Формално нема услов. Неформално, поголемиот број од составот на членките на ЕУ претходно се влезени во НАТО. Само неколку членки не се во НАТО сојузот.
Фала што ме информираше, не знаев јас. У пештера живеам па не правам разлика меѓу двата најмоќни сојуза во Светот. Како буквално и селективно читате, тоа е чудо едно.
Заборави да кажеш дека во истиот Украина се обврзува дека нема да има тестирање на нивна територија. А НАТО сака база таму. (?) Еу и САД го оправдаа, а веројатно и предизвикаа државниот удар во Киев. Или тоа според твојата дефиниција, не е прекршување на меморандумот‽ Од 2014 работите одат во се подолна линија. Меморандумот по концепт, не е правно обврзувачки, освен по некои минимални карактеристики во склоп на меѓународното право. А тоа никако не значи дека постојат гаранции за негово спроведување. На жалост! САД и самите изјавија дека не е правно обврзувачки, но дека го разбираат многу сериозно. Како не знам, пошо и самите не го почитуваат. Зелениот е инсталиран од САД и тоа е јавна тајна. Колку сака нека има поддршка, луѓе гинат, мајки остануваат без синови. За зелениот, ЕУ, САД, Русија. Поддршката ги бутка во војна која може да изгуби контрола и да се прошири надвор од граници. Наместо да финансираат оружје, итно треба да ја прекинат фарсава што ни ја приредуваат! Тие уште дотолку притискаат. Изгубена битка е. Трагедија за народ, за нечии туѓи сценарија.
Затоа што ќе нема како да го нахранам детето, уште не сум спремна, не сум купила шума со дрва. Мислам, ако не можеш да ги разбереш последиците од ова, ај потсети ме, од кои економии зависеше македонската?
Најапсурдно е што знаеме колкаво влијание имале досега и застанувале на страната која не е во право низ историјата. Да беа некои пацифистички земји чија историја е полна со пацифизам и правда, ќе сфатев дека се работи за поголема цел (како на пример да се сопре злото?). Ама во случајов имаме борба на два малтене олицетворенија на зло, кои својот грб си го чуваат, ама затоа ќе се кршат на грбот на една немоќна земја со продадени политичари, земја што нема да дозволат никогаш да просперира ни едните ни другите (познато така?). Не знам, стварно на моменти ко на фудбалски меч се осеќам или во кино на акционен филм на темава. Уште на крај ќе те обвинат дека си за таа или онаа страна, а ти си всушност само на страната на животот и знаеш дека тука никој никого нема да запре, дека многу веројатно зад затворени врати ситуацијата не е таква каква што ни се прикажува. Не учеле историја луѓето затоа се диват на ЕУ и Русија. Или учеле напамет. Или заборавиле дека по однос на Балканските војни и особено македонското прашање, и двете страни отсекогаш биле отежнувачи на неговото решавање. И двете страни ви ја поделија државата, драги мои, и двете учествуваа во егзодусот на Егејското население и угнетувањето на Пиринското. Ама ако, тепајте се вие кој е појак.
Не се споменува никакво тестирање во тој меморандум од 1994. Крим си го зедоа или може после договорот од 2014 си ги прибраа паравојските? А Војнава е прво за територија. Зошто се оди во запдна Украина,зошто на Киев инаку? Па после Нато членство. Зелениот и Украинците имаат легитимно право да одлучат да се борат и да одлучат со кого сакаат да одат. Избрале Сад и Еу. Вие навивате да се предадат, од свои причини сакате војнава побрзо д а заврши,ние раат да имаме. Да немаме економски последици,нас да ни е арно,секој за себе нели, а гајле ни што Украинец не сака да живее под Руска власт,после 30 год. Нека се предаде нели. Нема да заврши и да се предадат! Тогаш е следна Грузија и Молдавија за Путин,па балтикот. Зарем не сфаќате дека со предавање на Украина ќе му се направи услуга на Путин? Дека со предавање ќе се отворат еден куп пандорини кутии низ светот?! Знаете колку Украини можат да се случат ако му се дозволи победа на Путин и предавање на Украина? Зато се ЕУ во оваа војна. Помалку сонување,повеќе реалност. Нато значи заштита за комплицирано соседство. Да не бевме сега во Нато,што ќе ја спречеше Бугарија по ист руски принцип,да си прогласи република? Или Србија? За Албанија да не зборам. Италија да си ја бара Истра. Или Маѓарска Марибор. Итн… Еу од денес со свои 70 авиони учествува во оваа војна. И уште нешто. Прв пат Германија после х години се наметнува како воена сила со зголемување на воениот буџет и учество во оваа војна. Значи Путинофобијата оставете ја на страна. Синови и на нив им гинат ! Зошто се агресори?! За што,за Путиновите апетити и желби за територии. Нешто ко Милошевиќ во екс Ју. Како па да не. Крајно ќе си ги вклучат нуклеарките што ги исклучија поради зелените партии. Ти навистина мислиш Еу наивно влегува во ова?! Ќе зависеле само од Русите. Еве не го ни исклучуваат плинот русите,не само што не го исклучуваат туку и ќе ги молат европјаните да им продаваат плин.
