварен со ова, затоа што е нацист и си ја брани до последно
    Ама дека му работи мозокот не може да оспориме
     
    На Summerbaby, deskarada, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.179
    Пол:
    Машки
    Е не се знае што би било после него, ама нека си го берат они сами гајлето.

    Иначе ако ти се гледа уште видеа за геополитика, дечково од Азербејџан има одлична анализа на сите случувања и одговор на многу прашања. Добро е запознаен и со руската политика, нели поради самата блискост, и со турската, а и со западната.
    А и секогаш знае да донесе некои заклучоци кои гаѓаат директно во целта. Со една кратка реченица знае да ја опфати цела поента.
    Quotes master.









     
    На Feminka22 и fana им се допаѓа ова.
  15. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Посакувам на секој што заслужил да му се суди ако заслужил.. На секој.Путин има повеќе крв дома отколку ова сега.
    Инаку зошто се занимавав со спорт. За жал кратко заради Х причини. И самата помисла на тоа беше болна за некој што сака да успее како спортист.
    И некој заради политика да ти го оневозможи тоа во животот самото по себе е уште по болно.
    Гледано од спортски аспект.
     
    На Angie1432, Peanut Butter и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Били браво, те читам цело време и баш имаш одлични мислења поткрепени со историски факти и лични ставови без да заземаш страна конкретно во ситуацијава. Како што би требало да размислува секој нормален во оваа ситуација.

    Путин дека е одличен лидер за својата држава тоа е несомнено ама сепак е политичар а никој политичар не е чист. За да бидеш политичар треба прљаво да играш и поради тоа ниту еден политичар не е за глорификување, особено не во конфликтов. Тури му пепел на сите. Двете страни во "миротворна" мисија а секој ден се губат човечки животи.
     
    На Amellie13, dunika, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.179
    Пол:
    Машки
    Ова е точно и е едно од најголемите злосторства кои ги извршил Сталин, а извршил многу. Само што не биле Русите тие кои го направиле ова, туку СССР, а лидерот е Грузиец, не Русин.
    А дека таа храна главно завршила за прехранување на Москва и Санкт Петербург, завршила. Дека Русите секогаш ги гледале потценувачки Украинците и им вршеле терор, и тоа е точно.
    Имаат некоја слична историја и релација како ние со Бугарија. Ете, баш така гледаат Украинците на Русите.

    Политика на раселување на народите во СССР се правело во сите републики. Така и Русите сега се 35% во Балтичките држави. Систематски се правело ова за да се меша населението и се направи една нација со заеднички карактеристики за да се има унитарност, и уништи национализмот.
    Истото е правено и во Америка каде што пред и по ВСВ имало цели квартови, а луѓето си се групирале по тоа од која земја доаѓале, Ирци, Италијанци, Германци, Евреи. Сега веќе не постои такво групирање и иако си го знаат своето минато, веќе немаат заедничко групирање и влијание. Сега Америка е повеќе поделена расно, отколку национално.

    И во Југославија се пробало со тие меѓунационалните бракови и мешање на народот, ама не успеал Тито во идејата и потоа тоа било клучното за распад на Југославија.

    Инаку, една од причините зошто се предомислувале дали да влезат во ВСВ од страна на Алијансата било и фактот што доста голем дел од германското население било против тоа.

    @x-MajaEsposito-x , фала ти. Гледам што е можно со факти и докази да поткрепам мислења и да променам некои гледишта овде кои се воглавно црно-бели. Во светот нема такво нешто, се е сиво, и се е од интерес. Не е ова Марвел филм со суперхерој и негативец. Сите се негативци за сите други, а херои за сопствените луѓе.

    Има една мисла од еден македонски филм, Илузија: "Јади, за да не бидеш изеден."
    И така е во светот. Големите ги јадат малите.

