Војна во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    20.207
    Пол:
    Женски
    Неутрален никако, ама можеш да даваш воена поддршка таа војна да трае и трае, со можност да ескалира. Да гинат луѓе, исто така за туѓи аспирации и некои други агресори. И сето тоа придружено со овации од народот!

    На питачки стап сите ќе бидеме. Колку повеќе трае, толку полошо за светот.
     
    На Ivan4e04, Konfetka, golemiotmalisan и 13 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    @ Cosmi

    Имав впечаток дека си против глобализмот, а испаѓа дека сакаш Америка да владее со целиот свет.
    Бидејќи моментално владее со Украина.
    Последниве две години и улогата на медиумите во креирањето на мислењето се покажаа како најмоќно оружје... и самата говореше за тоа......како можеш да потпаднеш под нивно влијание сега ?

    Украина има свој идентитет и лично не верувам дека Русија има претензии да ја покори територијално..
    Но, некој има желба да владее со целиот свет , а тоа не е Путин.

    Го жалам и сакам украинскиот народ, подеднакво како и рускиот...нивната историја е поврзана на многу нивоа,но тоа не ме спречува да знам дека и разлики меѓу нив постојат, поради кои и живеат во различни, но сепак соседни држави и така и треба да остане.

    Русија долго чекаше да се испочитуваат договорите направени во Минск, но за жал на крајот беше вовлечена во војна и тогаш камерите се вклучија....трагично и жално, но испробано веќе.
     
    На Ivan4e04, INNERBEAUTY, golemiotmalisan и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    41.182
    Пол:
    Машки
    Тоа е неспорно Јуле и никој не го негира дека секој прво би го избрал Њујорк пред Москва. Ама ако прашаш човек пред 500 години би го одбрал Лондон/Париз пред Њујорк, пред 1000 години, би го одбрал Константинопол на прво место. Пред 2000 години би го одбрал Рим.
    Во иднина може ќе се сменат работите и наместо Њујорк, младите ќе сакаат да одат во Москва или Шангај.
    Ништо не е константно.

    А зошто е сега овака како што е, и зошто е Њујорк и Сад најдобра дестинација е затоа што беа екстремно добри во политиката последниве 100 години, што ги направи светска сила која што се денес.
    Махери се за тоа. Пример кој треба да се следи.

    А за обичниот народ никој не се грижи. Само се грижат дали големиот плен ќе го лапнат домашните, или странските олигарси. За народот секаде има само трошки. Е сега во САД трошките се троа поголеми. :D
     
    На Waverly Raven, Peanut Butter, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    63.357
    Пол:
    Женски
    Овие диктаторчиња што се занесуваат дека се прејаки и препички да се потсетат како завршиле истите како нив.

    Хитлер умрел у бункер напуштен од сите, сам со Ева отруен од цијанид и од куршуми кој сам си ги испукал.

    Мусолини со швалерката ги изрешетале со куршуми, ги обесиле на сред плоштад наопачки за да може секој што ќе помине да ги плука и да ги удира.

    Сталин умрел на под, цел извалкан од мочка, смрден и гнасен, крикајќи за помош затоа што на сите им било забрането да влегуваат у соба кај него.

    Николае Чаушеску го стрелале заедно со невестата јавно.

    Слободан Милошевич го убија во затвор.

    Квислинг изрешетан до смрт, со неговото име до ден денеска корелирано со велепредавство, со гнасотија према сопствен народ.

    Ќе плаче некој на крај, ќе видите.
     
    На Ivan4e04, Izaabella, Ahoy и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    91.237
    Пол:
    Женски
    Па нема неутрални.
    Тие што даваат оружје не се неутрални.
    Ама агресор е еден,Путин.
    Чудното резонирање тука е што кривицата на војните разорувања се префрла на нападнатата страна.
    И нема да бидеме на питачки стап сите,не сме под Русија ниту пак сме зависни од нив 100%
    најмногу ке бидат Русите.,за жал, додека не го тргнат царот Путин.

    @sonuvana
    Како бе Путин нема територијални претензии.:o
    што збориш ти.
    Штоо не ке прочитам.
     
    На WildMk, Ahoy, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.402
    Допаѓања:
    260.110
    Точно Били.
    Нека се сменат работите, еве јас би била посреќна.
    Но во моментов не е така и со ваков лидер, Русија уште долго ќе талка и ќе биде во истата позиција.
    САД дава поголеми трошки, вусшност во исто време успева и воено да се развива, ама и да држи некој стандард кај народот.
    Воено, пак, се поголеми агресори и од Русите, ама политички тоа го успешно менаџираат и маскираат.
    За утопија не може да зборуваме, за мир ви светот исто.
    Но она што сега моментално го гледаме во Украина, а притоа во ист момент трпиме закана за цела Европа, е вон контрола.
    И под итно мора да се запре. Ама, некому тоа не му одговара.
    Ниту ЕУ ниту САД се невини во приказната, ама во овој случај, Русија е агресорот, а другите спасителите.
    И тоа е она што светот го гледа.
     
