И ние сме угнетувани од соседот, ако може и нас ЕУ по брза постапка да не спаси од злобниот комшија Не, а? Демн
Повторно празни муабети. Јас те прашав за твој став. Не за мојот,мојот е јасен. Не ја подржувам оваа агресија на Русија,не ја подржувам оваа војна,овој напад на русите. И за мене тоа е единствен човечки,цивилизиран,демократски став. Ти немаш став. Мене ми е смешно што ќе умираат луѓе,се читаш ли ти што глупости пишуваш? Мене ми јасно,тебе не ти е дека со предавање на Украина кое ти го споменуваш,нема да заврши оваа агресија на Русија,ќе продолжи. За кој меморандум ти збориш Лиана? Го прочита? За тој во кој Русите гарантираа сувереност на Украина во замена за оружјето или за Минскиот од 2014. Украина не го почитувала,а Русија како го почитуваше?! Какво Нато наоружување,каква база упорно споменуваш,какви ракети ? Русија немала да дозволи?! Па Украина не е Руска Лиана. Прекинаа да и се тресат сите,зарем не гледаш? Каде напишав дека ти си русофил? Не измислувај во недостаток на аргументи. Еу си има оружје. Не е само Русија војна сила. Да и беше за купи /продај учествувај во војни,имаше прилики и има низ светов да војува,не е само оваа војна во Украина. Тука се работи за борба за моќ и обединето решавање на Путин.
Абе нас вака да ни свирнат од запад или исток, колку од вас ќе навиваат да станеме бугарска или албанска или уатевр? Уште пљукаме по Заев што продал име, држава, јазик и така натаму, ама вака сосем нормално кажуваме Украина да се предаде. Лицемерие мач? Мислам знаеме сите колку ни смета и Рамковен и двојазичност. И не знам кој е будала да смета дека Путин ќе смири мудата ако се предаде Украина. Договор? Пфф. Кој ќе го спречи да го прекрши?
Овде ја затворија руската Сбербанк. Имаат потешкотии и со социјални трансфери, а мислам можеле да се извршуваат трансакции до 400 евра само. Треба да си отворат нови сметки бо други банки.
Епа имаа изразен национализам затоа што Тито не успеа со планот да се измеша населението. Ако се измешаше како во САД, да се продолжи со меѓунационални бракови, со раселување од една држава во друга, немаше да има подем во национализмот затоа што следните генерации немаше да можат за кој национализам да се фатат и наместо Срби, Хрвати, Словени, ќе се чувствуваа како Југословени. Ама Југославија не се растури поради национализмот, туку поради надворешно влијание кое систематски одвнатре ги уништи. За ГДП-то веќе дискутиравме зошто не треба така да се гледа на работите и треба да се види пошироката слика. ГДП-то на Русија беше многу помало пред да дојде Путин од што е сега. Значи имаат напредок иако трпат санкции од сите страни. Не дека сакаат да се затворат во Кремљ, туку ги затвораат другите. Ако ги примеа во нато во 90-те кога 2 пати побараа да влезат немаше сега светов да е оваков. Исто и Полска има помало ГДП од Швајцарија на пример, а е многу поголема и побогата држава со ресурси. А одговорот зошто е тоа така лежи во историјата, гео-положбата и странските фактори. Тоа што има помал ГДП од Швајцарија не ја прави Полска лоша земја, туку ако се види подлабоко, ќе се види дека константно напредува и се развива, со што и се качува и ГДП-то, ама е невозможно да се очекува за толку краток период да и стигне колку Швајцарија. Исто е и со Русија. И ајде што е таргетирана Русија со санкции, и сите останати земји кои и се од нивна страна ги таргетираат со санкции, им го кочат економскиот развој и им ја забрануваат трговијата. Ги затвораат сами во себе. Куба е најдобар пример за овакво нешто по ембаргото од САД. Венецуела, Бразил, Иран, Белорусија, Казахстан и другите -Становци, Авганистан, Виетнам тек сега почна да се отвора. Иронично, и на Украина и го прават истото и не им даваа да пркнат. Ги користеа како трета земја за воени, биохемиски експерименти, за криминал, за матни бизниси кои се на раб на моралност (сурогат мајчинство за пари) и како евтина работна сила. Во Европа ги сметаа како треторазредни луѓе. И на Кина би и го направиле истото да можат, ама не можат затоа што се премногу зависни од неа. А, и од Русија се зависни, па така трговијата на САД и Русија се зголемува од година во година. Извозот на САД кон Русија продолжи и овие денови, а увоз на нафта сеуште прават. Ама затоа ги притиснаа вазалите нивни од Европа да стават санкции кои ќе имаат обострана штета.
Автоматски добри се, штом се од ЕУ да нема забуни!!! Штом се од Русија, агресори се, тирани..... штом се од другата страна се борци за права, мирољупци, греотички - така и косоварите, и албанците, и грците, и бугарите... Еве сега ги бришавме од фашисти, административци се - дека не се русофили, штом се од оваа страна се е поинаку. Мислам, да се разбереме, русите во холивудските филмови се претставувани како лошите долго долго време уназад, сето тоа е припрема преку медиуми, саблиминал пораки. Полесно е народот да ги осуди, а другите да ги оправда, така ни е програмиран мозокот уште од деца. Исто да не заборавиме руската вакцина беше отфрлена уште од старт и не беше признаена, многу долно и подло. Се се сведува на тивка и подла игра, предизвикување подмолно на непријателот. Дали се во ред пукањава и војниве? Боже мој, секако дека не се, одвратно е, жално е. Ама дали е виновна само едната страна........ се ќе се дознае по некое време! По години да речам. Само да престане ова, се надевам барем еден ќе има разумен. Ама нема, тоа се се шлакнати психопати, до еден!