    Ако се имаше комплетен баланс, ние сега немаше да пишуваме на интернет. За да можеме да го правиме ова од топлите домови, со струја, вода, храна и сите други поволности кои ги имаме, некое дете таму во Африка мора да копа литиум и други минерали за да ни го овозможи овој луксуз.
    Секој сака да има мир во светот и да е се праведно, а никој не сака да се откаже од својот луксуз. :)
     
    Последна измена: 1 март 2022
    На Ivan4e04, M.B., темјанушка и 14 други им се допаѓа ова.
  18. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Многу дркање на Путин на темава, џоа кајгана да читам.
    Вратете се малку назад во историјата, нешто така Варшавски Пакт, историја на Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Чехословачка од тоа време. Дали некој знае за унгарското малцинство во Романија и колку се?
    Плус ќе прочитате за Литванија, Естонија и Латвија.
    Со кој биле и како поминале.
    Па после Белорусија, Молдавија и Украина, од 45та наваму.
    Јаготка на шлагот, Грузија и 2008ма. Со Абјазија.
    И видете зошто најголемите протести против Русија беа баш во тие држави, а не смеат да галамат многу на темата.

    Кога ќе ја проучите целата историја на овие држави, ќе видите дека и руската федерација не ги галела, туку нон стоп се под окупација и тортура. И не е само Уса лошиот батко во приказнава. И двата се.

    Плус, рускиот напад на Авганистан.
    Или што, мислевте дека америте го освоија за прв пат?

    Има и помали батковци. Знае некој за Курдите и нивната историја?
    Нигерија? Палестинци и израелци?
    Ќе заокружиме, ќе извлечеме поука?
     
    На asdas, senjorita-v, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.511
    Допаѓања:
    191.362
    Не е тоа спорно. Ништо такво на пример не се случувало во егејска македонија, јер таква македонија не постои. Не е спорно ни дека има ,,романтични,, идеи за украинците, како бугарите што имаат за македонците. Не е спорно ниту тоа дека ,,среќно,, живееја заедно во ссср, и дека луѓето меѓусебно не се мразат од чиста мира. Уствари русите им се на украинците all in one комшии, ние за вакви комплицирани односи имаме дури 3 комшии. И се ми се чини дека сличен стап ко нас ќе јадат украинците, ама тие си знаат. Јер сериозно, разлика меѓу гарантирана независност ( од типот на швајцарија) и влез во Нато, не гледам. Ама Зелински има мисија сега, па останува да видиме дали ќе одат работите според планот или ќе одат у тиииит.
     
    На senjorita-v, Celltica, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    Југославија се распадна поради изразениот национализм на Србите,Хрватите,Словенците.
    Тие не се гледаа никогаш во иста држава.
    Што се однесува за Путин,заборавив.

    Ги снабдува цел свет со енергенси ,а има ГДП помало од Италија.
    Тоа не е успех.
    Да се затвориш во Кремљ,осклучен од реалност и да се закануваш на цел свет уште помал.
    Каква гарантирана независност ?!

    Русија веќе го прекрши меморандумот од 1994 год.потпишан во Будимпешта со кој и гарантираше на Украина независност и суверенитет вклучувајќи го и Крим во замена за нуклеарните оружје кое го наследи Украина.

    Зелински колку и да го омаловажуваат како инфилтриран комедијант или нацист ко што го нарекува Путин сепак е очигледно дека има подршка од Украинците,а тоа се 40 милиони луѓе.
    Еве и да ја поклонат Украина на Русија,како ќе владее кога народот не сака да биде под руска чизма.
    Имаа две опции да ја подвијат опашката или да се борат ,одлучија да се борат, зошто да се предадат на лудак со митоманија за обновен руски свет .
    Не можат да го јадат Украинците со оваа масовна подршка што ја имаат.
    Пореално е дека Путин и русите ќе ги доведат до питачки стап со санкции додека не си ги повлече трупите од Украина.
    Зошто не го завртува вентилот и го прекине дотурот на гас,ко што се силеше?
    Зошто се тотално готови ако го направи тоа.
     
    Последна измена: 1 март 2022
    На Ahoy, CameliaMiller, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.