    На Billy Idol, Cosmi, allaround и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Токму ова сакав да го кажам.

    Ако гледаш двајца од кои едниот е bully и го малтретира другиот, а си неутрален, на страната на агресорот си.

    Русија нема комшија што не го малтретира. Во секоја соседна држава има признаено "републики".
    Има куп "Косово" државички. Ама за Косово сите ќе речеме јок, Русија ако малтретира се' живо наоколу.
     
    На WildMk, Ahoy, violetblue и 7 други им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Што и да напишам на ова, ќе се чудиш, бидејќи еднострано гледаш.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.780
    Допаѓања:
    14.242
    Ме изненади фактот дека Украинците се уште се бранат. Мислам дека добија кураж, и веројатно не очекувале поддршка од странски земји. Обрачот околу Русите се стега, економски. Нема да им е сеедно на руските граѓани, кои се голтари како нас, кога ќе им падне валутата, а им падна. И да не заборавиме, Русија и Украина, тоа е како да се степаат џин и џуџе, ама еве го џуџето се уште мрда и не се дава. Русија не ги користи сите свои капацитети, ама дали па и смее? Притисокот ќе расте. Хаг отвори истрага за воени злосторства. Некои тука упорно ја извртуваат приказната, мислиш Украинците отишле во Москва, а не обратно. И да имаат свое малцинство, и 60% во одредени региони и повеќе, тоа мене не ми е доволен мотив за војна во ова време.

    Што сте толку скептични за странските медиуми? Ројтерс е поим за медиум, релевантни се, а ако не ви се допаѓа, си ја имаме Лупевска, најдобарата „истражувачка“ новинарка. Ни пушти информации од пред 4 дена, во време кога состојбата во Украина се менува од час во час. Економска анализа без екомомисти, стари вести за Лех Тахор итн.
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.541
    Допаѓања:
    184.423
    Пол:
    Женски
    На темава, прочитав дека Русија ќе застанела со Украина. Фали смајли што се подмочнуе дур се смее на форумов.
    За одма потоа да прочитам дека ние не сме свесни колку бил моќен Путлер што можел да ја смачка Украина. Ете дечки важи, некој толку моќен сигурно на Украина и ќе застане. Сами себе сте контрадикторни и не сфаќате. Некој толку моќен, со отворени апетити поголеми од Украина кои впрочем не ги ни крие, ќе застане на Украина. Сигурно. :D Ни сами не верувате у тоа, ама Путин до крај е работата. Тоа тврдење не само што е аматерски наивно, туку е и многу опасно. Замислете само сите останати лидери да се толку глупи и да спијат на тоа уво дека Путлер ќе застане на Украина. До сеа сите ќе ја жртвуваа Украина да беше така, ке ја капитулираа уште пред куршум да пукне. Фала богу, никој не спие на тоа уво.

    Зелениот бил инсталиран. Хехенце. А кој не е бе дечки? Или некој ги инсталира или сами си менуваат закони и остануваат инсталирани до крај на живот. Тоа е реалноста. Ама не е ни битно, се додека си добар за народот, односно, додека твојот народ смета дека си добар за него. Е сеа тоа што просечно македонско и србско експертче смета поинаку, ама ич не е битно. Цел свет народот се сплоти и вака или така даде поддршка на Украинците, дури и самите Руси. Ама македончето смета дека Украина треба да капитулира. Тоа многу кажува. Добро, во Европа бевме народ со најниска интелигенција, сега се гледа и зошто. Сите терс, ние наопаку. :D

    Значајно е и да се спомне македонската реторика и како се менуваше овие денови.
    Од потсмевањето "хехехехе изманипулирани едни, хехе мислеа дека еу и НАТО ќе им помогнат хехехехе" Откако еу и НАТО помогнаа на секој начин што може да се помогне на една земја што не е членка на еу и НАТО премина во "ете тие војна сакаат, тоа не е помош, туркаат во војна, манипулираат", за на крај да дојдеме до" Украина мора да капитулира оти путин е моќен и ќе ја смачка ако сака и ширење параноја мора да капитулира оти ќе премине и кај нас" Секој изговор завршуваше со Путин на крајот. :muscle:
    Почна со "Киев паѓа вечерва и така секоја вечер" и заврши со "хехехе па нормално дека не може да падне одма". :D


    Ова не е војната луѓе. Ова е само една битка. И Киев, може ќе падне, работата е што ако падне тоа ќе биде мала горчлива победа оти ќе падне само како територија. Путлер, народот го изгуби и никогаш нема да го добие.


    На крај, и покрај она што им се случува, ми се допаѓа генералниот став на Украинците деновиве кој напишан секаде, а упатен кон рускиот агресор гласи - ебете се!! И се придружувам кон тој став за сите што им мислат поинаку и мислат дека имаат право да им се мешаат дома.
    Исто, моментално имам полна бешика да се изнамочам и на Путин и на Нато, и метафорички и буквално.

    Останете ми со здравје и намалете хипокризија.
     
