Само кажете ми едно нешто ве молам. Слабо пратев телевизија деновиве. Дали ковачевски изјавил дека: Ќе воведеме санкции против Русија ????
Не да гледаат во државата шо му се случува. Тие туку се глупираат само. Проблемите шо треба ги решиле, па за Украина ќе решаваат. Не да ќутат, тие само глупости изјавуваат и прават. Толку неспособност и глупавост немам до сега видено.
Сериозно? Веруваш дека Русите убаво живеат? И квалитетно? Можеби богаташите во Москва и Иваново. Види како живеат на далечниот Исток на пример, во какви услови. Не зезај, да им беше убаво немаше константно да сакаат да го симнат од власт. А Русите нема да страдаат од разни кризи и блокади сега? Гледаш руската берза колку падна само денес, и рубљата исто?
Сериозна си? Главните виновници за ова се Англо Саксонците и оние кои глумат Демократи. За нивни интереси и бизниси кои направија профит ја искористија само Украина.
@Billy Idol чиј стандард расте, рускиот? Русите ко народ се сиромашни. Може Европа воено не е е моќна, ама народот не е сиромашен. ЕУ си држи стандард, ние овде може да зборуваме колку сакаме, ама да погледнеме од другата страна, од страна на обичните граѓани. А животот во ЕУ и Русија воопшто не е ист. Се согласувам дека Европа ќе плати највисока цена од конфликтот, за жал. Ама никако пак не можам и не ни можела да подржам лидер како Путин. И Европа, мислам голем број од државите се во НАТО, кои гарантираат стабилност и безбедност. Дури и Русија не се закачува со НАТО.
Нема да се јаде руска.. Шала од Инста е ова Па ваљда ќе им го вратиме гасот пошо не нѝ треба, иаме свој.Иаме пари, иаме 8000 војници, 9 хелихоптери од кои пола се со потекло од СССР.. https://en.wikipedia.org/wiki/Army_of_North_Macedonia некои возила и артилерија исто се со СССР потекло, спремни сме доста да ти кажам право.
Многу ограничено мислење имаш. Не можеш да споредиш како живеат сега Русите во споредба со Европа на пример, туку како живееле Русите пред 20 години, а како живеат денес, и како ќе живеат по 20 години. Ете тоа е битното. Моменталната криза е краткорочна, а долгорочно ќе имаат добивки од ова. Или како да ти кажам, ова им е пресметан губиток сега за поголема добивка покасно. Затоа што сега ако ја изгубеа Украина, ја губеа и својата воена надмоќ во светот, со тоа и можноста за преговори, економско растење итн. итн. Гледај ја малку пошироката слика. Ова е добивка за Русија долгорочно, краткорочно за САД, а долгорочно загуба. Ама затоа за Европа ова е загуба и краткорочно, и долгорочно.
Тоа значи дека нема да им продаваме Јаболка и Пиперки... Пошо тоа извезуваме за Русија. И евентуално ќе му стават црн печат на некој службеник и слично. Каде кинески авиони? За Тајван сабајлево? Стално си провоцираат таму...
Го видов и сакав да прашам баш заради тоа, дали е вистина изјавата на ковачевски или ја измислиле. Али вистина била срц
Фана, не знам зошго толку исмевање. Ние сме во НАТО и како членка нашата страна и нашите позиции се јасни. Ова нашиве не го измислија, ова на некој начин го налага членството. Затоа и вакви ставови и реакции од страна на нашата Влада.
Тоа значи пошто сме у НАТО мора да имаме став и завземена страна. Гледаш и Грција одма остро го осуди Путин. Исто така значи, ако треба подршка ќе се прати војска. Ова уште минатата недела кружеше по тв. За кинеските авиони НЕ Е потврдено рече деканот од факултетот за безбедност мислам беше , на вестите во 18ч го гледав. Ама кај што има чад....
ОН и конгресот на САД беа против бомбардирање. Клинтон преку НАТО сам на своја рака изврши инвазија демек наводно Милошевиќ врши геноцид. Од кога НАТО изврши инвазија навлегоја ОН и сините шлемови дека сепак станувало збор за мировна инвазија заради постоење на геноцид иако на почеток беа против. Србија ја бомбардира КЛИНТОН.
Не воведуваме сами санкции де. Се приклучуваме кон сетот нови санкции кон Русија од ЕУ, како што правевме и до сега од 2014 наваму. И како што прави цела Европа. А ние сме во Европа. Освен Србија нели. Ајде да видиме како ќе реагира Вучиќ утре, мислам дека има најава дека ќе го објават нивниот став утре.
Не беше ни вклучено цело НАТО. Само САД бомбардираа, ам да не ја земат цела вина сами, ај колективно ќе речеме НАТО е