Според официјалните критериуми Украина е далеку од нивно исполнување (корупција, непочитување на малцинствата - не само руското туку и романското, унгарското и тн.). Но како што видовме во случајот со Романија и Бугарија во 2007 година, за влез во ЕУ не секогаш се битни исполнувањата на креитериумите, туку што имаат земјите да дадат за возврат - на пр. и Романија и Бугарија даваат излез на Црно Море и шуми за дрвената индустрија. Украина со огромни пространства на житни полиња и мошне плодна почва, може да даде ефтино жито (леб) и ефтин гас. Путин рече дека нема пишан документ, дека Горбачов бил насамарен, нека одат да го прашаат жив и здрав бил сè уште. Но Горбачов уште порано во неколку наврата рекол дека тема на разговорите никогаш не било проширувањето на НАТО кон исток. https://www.rferl.org/a/nato-expansion-russia-mislead/31263602.html Но и да не било тема, разбирливо е што Русија не сака во свое соседство да има такво нешто, исто како што и САД не сакале Куба да има советски нуклеарни проектили за време на кубанската криза. Зошто е Украина наеднаш проблем а Естонија, Летонија и Литванија не беа (до толку) проблем, објаснето беше во видеово. Исто како што НР Кина не толерира признавање на Тајван или официјални средби на трети земји со тибетанскиот водач Далај Лама - нешто што дури и САД го почитуваат. Возможно е ако има партиски организирани силеџии кои се идентификуваат со нацизмот и го величаaт Степан Бандера како национален херој. Рака на срце, и русите имаат свои руски неонацисти, па би било фер денацификацијата да ја почнат првин од сопствената земја. Проблем со употребата на јазикот во Украина нема само руското, туку и другите малцинства - на пр. и унгарското.
Малтретирани, тепани, бркани, убивани... Никој не рече дека само за тоа е нападов, кажано е веќе за шо е. А така
Баш сакав да го постирам, еве дополнување. Зошто Запад не сакаше да го слушне ова? Уште во 2015 година, еден од највлијателните американски политолози ја опиша иднината на погубната западна политика со Украина. „Ги убедуваме дека ќе бидат дел од нас, ги охрабруваме да играат тврдо со Русија, и тие тоа го прават. Ако продолжат по тој пат, земјата ќе им биде здробена“, рече Џон Мершајмнер пред 7 години. Запад ја води Украина по еден пат кој ѝ го постила со рози а крајниот резултат на тоа ќе биде што Украина ќе биде смачкана. Политика за која јас се залагам е да ја неутрализираме Украина, економски да ја зајакнеме и да ја извадиме надвор од конкуренцијата на Русија од една и НАТО од друга страна и тоа е најдоброто што може да им се случи на Украинците. А она што ние го правиме е, ги охрабруваме Украинците да играат тврдо со Русија, ги охрабруваме да веруваат дека тие на крајот ќе стана дел од Запад, бидејќи ние на крајот ќе го победиме Путин и ќе биде по наше, а времето е на наша страна. И нормално, Украинците играат со нас и кај нив нема речиси никаква волја за компромиси со Русите, и наместо тоа, буткаат тврда политика. Како што реков и преходно, ако така продолжат, земјата ќе им биде здробена. А ние го охрабруваме таквиот исход. Многу поразумно е да работиме да се содаде неутрална Украина, тоа ќе биде и во наш интерес, во интерес на Русија секако, и најважно од сè, ќе биде во интерес на Украинците, за да се стави крај на кризата. Џон Мершајмер, 2015 година
По некоја ситна објава за него имав сретнато по нетот ама вака видео од целосно предавање снимено... Прв пат. Да пишувал автобиографска книга нема да изгледало толку вистинито тоа што го кажа дека може и ќе се деси. Језиво ама орото е веќе почнато.
Индиски и африкански студенти во Украина се соочувале со сегрегација и расизам при обидите да ја напуштат земјата, според јавувањата на CNN и France24. https://edition.cnn.com/2022/02/28/europe/students-allege-racism-ukraine-cmd-intl/index.html https://www.france24.com/en/europe/...ck-africans-stranded-at-ukraine-poland-border
Да, но украинските политичари не задржаа неутрален статус на државата, и се тоа на сметка на нивното население. Наспроти пак е Русија којашто факт е дека не и одговара војна но избра попрво да се соочи со економски санкции отколку да предаде клучни стратешки точки и да ризикува војна години подоцна. Жалосно е што ваквиов исход некој успеал да го предвиди години наназад а за толку време не успеале дипломатски да го решат. Инаку за ова има пишувано и статија за Foreign Affairs септември 2014, ќе ставам линк ако некој му се чита https://www.mearsheimer.com/wp-content/uploads/2019/06/Why-the-Ukraine-Crisis-Is.pdf Баш како да пишувал автобиографска книга, но не ја предвидел корона кризата и како таа економски ќе повлијае на државите. 35:30 цитирам ,, ...значи се ставаме во позиција кадешто сме спремни да ризикуваме можна нуклеарна војна за парче недвижнина - Украина којашто не е од витален стратешки интерес за УС.." После корона кризата овој момент се менува. Можеби не се во воен стратешки интрес но во економска смисла војната таму е од и те каков интерес, и ради таквиот интерес сите-цела европа ќе си пропатиме.
