А вака едно питање. Ако лидерот на Раша има мака со политичарите и политиката на Украина, зашто Путко не ги покани нив на двобој у некој пустош да се истепаат, туку пушта тенкови, бомби, ова она? Или со цивилите има проблем па затоа?
Eve ova se nedolzni deca sto nisto ne zgresile osven sto se rusi, pa zatoa ukrainskite voeni para trupi gi granatiraat so godini i sega? Da ne ne e vistina deka so godini vo dvete oblasti ruskoto naselenie e ugnetuvano bez prava . Dajte ve molam.
Dobro prasanje, ova prvo treba da se postavi na ukraincite zasto vo dvete oblasti so godinu ubivaat rusi.
Невистина. 15.000 мртви од кои 200 деца и 150.000 избеглици во последниве 8 години....навистина Руси,но од Украина.. Милион и пол кои се иселиле. Сите тие животи се помалку битни?
Зашто Путин или кој да бил лидер не помогнал да се приберат? Лет ми гес, немал услови зашто паричките иделе на тенкови. Нека ги отепа тие што ги отепале децава тогаш. Зошто рандом да убива? Вие гледате како проблем меѓу две држави. Држава не убива, луѓе убиваат. Исто како што сметам дека моментално Путин е лошиот, не Русија како држава.
понапред @Frestonia пиша и за силувана бремена русинка од украински војници па потоа обесена . Ужас. Жално е само за недолжни цивили шо ќе страдаат. И доста со тоа русофили, вие што сте дежурни на темава украинофили ли сте. Ги правите мирни душички а убивале руси цело време и ништо од договпрпт од Минск не е испочитувано. На секој ќе му прекипе.
Tемата е Почна војната во Украина. Првиот чекор за почнување на војната не беше на Русија... да се присетиме. Војна не се почнува само со пушка. Ова ми е ко прихичко и физичко насилство. Психичкото може да те дотепа ... ама дека не се гледа не важи. Вака ми е ситуацијава со САД и Русија. Ние овде попрво ке се испотепаме за нив.. еј..
Мислиш дека е Путин доволно луд од една страна да се заканува со нуклеарки, а сепак да се устручава да го сврти вентилот? Европа сеуште има гас, од истата причина што Киев и Украина сеуште имаат гас, струја, вода... Одговорот го гледам во реториката на Путин, дека ова (засега) не било војна, туку специјална воена операција. Путин ќе прогласи војна во оној момент кога ќе има директно инволвирање на Нато војска. Засега гледаме само дотур на оружје, без директно вклучување на нато војник во истата. Ене читам дека и за тоа ќе бара одговорност од земјите кои тоа го прават. Мислам дека не се тоа само празни зборови. Ја пратам реториката на Захарова, лаик сум за дипломатски речник, ама знам да читам меѓу редови. Берлин треба мошне сериозно да размисли за се`, тоа го заклучив. Што значи, гасот му е адут во ракав, кое во даден момент би го искористил заедно со сите други „легални“ средства за војување во една војна.
Насловот на темава би требало да биде Конфликт/војна меѓу Украина и Русија. Бидејќи конфликтот почна 2014 и никогаш не заврши ни теоретски ни практично. Само шо немаше медиумска покриеност и ретко кој се има сетено да чита вести.
Никој не го оправдува Путин.Овде има независни и американофили. Вие американофилите ги извртувате работите, а се гледа дека голем дел од вас немаат поим од меѓународна политика. Да си независен значи да не си ни русофил, ни американофил. Значи ем да го плукаш Путин, ем да ги плукаш неонацистите во Украина и да ја плукаш САД. Путин не е единствениот воен агресор, и други се. Ама... НАТО (воен сојуз) вика дека нема да се меша, а членки на НАТО праќаат воена помош.Воена помош што може да ја загрози безбедноста и на други држави.Тоа во ред ви е?
Били јасна е медиумската пропаганда. Еве јас не знам дали има Македонец и Србин кој може да ги свари Американците и НАТО. Природно е да чувствуваме омраза, ама дека во даден момент НАТО е нужно зло конкретно за нашата држава, е. Особено што се наоѓаме во таква положба, да воено, а и територијално сме загрозени од соседите и НАТО на нас конкретно во овој момент ни обезбедува заштита. Секако дека најпрво и Нато, САД не доведоа во оваа ситуација. Нешто слично е и со Украина. Позадината е јасна, знаеме кој и што прави зад врата, ама тоа се игри зад врата. Јавноста моментално гледа друго. Гледа војна. Путин нема проблем со тоа, дотолку што се му е пресметано. Не знам колку е веродостојен податокот дека има складирано резерви на злато, пари, оружје за неколку години да не зависи од никого. Така да, ќе оди до крај. И само мртов ќе се повлече. Тоа треба да ни е јасно на сите. Другото се е ова шоу за народот.
Што мислиш.кој ги прибра сите тие избеглици? Или ај и ние сите Албанци да ги пратиме во Албанија , дел да убиеме, па да ја викнеме Америка напомош, кога Албанија ќе не нападне со право. Можеш ли да замислиш такво сценарио?
Тоа е лицемерието на квази демократијата, на туѓ грб 100 стапа што се. И биле Русите зло, зло ок ама ништо поголемо од тие против кои се бори. Ама Русите се диктатори, а овие глумци света, се они греота за жалење или спасители, да ти се слоши дури.
Не знам дали некој ти одговори, јер темава е полна со нелицемерни хуманитарци...вчера баш гледав дали во околинава има нешто организирано како поддршка за бегалци. Пошто влегуваат што влегуваат преку граница, и после или ги препраќаат погоре по државите, или по некој забит по малите места...и ништо не најдов. Најдобро побарај од твојата држава/регион дали е организирано нешто и за каде, мада за Романија не ми се верува, ептен е отпат. Хумани сме, ама at convenience што се вика.
@gjoker4e донации во вакви состојби може да координира само Црвен Крст, Црвена Полумесечина и УНХЦР. Тоа е глобални мрежи за помош на население при елементерни непогоди и војни. Сите донации на цивилно население преку нив би требало да одат. Не ни може поинаку. Мора да биде централизирано и организирано. Така што следи во твојот регион што и како се организира и ако сакаш и можеш донирај. Еве во Македонија како е: Отворени сметки за донации за Украина: Црвен крст ќе издвои 10 илјади евра | МКД.мк (mkd.mk). Донирап на Црвен Крст кој потоа препраќа донации понатаму. Сега за сега се донираат само пари. Веројатно подоцна ќе почнат и други видови донации, ама во моментов се е толку збркано и уште не се знае колку луѓе ќе се расселат и каде ќе бидат сместени што секој индивидуален напор е беспредметен.