@Cosmi Се губиш човече. Ниту знаеш зошто почнала војната. Меморандумот од 1994. Знаеш дека Британија и САД се потписнички и дека исто тврдат гаранции, заштита, дури и во случај на напад за Украина? Тогаш кажи ми зошто не влегуваат во директен напад со Русија туку носат само оружје? Бази во кои ќе има ракети или што јас знам што, со директен дострел на Русија. Која држава би го дозволила ова?
Јас се губам или ти? Знам јас кои се потписнички,ти сега прочита? Ајде прочитај уште еднаш што напиша. И што се случува денес. Па поврзи.
@Billy Idol а зошто ја казнуваат Русија? Дека и љубоморат нели. Зошто санкции? Русија сите свои ресурси прво ги вложува во воената индустрија и ова е една од причините што е сиромашна. Има врска сето она што го набројуваш со денови, патем тоа се познати факти, ама главната причина лежи во нивните воени амбиции и инвестиции. Факт. Путин е агресор, диктатор. Она што и го дава на Русија се трошки. На тие ресурси, Русија требаше да е најбогата земја, а не да има просечна плата како Македонија. Го снабдува малтене цел свет со ресурси. Но главната политика и цел на Путин му е контрола и воена моќ.
Зошто е земја водена од олигарси. Како и секоја земја водена од олигарси, така и на таа сиромаштија на 99% од народот им одговара. Никој нејќе да живее во Русија да се разбереме. Никој не вика дека не се агресори или дека се цвеќиња. Тоа што збориме е дека не ја ни знаеме целата вистина, не знаеме ни они самите што договараат зад затворени врати во обостран интерес. Е сега ние се надеваме (не дека имаме некое влијание) дека ќе се реши на некаков начин ова за да не трпиме сите дополнителни последици, дали економски, дали воени. Ама секој си чита како сака нели
Затоа што сакаат да и ги земат ресурсите бе Јуле, ете затоа. Ако една држава како Русија системски ја ослабиш и турнеш на колена, ја принудиш да мора да се отвори за странски инвестиции и капиталистичките газди ќе изнакупат се таму за мала пара и ќе ги црпат ресурсите. Нешто такво се случуваше во 90-те кога странски (амерички) капитал влезе во Русија. Истото е правено и се прави во Македонија само на малку подруг начин. Зошто кај нас се приватизираше се од страна на странци. Сите клучни сектори во државава им се дадоа нив. Еве сега имаме случај каде што се приватизира енергетскиот сектор. Па имаме случај каде Заев џуниор, 18 годишно дете доби енергетска фирма. Тоа дете утре ќе ти диктира цена на електрична енергија затоа што ќе има монопол на пазарот. Добро, не директно он, туку тие поголемите што стојат зад него. Ако Русија не се вооружуваше, сега ќе беше протекторат на САД. Инаку кога сме кај вооружување, па САД за војската има поголем буџет од 1/3 на планетава заедно. Зошто тие пари не ги троши на луѓето? Имаат најголем број на бездомници во светот. Кога ќе видиш, никому не му е гајле за обичниот човек.
Во моментов,има само една вистина и факт. Путин и Русија изврши агресија/инвазија на суверена држава. Руска Колона од 64 км оди на Киев.
И додека го пиеме првото кафе, дома, на топло и скроламе тука на фемина, Путин го гушка украинците https://twitter.com/pmesii_insider/status/1498587589678452737?t=xcFnJKSgtox0Ecvg12IdGg&s=19 Пак некој ќе истресе како сами себе се пукале
Дали има доброволци, организации или слично што собираат храна, облека и друго за да се однесе до украинска граница, до Романија всушност?
На темава нема русофили. Имаше 2-3 кои се изјаснија така. Тој едниот што тресеше зелени како сите Украинки биле проститутки и дркаше на секој руски напад и се ситеше на жртвите го банираа и толку. Другиве овде сме или неутрални, или поддржувачи на Нато и западната пропаганда кои гледаат црно-бел свет ко да е ова Марвел филм на суперхерој и негативец. Влезени во филм дека ќе го спасуваат светот од злобниот чичко Путко.
Аман Били, ќе им ги зеле ресурсите. Русија водена од Путин и олигарсите им одговара народот да е сиромашен. Го задоволуваат буквално со трошки. Види Русија ми е при срце, имам руско презиме. Детево ми е со руски корени. Но тоа не ме прави слепа и не ми дава за право да ја оправдувам дека она што го прави и назад низ историјата е поради заштитата на ресурсите. Не е. За жал, се е поради профит и нереални апетити на неколку луѓе. Кога ја спомнуваш Америка, истиот став го имам, со една видлива разлика, Америка е светлосни години пред Русија. Да не навлегуваме во дискусии, појди од фактот што еден млад човек би живеел во Њујорк отколку во Москва. Сите генијални умови кои Русија ги има, ги користи за развиток на оружјето прво.
Неутрални не може да има во оваа агресија. Неутрални е изговор за симпатии кон Путин. Не можеш да бидеш неутрален кога се напаѓа народ и земја. Путин е злоба кој поради територијални апетити ќе го донесе рускиот народ на питачки стап. @malerozna Ко на крстарица форум да сме.Неверојатно.