Затоа ако Путин ја тера големата долго може и Русите да ја затераат големата и да го симнат од власт. Што и би било доста заслужено.
+ тие нукс се суперсонични и со секоја испратена нуклеарка од страна на НАТО, уште не експлодирана во Русија, ќе бидат испратени огромен број на суперсонични нукс што може да ја срамнат со земја било која држава во светот во рок од неколку минути. А вакво оружје нема НАТО, освен балистички ракети од далечен дострел и затоа треба да биде географски блиску до Русија за да ги има сите руски градови на нишан. Затоа и геостратешки беше Украина толку битна да се добие. Со поставување на балистички ракети во Источна Украина ќе ги имаа на дострел руските градови зад Урал и Волга, т.е. градовите каде им е сместена цела индустрија. И секако Русија не го дозволи тоа, и затоа е војнава.
мечкина услуга им напрај... цел живот бев за Путин, можеби и пристрасна бев. Ама пак ќе речам, за две ниви не вреди ниту еден човечки живот да е изгубен...
Како ќе го симнат? Човекот Устав смени за да е доживотно на власт. Овие што протестираат, жал ми е дури за нив, оти ќе настрадаат. Очигледно многу од овде не знаат што значи Русија и Путин. Не за џабе Европа седи мирна. Путин сите пари, сите ресурси ги користи за воената индустрија. Бајден е исто ѓубре како Путин. Европа по која толку плукате, а го идеализирате чичко Питин, барем се грижи за својот народ и не го осиромашува на сметка на оружје и воена моќ.
Па не знам Јуле искрено, жал ми е и за Русите што се во таква ситуација се. Богата држава, а ептен сиромашен народ. Посебно далечниот Исток. Ама мора да има некаков начин. Се надевам има.
Оти Украина нее членка на НАТО и членот 5 на НАТО важи само за земјите членки. Украина не смее да биди членка на НАТО и не смее да се осуди на такво нешто и време е народот и политичарите да го сватат тоа! Која светска сила ќе дозволи врз нејзините граници да се врши агресија? До сега 1000 пати имаат влезено борци авиони на НАТО во воздушниот простор на Русија. Денешната инвазија НЕЕ ИНВАЗИЈА ВРЗ НАСЕЛЕНИЕТО, ТЕРИТОРИЈАТА ниту има фактор врз идентитетот како шо вели амбасадорката дека Русија сака да ја уништи Украина. РУСИЈА сака да ја демилитализира со странското оружје кои го добиваат и ИНВАЗИЈАТА е извршена врз воени бази, аеродроми, пристаништа и дипломатски објекти за да се ЗАПРИ КРВОТОКОТ НА ОРУЖЈЕ и ДРУГА ПОМОШ ОД ЗАПАД. Путин кажа, НЕМАВМЕ ДРУГ НАЧИН ДА ГО ЗАПРЕМЕ ТОА. Единствено ќе настрада само ЕКОНОМИЈАТА за двете земји и тоа ќе се одрази и на светско ниво. Бизниси се во прашање.
И мене ми е, жално е на тие ресурси да живеат толку сиромашно. Затоа и не можам да сфатам како некој може да го идеализира Путин.
МЗ на Украина сподели дека 57 Украинци загинале до вечерва и уште 169 се повредени. Бројките вклучуваат и војници и цивили, за жал.
На Роман Абрамович, сопственикот на Челзи му е забранет влез во Британија. Англо Саксонциве глумат лудило.