Знам за Минскиот договор, ама Путин кога ги призна Доњецк и Луганск, не стави акцент на тоа и плус ја нарече Украина дека тие ја формирале, со што ја поткопува државата, а според мене тој и народот веројатно не го признава. Можеби би биле тепани и малтретирани Русите во Украина, ама дали тоа траело со години или било во некои минати времиња. Ние како трета страна не можеме објективно да кажеме, ако не сме живееле таму и не сме виделе со свои очи. И сите држави не се како Македонија, па мнозинството да биде граѓанин од 14ти ред, да има само обврски, а сите други да имаат само права. Ако живееше во една држава ќе почитуваш јазик, и крај. Било Рус или Унгарец во Украина, ќе почитуваш држава и јазик. Во Франција на арапски ли учат во школите доселениците или ги вработуваат по квота? Турците во Германија турски ли зборуваат во институции? Некој Унгарец не зборувал унгарски во Украина, морал украински, па ајде и Унгарија нека ги нападне. Да прашаме овие македонски семејства кои се евакуираа, имале ли право да зборуваат на македонски јазик, ако не да им свртиме грб? Па и во Македонија во Штип имате на пример 10 Ирачани дојдени да студираат, да не треба право на јазик да им обезбедам и во Устав да ги внесам. Мене ништо од тоа што Путин го наведе, не ми е доволен мотив за војна. Има начини да се реши. Ако прекршиле договор, нека прекинат дипломатски односи со нив, нека им воведат санкции, а не вака.
Mислев на референдумот. Бидејќи не помина, да не требаше на пример западњаците да ни направат војна? Не знам дали се „пали“ народот за ЕУ, ама тие што гласаа беа од малцинставата и оние кои СДСМ ги вработи па ги уцени да гласаат. Некои немаа срце да гласаат за „Северна“, па отишле и поништиле ливче на референдумот, ама битно излегле да ги видат и да знаат во партија дека гласале.
Многу ме интересира како ќе биде запишана војнава во историјата. Колку слики од филмови и игрици ќе бидат употребени во учебниците. Колку фејк њуз..
https://denesen.mk/zelenski-od-bajd...e-ruski-vojnici-kje-bidat-na-vashite-granici/ Дали ги оставија со лажни ветувања и под руски бомби? Секако дека да. Борис, УК- There is not enough that we can do, to help you the way that you want https://www.bbc.com/news/world-europe-60576443 Видеото од новинарката Мис Лиз, УК- https://www.vecernji.hr/vijesti/bri...o-biti-pocetak-kraja-vladimira-putina-1566851 Секој со цена што треба да ја плати. Ах бе зелени, зелени
Дневна доза идиотизам иди миј тањири Вака да отидеш со тањири да го измаваш Еве ако треба војници да пуштаме, иаме многу маШи во државата.Еве кандидат Ние меѓусебе се караме бе оффф бе Мизеријо
Ова со воениот конвој од 64 км го читам веќе неколку денови по ред. Конвој доаѓа, ама никако да стигне. Еднаш е една колона, еднаш се три. Еднаш се западно, еднаш источно од Киев. Почнувам да се сомневам дека е лажна вест. Или е некоја стратегија на Русите, еве не знам. И она малку што остана од Украина, уште конвојот фали. Прежално! Од каде се информирате? Пропаганда е на најјако од двете страни. Не знам дали остана валиден медиум за точни информации. Русија со закани дека ќе ја уништи воената помош, авиони некои не знам, уште пред да полетаат. Големи се шансите Финска и Шведска да влезат во НАТО составот. Дали има нешто ново за ова? Искрено се плашам од руските аспирации во однос на ова прашање. Ако срчнат таму, срчнати сме сите. Иако ми изгледа нереално, ама шо знам. Не гледам крај. Напишете ми некое фино сценарио и да почнам да си живеам во розов свет.
Прва опција, ќе дојдат вонземјани и ќе не смират сите и ќе ни дадат напредна технологија и ќе летаме во вселената и ќе освојуваме други планети и ќе прајме интергалактички војни ама далеку од земјата. Втора розева опција. Ќе седнат сега ќе се смират, ќе се расплачат оти браќа се тепаат. Ќе се договорат шо како да направат. Ќе се замрзнат сите светски граници, обединети нации ќе направат своја војска која ќе има апсолутна слобода на движење и делување, сиот нуклеарен арсенал во светот ќе биде предаден на ОН, и земјата ќе биде планетарна федерација. Ќе станеме многу напредни оти ќе сме сите заедно, ќе го населиме Марс, и од таму ќе патуваме во цела вселена и ќе истражуваме. Шала на страна, низ историјата имало многу конфликти, почнуваат, траат, завршуваат. Се има рок на траење, ништо не може да трае вечно. Ќе помине и ова, ќе се чита само во учебници.
Ја почнав да читам и на The Moscow Times https://www.themoscowtimes.com/ ме занима и они што кажуваат Ние сме канта факт е Пошо ако не приметивте Само од едната страна се презентираат инфо
Изгледај го видеото постирано од дечките погоре. Баш го гледам, или подобро речено слушам и ништо не ми навестува дека Шведска и Финска биле проблем. Ама.. Финска била НЕЗАВИСНА сто години што се вика, никогаш не била гледана како опасност за Русија. Види колкава граница ги дели. Ако влезе Финска во Нато, Путин ќе се налути за озбилно Сценариото со вонземјаните ми се свиѓа повеќе
Поверојатно дека нуклеарниот арсенал ќе мораме на вонземјаните да го дадеме и дека ќе станеме колонија