Многу наивно од мене што си помислив дека ќе склопиш некој нормален ред дискусија. Ти премина и следен левел со епитетите еве. Да живее српска крстарица! Свашта. Дали сериозно го негираш фактот на посилниот? Се разбудил еден ден Путин и рекол: еј, знаете шо ми текна? Ќе ја нападнеме сега Украина. И така тие аматерски, си наредија опсада. Дали ги виде мапите? Мислам дека тука беа ставени. Гинат, ќе гинат уште и на крај ќе капитулираат со катастрофален број жртви, вклучувајќи цивилно население. Долевање за повисока цел (војна и профит). Жалам што го пишувам ова. Реалноста така стои. Освен да се деси чудо, кое нема да биде трета светска.
Не, туку само македонски и српски знаеш и тоа читаш. Може и англиски ама знаеме дека си ориентирана на балкански медиуми.
Осудија оти мислат дека ке ја победат. Овие големите дека ке имат корист. Тоа е ко кога бевме мали … ако сите се фрлат од мостот и ти ли ке се фрлиш. Е Македонија така е … не дека знае што се дешава. Зошто не можам вести од двете страни да гледам каде е демократијата ? Кога Америкацијте не им дозволија на Русија да имат воена база во Куба како се повлекле Русите. Шо не се повлекуваат од Украјна сега овиее ? Башка и договoр имат за тоа .
Пак грешно. Познавам и Пољаци и Украинци, затоа зборам. Овие, ко што приметив зборат италијански. Кате моја Сељо ни англиски не знаеше. Мене ме боли малку повеќе, оти можам да се ставам во нивни чевли. На минус 10, 50 саати да чекаш со деца на граница. Нејќам да е така. Ама или рестриктивно читаат некои од вас или не знам што не ви е јасно. Ко не сме се разбрале досега нема ни отсега да се разбереме. И јас цело време ја осудувам Русија и велам да ги остават на раат. Спојлер: спојлер Ај сега да видиме како тоа ја менува реалноста.
Џабе паламудење, први ќе извадите дуплите пасоши и мажите ќе ви извадат инвалидски потврди ако дојде на ваша глава. И не судам, ама лесно е тука да етикетирате за хипокризија од вашиот преудобен дом со кафето во рака од Наспресо машина. Најгласните први ќе позабегаат, ќе остане по некое дете со идеали и тие најсиромашните што ќе немаат кај да одат, за жал. Како и таму што се впрочем, ако се точни снимките што ги гледаме.
Јас вчера ко напишав дека со возила чекаат на граница, ти ме цитираше дека ме лажеле... Овие зборат италијански, оти тие што ќе ги примаат дома, се украинци иселени во Италија. А што има чудно во тоа да зборат италијански? Познавам многу луѓе што зборуваат 3-4 јазика без проблем. Ти цело време си осудувала, а цитираш и пушташ некои линкови. Јас не можам да сум дволична да напишам осудувам и после да речам АМА... нема ама. Украинците се на сред два огна. Русија сакаше пак да си го инсталира про-русот Јанукович кој 2014 му ја летна за Русија. А народот гласаше за Европа и Зеленски. Како можете да судите народ кој бил газен од русите што сака европски живот? Како можете да се осудите да кажете дека украинците се руси? Логика малку. Се вреѓате кога ве речат титокреација или бугари, а за други кажувате... Нема трета светска. Не ни сакаат трета светска. Му најдоа начин како да го крцнат по брза постапка. Живи били па видели. Е сега ќе плаќаме повеќе пари, ама јбг. Ако треба да платиме, ќе платиме.
Па ги чекаат, ако имаат роднини и пријатели, не знам што е сензационално. Ве лажат пошто не сите имаат роднини, и не сите знаат јазик, и не сите успеваат да избегаат. Ката ја спомнав, ете, како некоја рандом украинка. Го имаш гледано документарецот за нејзиниот живот, за да имаш малку поим каков живот имаат? За да имаш поим каква психологија имаат? Да кажам Осудувам е доволно, нема што тука вести и линкови. Све што треба да направиме да престане војната во Украина е да пишеме ,,осудувам,,? Па што не кажавте порано бе, да му се сневиди, досега ќе го решевме проблемот. Со ниедни пари не може да се плати тоа што им се случува, само перете вие совест и живејте во делузии. Граѓани на 21 век
Се работи за вредносен систем каде на највисоката точка е Слободата. Војна без народ не се добива. Тука е сигурниот пораз на Путин и погрешната проценка. Може да ја дигнат во воздух,ама не и да ја победат Украина. Сигурен, зошто тој човек веќе никогаш нема да има власт во Украина,ниту подршка. Ќе бомбардираат, ќе праќаат колони оклопни возила,но во герилски улични борби ќе загубат на терен на оној кој се брани. Грешката на Путин кој изиграва Стаљин и Хитлер во едно е што мислеше дека со цвеќе ќе го пречекаат,ќе с епредадат веднаш ,ќе инсталира руски човек и толку. Но народот избра поинаку. Не сакаат живот во диктатура. @Biljarkata Зошто да переме совест? Кој дел не е јасен дека исклучиво нивни избор е да се бранат и така треба да биде. Согласно тоа ќе ги сносат последиците и ако победат и ако изгубат.