Ај разбуди се. Ти навистина ко некој филм да гледаш,за каков пацифизам и мир во светот фантазираш Какви страни?! Во моментов Русија врши агресија на Украина. Не е филм,реалност е. Има само една страна,подршка за Украинска држава и народ и осуда за агресијата на Русија.
Неќам да се разбудам, анархист до крај ќе сум Фантазирај си ти за подршка некоја, кои глупости боже ме сачувај. Профит е во прашање, не поддршка. На двете страни. Кога сте испрани мозоци нека ве возат.
Кој не вози? Ако даваш подршка на Украина и украинскиот народ тоа значи,не возат Да пишав,Русија ќе има профит-територија. Факт е дека Еу дава подршка на Украина,каков профит ќе има? Еве да чуеме? Освен политичка моќ,обединување и ставање во ќош на Путин. Кој е твојот став не прочитав освен мир во светот?!
Ааааа, поголем профит од производство на оружје има? Пола американска економија зависи од оружје и активни конфликти. Мислам дека и тебе ти треба будење...
Какво сега производство на оружје мешаш. Ко да не знаеме што произведуваат американците. Прашав каков профит имаат Еу што влезе во оваа војна?
Па кога сама немаш согледано кој те вози во текот на целиот твој живот досега, од образование и вклучување кликер, јас сигурно нема да ти објаснам. ЕУ за греота, ич нема да имаат профит поедини членки од ова Те оставам да си веруваш во тоа во кое сакаш да си веруваш, не ми се навлага во темата долго и широко. Ако тебе ти е смешно што за глупи политики кои сигурно не се во наш интерес ќе умрат еден куп луѓе па се потсмеваш со тоа мир во светот, твоја работа. Поздрав.
ЕУ нема профит. Ама мора да го купат оружјето за да го дадат на Украина така? А за да го купат некој треба да произведува, така? А тој што произведува има корист од војна оти произведува повеќе, така? (ЕУ го јаде највише, освен индивидуални земји што имаат производство на оружје).
@Cosmi Не знам јас кој дел не ти е тебе јасен. Меморандумот апсолутно не е во корист на ситуацијава. Затоа што НАТО и САД цело време носеа или барем саака да носат оружје во Украина. Инсталираа влада, предизвикаа државен удар. За што сака НАТО да постави база таму? Украина не смее да поседува нукс според истиот. За какво почитување ми збориш‽ НАТО база во Украина, би значело поставување оружје, ракети или што ти јас знам. Не се разбирам во оружје. Зарем стварно не ја гледаш целта и мислиш дека Русија ќе го дозволи тоа? До сега не знам дали се насмеав на темава, ама лол на твојата наивност. И дај престани со изразиве, стварно не те личи. Вакви епитети ни ставаше и во другата тема за вакцини. Русофили сме биле. Свашта!
ЕУ како граѓани ќе имаат профит во минус. Тоа ни е јасно кажано, да не биде после не сме знаеле. Ама, тоа било цената на слободата. ЕУ како администрација, хм...зависи со кого си пишува смс-ки Урсула сега
Јас мислам запад се радува на оваа војна. Успеа да раскара Русија со Украина, и војнава им овозможи симпатии на јавното мислење и сите удрија со санкции против Големиот Лош Волк. И ги скршија орловските крилја, но канџите ги има уште/ Нема да нападнат и тие со канџи, оти нивните канџи се на врапќе и не им одговара,но на овој начин им одговара.
https://news13post.com/2022/02/28/путин-на-македонски-претседател-му-ре/ Краток дел од емисијата на Васко Ефтов. Ем небитни ем поделени