ако има некој такво срце и душа за да се збогати од војната нека инвестира во крипто, ќе има голем раст... just saying Зато европа е куче на американецо, за жал то е реалноста
Такви што кај нас се бореа за човекови права, се бореа и на Мајден во 2013 и 2014. И снајперскиот оган што го гледавме на лајвстрим се знаеше од кај иде. Западот одамна се обидуваше да направи војна со Русија. Еве, после 20тина години им успеа. Украинската војна е Босна 2.0 Само што во Југославија барем бевме неколку националности и неколку религии. Овие се крвни браќа и вака да си дозволат... Сепак не научиле ништо од историјата
Почнаа и нашиве да се шлихтаат ко Косоварите..нас кој нѝ помогна со Грчка и Бугарија? Да им речеше ,,абе дечки чекајте малце не може така” .. Ама ај тоа е муабет за другпат Да не испадне поддржавам нешто.Не можам и овде да ратувам
Се е точно што кажа, освен дека Европа се грижи за својот народ на сметка на оружје и воена моќ. Европа нема моќ. А тој што нема моќ, како што можеме да видиме сега, губи. Европа ќе ги сноси најголемите последици од оваа војна (после Украина секако), каде што економски ќе продолжат да тонат и понатаму, цените да им растат и економијата да им паѓа. А, не ни може ЕУ да добива моќ и оружје затоа што не е скроз неутрална Унија, туку се под директива на САД. Им нареди САД на Германија да го исклучат Северен тек, го исклучија. Им нареди санкции да стават кон Русија, ставија. Зошто Макрон трчаше на сите страни да успее да пронајде мирно решение во споров? Затоа што Европа највеќе губи. Моќта е во оружјето, а не во економијата. Ако си ти воено моќен и можеш да покориш друга земја, џабе има таа поголема економија и ГДП кое може да се сруши за еден ден. Америка беше воено надмоќна 3 декади, после падот на СССР и владееше со светот. Каде сакаа правеа војни, од која земја сакаа црпеа ресурси, што сакаа, тоа правеа. Во последно време со стабилизацијата и растот на Русија на воен план, поготово со измислувањето на хиперсоничните нуклеарни ракети пред неколку години (@Feminka22 , нукс, значи нуклеарни ракети), ја смени играта и има моментално воена надмоќ над Америка. Од тој момент на промена на силите, Америка губи воено на секое можно поле, Сирија, Авганистан, еве сега и Украина. Добро, сега со Украина ќе има краткорочни бенифити од оваа војна, бар економски, ама на гео-стратешки план ова е огромен пораз за нив. И ќе продолжи и понатаму со губитоците. Ете во иднина евентуални конфликти кои не очекуваат, освен Западен Балкан кој е секогаш буре барут, тука е и Тајван кој ќе биде нападнат од Кина. Блискиот Исток, поготово држави како Јемен, Ирак, Азербејџан кој со последниот конфликт против Грузија премина на страна на Русија ќе бидат региони од каде ќе се повлекува влијанието на Америка. @Ahoy , Зошто го жалиш рускиот народ што го има Путин? Па знаат добро Русите како живееле во 90-те и 2000-те и колкава разлика имаат во животен стандард од кога е дојден, а и понатаму ќе им расте со растењето на моќта во светот. Камо ние да имавме таков паметен лидер како него кој ќе гледа за народот и државата наместо овие наши полтрони кои не се прашуваат ниту за најмала ситница и не можат ниту долг да наплатат во Арачиново или направат нешто без дирекции од Калето. Жали го народот од ЕУ кој поради исти полтрони сега ќе влегува во економска криза, ќе плаќа дупло повисоки цени и ќе ја губи својата моќ. А дека ќе го сменат овакви протести.... Колку што го сменија американскиот претседател протестите за Виетнам. Иначе ова не е прва ситуација каде овака се случува војна. Исто е случено во времето на Студената војна кога СССР пробала да намести нуклеарни ракети на Куба од каде имала дострел на цел Западен брег на САД. Па после собирање на цела поморска сила од страна на Америка и закана дека ќе ја срамни Куба со земја, СССР ги повлекла. Истото се случува и сега, само што САД ги пушти Украинците низ вода да влезат во војна за сопствени интереси. Ете, толку му е гајле за Украинскиот народ. Толку им е гајле и на Русите. Толку ќе им е гајле на Американците утре и за Мексиканскиот народ доколку дојде до оваква ситуација, само обратно, и нив има да ги срамнат со земја. Толку им е гајле и за Македонија и за народот овде, па божем да не "заштитат" не примија во НАТО, а вистината е само за да си маркираат територија и да спречат евентуална експанзија на Русија. А можеше да биде се поинаку кога Русија 2 пати побара членство во НАТО во време на 90-те, ама ги одбија. Да ги примеа ќе се затвореше еднаш засекогаш мултиполарново прашање во светов, закани од нуклеарна војна, нова Студена војна, прокси војни итн. итн. Ама не сакаа САД тогаш затоа што сакаа да владеат сами. По тоа може да се види колку им беше гајле.