Тоа што го пишуваш ти нема врска со тоа јас што го пишувам. Не збораме сега каков политичар е Путин и каква му е државата. Јас велам, ако потпишеш договор и го прекршиш договорот, тоа автоматски значи војна, така било и така ќе биде, сакале ние или не. Тој свесно ја почна војната со прекршувањето на договорот, тоа е неговата вина. Ми се смачи веќе од вашите муабети дека ако не свршувам на Зеленски, значи свршувам на Путин ( извинете на речник). Значине значи дека ако го окривувам Зеленски го оправдувам Путин, аман ни лево ни десно гледате.
Не е да не веруваш, ФАКТ е. Војната секако не е решение, тоа сите го трубат од почетокот на темава, ама секој на свој начин ги тумачи мислењата.
Ova montaza da ne e? Sami da ne se utepale .Aj otvorete malce oci petti pat ja stavam slikava i dzabe.
За Кој договор конкретно збориш? Војната започна со признавање на републиките Доњцк и Луганск од Путин кој очекуваше потоа Зеленски да ги признае кој нормално не ги призна.
Ма не им давале ни да зборуваат руски на русите. Малтретирани биле. Сите сме против војна. Ама на крај овој пижлаков сега што свршаваат по него ќе го јаде стапот. Само ЕУ и УСА да си ги истераат желбите. А он како млад мајмун се залета. Резултат= луше мртви, деца мртви, трауми, се уништено.
Нивните јазици биле толку слични колку српски што е сличен со словачки А тоа што твој јазик не говорат по институции, незнам, некој договор да не е во прашање
Грците им даваа на Македонците во Лерин да зборуваат Македонски? И цела Егејска Македонија? Уште имаат последици од тоа и јавно ретко зборуваат, иако сите знаат. Од Лерин до Воден и околу.
Јас не ве сфаќам стварно. Значи ако украинциве убиле невини, сега на русиве им е дозволено да убиваат деца, да гранатираат градинки и училишта така што главниот ќе седи во фотеља а во рат ќе праќа исто така деца, да убиваат украински деца, и ќе тепа и затвара свој народ, руски, затоа што не се сложуваат со него и протестираат? И на крај краева стварно мислите дека војнава е поради ова? Да им беше жал за тоа што невини страдаат немаше воопшто да има војна. Ни на едната страна ни на другаата не им е гајле за човечки жртви, во спротивно се ова ќе се решеше поинаку.
Да бевме јаки може и ние ќе нападневме. Аман не споредувајте со наша и нивна историја. Таму мажи жени со пушки, овде рафтови празниме. Глупава ти е споредбата.
Па и на нашиве не им текнува да тужат.Ја да сум Заев т.е по ново Ковачевски Има Грчка и Бугарија да ги тужам кај стигнам
Зеленски е на власт од 2019 година. Не да го бранам, ама одеднаш си признаа републики, туѓи територии кои ги пекирале со години, и сега оопп, па малтретирани биле. Тоа не можеме да знаеме. Приказната има две страни секогаш.
Споредбата може е глупава да, ама и твојот аргумент не е вреден изговор за воен напад со овие размери и закани за нуклеарки. Не зборувале Руски во Украина. Ок. Ајде вакум бомби. Јас те удрив еднаш ти врати ми 3 пати.