    На BezglasnaBukva, Ahoy, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    24.072
    Сигурно и во моментов има некој што комотно без око да му трепне би го испратил Путлето на оној свет после сѐ. Па многу "подобри" политичари биле убивани за поглупи причини.
    Само што многу нормално човеков сега од сите страни го чуваат.
    И не велам дека мора да се деси тоа ама... факт е дека е можно.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    2.830
    Пол:
    Женски
    Ама работата е да има повеќе табори,кои ќе се плашат еден од друг и ќе внимаваат малку и во односот кон обичниот народ.
    А не само еден да си игра како сака.
     
  13. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    Наутралци се сите кои им даваат осврт и на настаните во Сирија, Авганситан, Либија, Југославиа.....и гледаат малку повеќе во причината за Русија да го направи овој потег.
     
    На elenaklasik, Bratot, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Русија е богата но и сиромашна бидејќи е монополистичка економија.Цените ги диктираат производствените компании, највеќе они за гас.Иако Гугл вика дека имаат мешана економија, но и пазарната, другиот вид, не е нешто вау бидејќи во капиталистичкиот вид се произведува со цел да се збогати приватниот сектор..
    Во видеото шо го постирав вчера и сл Били шо коментиравме, Путин ги става под свое, работат како ќе им каже.Они праат што сакаат, дур им дозволува, он зима процент.
    Плус функционираат на централно
    командна економија- у превод :
    Средствата за производство се или во јавна (државна) сопственост, или се во сопственост на работниците,кои соработуваат. Социјалистички економски систем што се заснова на процесот на акумулација на капиталот, но има за цел да го контролира или диктира тој процес преку државна сопственост или кооперативна контрола за да обезбеди стабилност, еднаквост или да ја зголеми моќта за донесување на одлуки, се нарекува пазарен социјалистички систем.



    E35484FD-34AA-40D1-AC40-E072CCAF60D2.png
    Пр имаме фирми за гас, нафта, жито
    Државата дава право на фирма да ги диктира цените.Пример Газпром
    За сметка на тоа он зима пари.
    Газпром зима пари од народот, он од Газпром.Институцијата и Путин богати, народот сиромашен
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.054
    Пол:
    Машки
    Дали стварно мислите дека зад сите одлуки стои еден човек?
    Дека Бајден ја креира политиката на САД, Путин на Русија, Макрон на Франција, Зеленски на Украина и т.н.?
    Кој и да се смени, кој и да дојде, поларитетот ќе биде ист.
    Луѓево што ги знаеме по име се само за на телевизија и за шоу.
     
    На Ivan4e04, Konfetka, golemiotmalisan и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.289
    Допаѓања:
    57.912
    Пол:
    Женски
    Јас русофили не гледам, ама американофили и те како.
    Камо олку гласни да беа луѓето за сите инвазии и војни, а не само за тоа што има најголема медиумска покриеност. А оваа не е единствена војна во модерно време, но тие држави и луѓе таму не се вредни доволно да се зборува, а САД нема шанси да е the bad guy. Што е и доказ колку влијание имаат медиумите на ситуацијата, колку црно бело ги гледаат работите луѓето. Ако не го следиш тоа што ти го пласираат западните медиуми одма си поддржувач на Путин.
    Не сметам дека ова што го прави тој е океј, далеку од тоа, ми смета дека само единствено тој се гледа како агресор а другите светци.

    П.С. еве јас како млад човек никогаш не би живеела во Америка. Дека се пишуваше секој млад човек сакал таму да живее најпрво. Ако морам да изберам меѓу САД и Русија, ја бирам втората. Животот во поголемите градови во Русија и не е толку лош. Просечната плата во Москва е нешто над 1000 евра пример.
     
    На Ivan4e04, Konfetka, golemiotmalisan и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.234
    Пол:
    Женски
    Инаку, има уште наши луѓе заглавени таму...возможно е воопшто некако да им се помогне да се вратат?
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    24.072
    Камо за сите болести вака да се грижевте кога умираат по светот, не само за корона:nod:

    Или пошто корона најмногу нѐ засега, затоа на пример не прајме муабет за денга.
    Така шо, глуп е муабетот.
    Ја би ги спречила сите војни да иам моќ, ама економски можеме најмногу да го кркаме од моменталнава.
    Себично или не, нормално е најмногу интерес да има.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.809
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    4c0a102be4745779d5a063426372a8f3.jpg
     
    На WildMk, Ahoy и Cosmi им се допаѓа ова.
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    5.618
    Каде се гледаат другите како светци. Темата е моментално таа за украина. Ако отвориме тема за иран авганистан таму ќе пишуваме исто дека агресорот е сад. Ама таква тема нема, затоа што тие борби ни се далечни и не сме засегнати. Од оваа голема е можноста да бидеме засегнати и ние. 100 пати се кажа дека никој не ги брани, и величи сад, еу ама во овој конкретен случај на војната меѓу русија и украина агресорот е Русија.
     
    На ane.bella, Kanya, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.