Де бе, и јас знаев, во весници пишуваше. Не дека верував, ама ете. Затоа сега верувам. Ама сега, ако мис Лиз каже, војната ќе трае со години, а Малерозна каже, немаат бе војници русите за толку да војуваат, стварно не знам кому да верувам. Да отворам тема со анкета- кому би верувале вие?
Ахааа, значи затоа било битно да си во Нато. Ти кажуваат уште во ноември, за да имаш време во меѓувреме да го намолиш комшијата да ти даде пченица за да можеш да преживееш. А комшијата не е во Нато, и него никој не го информирал тра-ла-ла.
Рано е да се шпекулира за бројки сега. Кој и да ги објави нема да се точни. А и којзнае дали еден ден би биле точни. Обично се лажираат. И тие 14 000 што умреле од почетоков на годинава во Донбас од двете страни којзнае дали се точни. Точен одговор немаме и којзнае дали некогаш ќе добиеме.
Може таму, или кај Бетче, таман да ми даат од тоа за долг живот.И ја би да дочекам 90, ама Путин некако нема у план.. @Biljarkata абе сите знаевме, не за џабе носеше војници и тенкови накај граница, сигурно не биле на екскурзија, само не се знаеше кога ќе му пукне филмот.Колку молења, состаноци имаше досега ехеее А овој шо се курчи, го молеа луѓено за 18,000 минималец ејј.ОСУМНАЕСЕТ илјади, нека не паламуди жити се. Шо не напраија нешо ако знаеле?Знаевме сите де, ама шо не напраија нешо, на пример да го убедат Зелениот да склучи мировен договор.Тек тогаш големата ќе беше, ако стаеа оружја Башка, шо не им пратија гаќи и чорапи за Крисмас, да видат малце македонски текстил. АХАХАХХАХАХАХАХА комшијата неинформиран, го плукаат, ама искача солидарен.Некогаш се гордеам шо иам нешо Српско у мене.Шо ако речече Вучиќ, дека нема да ни` дае пошо сме у НАТО и поддржуваме санкции за Русија а они не?Ќе земевме од други де, ама се знае и зграда, а ти снема шечер од прв комшија идеш зимаш, не од 10ти спрат
Да фатеме накај Куба, или Гватемала, што викаш? Можеме и ко бело робје да се транспортираме натака. Уметнички живот, рекреација. Ем од Војна ќе куртулиме, ем паричка ќе ќариме ко уметнички танчерки. Двете милфици башка, скупа роба. Знаеш кои причи ќе ги имаме у ракав кога ќе остариме? Е-хеј, милина. Шала на страна, медиумиве како лепрозни да се Боже ме прости. Од прееска скролам низ BBC, CNN, Forbes, FoxNews... ниту една паметна статија. Ниту еден аналитички осврт на ситуацијата. 'Russia is the bad guy' e главниот наратив so far. Ниту причина, ниту кауза, ниту збор за конфликтот. Сега читам дека имале во план и од социјални мрежи да ги бановаат. Ко, тоа да ти би било најголемата казна. Woооw Sherlock. Демек Русија нема добри хакери и програмери за да креираат нов нет. Додуша не знам само како би изгледале страните, веројатно како лоша порњава, со розови ѕидови и скршено парно.
Тури си во календар, врв на глупостите на Путко околу 5ти април, до тогаш тешко ќе е, после веќе ќе сме порелакс. Е дали ќе го стрелаат во бункер, не сум сигурна Пошто е Путко, валда ќе бега некаде со Лукот До тогаш, останете ми со здравје. Можам само Косми и Ахоу да ги лајкам оти најмудри се од друштвово Ќе викате после, абе и ние бевме против, ама ако Хартија трпи се. Упс, фемина Ние тројца против сите
Членка на НАТО што толку се чатали со членството проси од држава поддржувач на Русија. Властодршциве се експерти за резилење.
Шо е ова? Antoaneta Ivanova@antivala5h Зашто никој не кажа дека #МВР одат по куќи у #Карпош и бараат резервисти?! Као ние сме у некоја воена состојба или? Денес си одат така двајца си собираат телефони па и се јавуваат по мажи. Ви се јавија денес? на тиме.мк видов? ај некој од постариве
Да ви кажам само на темава се сее некој страв и препукувања. Цела наша држава си е по кафичи и кафани, никој не му чуе. Може и подобро. Ако не удри некоја бомба утре многу ќе е битно дали сме се карале тука или не. Те и Путин го заболе тоа што тука се брани или Зеленски ќе ви приреди изненадување ако го бранете. Се ќе биде
Епа ако имаат,зошто тогаш го игнорираме нивното право на избор да се бранат м ?! Со кое право ги правите будали што не сакаат да бидат на поводник на лудакот од Кремљ,а нивниот легитимно избран водач Зеленски будала која не попушта. Затоа што пази,не се работи за 2 милиони туку 35 милиони Украинци. Отворено небо е многу опасна работа во кое Нато авионите директно би се судриле со Русија. Е не знам дали е воопшто вистина дека го ветиле. Тоа што е важно е да се видат каде се границите на Украина и Русија, кој го пикна носот во туѓа територија,Еу,Америка или Русија?! @Mantub Да не го шириме муабетов повеќе со што би било кога би било,и кој како би реагирал. Некогаш е подобар ужасен крај место ужаси без крај. Во Украина се војува за територијален интегритет на една држава која украинците сакаат да ја зачуваат,тие не војуваат за милијарди,за своето парче земја војуваат.
Па и тука муабетот се прави во слободно време, кој го има помалце, кој повеќе. Немој да мислиш дека ние што се плашиме од војна сме затворени дома и чекаме да пукне и ние си одиме по кафиња
Значи само сте мудри во слободно време и по форумски теми? Пошто ја во риал лајф ни еден не слушнав вака да збори за војната. Ваљда не сум опкружена со експерти во секое поле
Уф јас зборам.. И се карам.. Тука не, воопшто, ама во реал лајф ги отрув сите околу мене. Изгледа затоа претежно сама пијам кафе деновиве Далеку сум од експерт, ама кога ќе слушнам ако им е, си го бараат...
Мене искрено срам ми е да отворам фемина на отворено. Да ме види некој па да рече: "Ахаа, значи овој бил тој Били што мудрува по форум." Тешки маневри правам некогаш да го скријам телефонот да не види никој дека ве читам. Ама да знаете дека многу поупатени и подобри соговорници сте од маживе во мое опкружување.
А демек треба да седиме дома и да чекаме да нѐ бомбардираат? Се дискутира во слободно време, исто ко шо висиме на фб/инста, висиме и на форумов. И на кафе кога се оди, се дискутираат актуелни настани. Исто е.
Имаме една идеја со @Bezimenka90 за во тој реон да не прецизирам каде ама не знам таму дали бело робје им треба на тие пацифистите, Безименка? Иначе идејава и за вонземјаните ќе послужи можеби? Како што кажав, тешка пропаганда од сите страни. Ни руските медиуми не се нешто поарни, немаат многу информации како и обично, транспарентност нула. Така да, никому ништо веќе не верувам. Мислам, деновиве озбилна вест беше дека на Путко појасот му е одземен во таеквондо како санкција, мислам вистина е, не е фејк њуз, ама дали сте озбилни Циркузи
https://tech.hindustantimes.com/tec...th-huge-neo-to-reach-soon-71643378236387.html Вести надвор од Светот
И тоа како биле облечени на преговори. Да беа складно облечени одма ќе паднеше договор, вака по тренерки пиши пропало