@Cosmi ма, зошто не ме читаш, па за кого јас толку се трудам Гледај го видеото, ама до крај, без мижење.
Ама не можам да гледам видеа. Сакам твој напишан одговор. Дали Украинците имаат право да одлучат да се бранат?
@Cosmi те прашувам најискрено, најнеиронично и најкултурно. Ако по некоја случајност Русија отвори војна и кон нас како членки на НАТО, дали ќе гледаш да избегаш или ќе седиш тука и дали би го пуштила сопругот да иде да војува и машко дете евентуално ако имаш? Јас пример освен семејството, песот и мачката неам никој друг, би ги грабнала сите комплет под рака и би бегала колку што ме држат нозете, најдалеку што можам.
Мм веќе војуваше,беше мобилизиран 2001. Мојот татко и брат ги затекна војната во Хрватска,па тука. Што да ти кажам повеќе ? Јас го разбирам стравот но го разбирам и одбранбениот механизам што се јавува кај оној што е нападнат. Син немам,и верувам дека не постои мајка која сака да прати дете во војна било како агресор или бранител. Кај ќе бегаш Кате,ако збориме за некаков нуклеарен напад од Русија,нема кај да бегаш. Јас лично не верувам воопшто дека ќе рокне нуклеарка будалиот.
Абе многу би избегале и океј е. И ја би еве, иако лаам за Путин цело време. Не ги осудуваме тие што ќе бегаат, него тоа што некои мислат дека само зашо некој е "горе" смее да одлучува за друг. Тоа што Путин има мака со политиката на Украина, ама го напаѓа тој со кого нема проблем. Еве прашав поназад, дали ако на Стојко Пауновски му направеа нешто зашто не примал рамковно вработени, ќе би беше жал или сосем океј зашто прекршил договор? Пошто исти кр, овие демек за влегување во нато, овој за рамковен. Двете имаат веза со претходни конфликти. Или дали вие како работодавец ќе примите рамковни пошто така мора или пошто сметате дека си е океј?
Ако не е квалификуван за работа не го примам па фирмата да ми ја затворат. и да, ќе ми беше жал ако му напраеа нешо пошо не сме дужни да ги примаме ако немаат квалификации за работата.Шо ако е по Рамковен. ама чоек и кај нас е истото, тоа збориме.. сите се буните зашо Путин го праи тоа на Украина, а никој не се буни шо НАТО одлучува шо ќе се дешава у земјава..тоа е трагичното
Точно тие ќе ги трпат последиците и ако победат и ако изгубат. Само спорен е моментот кој и зошто ги втурна во оваа војна (оваа не е од пред една недела ова се последици од политиката што се води во и околу Украина 10 години уназад.) И не сум баш сигурна дека сами одлучуваат дека треба да се борат.
И јас не верувам дека ќе дојде до нуклеарка, ама ако дојде до Македонија како што е дојдено до Украина, молам Бога да имаме шанса да избегаме пошто војнава еден ден ќе заврши, политичарите ќе се живи и здрави сите до еден, децата погинати засекогаш. Муабетот дека се гаѓаат само војски, а не цивили, за секоја војна е смешен, немаше војната да има тежина ако се убиваа само војници кои и самите свесно го превзеле тој ризик кога одбрале професија војник, туку добива друга димензија војната кога ќе излезе снимка од дете раскрвавено на сред улица. Ние моментално зборуваме од позиција на голема удобност, немаме војна и викаме дека е логично да се борат за да не им ја земат територијата, да не им стават руска влада и тако даље. Да ти дојдат со бомбите пред зграда ќе си речеш аман све нека прифатат, да стивне па ако треба и ќе бегаме од тука после, ништо не ти е поважно од безбедноста на децата во моментот. И оние најопресирани во Северна Кореја, да им речеш да ти го убиеме детето за возврат слобода, секој би го одбрал животот на детето прво. Да имаат еднаква шанса, можеби и ќе имаше смисла одбраната, ама за жал не е така. Јас имам голема почит кон луѓето што животот си го ризикуваа за поголема цел, ама не би напаѓала Русија знаејќи дека ќе и се спротистави цел свет, ако не им е пресметано дека им вреди ризикот. Можеби ги изненади сплотеноста од многу држави, организации, индивидуалци, ама еден аналитичар објаснуваше (колку точно не знам), дека Русија има пари 2 години комотно да води војна. Сума сумарум - сите сме против нападот на Русија, само да е животот на твоето дете во прашање, секој би рекол само нека е мирно пошто за све може да се најде чаре, и да се избега од државата ако си поробен, и јазик ако ти наметнат, и политика ако ти наметнат, и домот да ти го земат, пак си жив и имаш шанса да ја промениш секоја опресија, а за смрт нема чаре и нема назад од смрт, а веќе многу изгинаа меѓу кои и деца.
До каде сме, ајде еден брз update. Никој не информира правилно. Жив медиум нема да понуди критичко и објективно новинарство, damn it. Иначе каде ќе бегате луѓе, ако се војува на повеќе Европски фронтови, кој ви ѓавол?