Таман работа. Ама колку и да се лажеме јас само тука кога ќе прочитам едно, две ме удира на психа. Не па повеќе, затоа не ја ни отварам. Некои мислења се ептен апокалиптични, а надвор скроз е нормално. Дури и како пред короната е. Инаку, имам чувство дали луѓето се плашат или што е, ама во живо ептен ретко овие денови да слушнам за војнава. Само на вести, ама тоа е стандарт.
Па тоа е пропагандата бе Косми изрецитирана до точка Првиот знак и црвено знамце за пропаганда ти е еднодимензионално и црно-бело претставување на ситуацијата,како и атмосфера што не остава простор и можност за дискусија и спротивно мислење и гледиште на ситуацијата. А и ситуацијава не е од сега,само сега е ставена на свршен чин па започна,уствари продолжува само сега на стероиди оваа интернационална хајка.Зошто,како баш сега не питај ме ништа. Ај да го оставиме кршењето на договорот за влез на Украина во Нато. Tаму е инсталирана марионетска про-западна влада(исто како кај нас али who's counting ), е сеа таму баш џаво однео шалу,паралелно е исто формирана неонацистичка група (не знам зошто, како и од кого, па викам не питај ме ништа)битно групава бара ноншалантно правда за прифаќање на нивната идеологија и се пријавува пожртвувано за борба,ќе ја бранела Украина и светот против бед рашан гај. Он малце другачија верзија дава на ситуацијава. Typical he said,she said...(уствари she said,оти he is not allowed to say) Овие па на тоа не ни се мешај бич,наша ствар, фри кантри и димокраси... овај...размислува* Кој пробал знае,кој не пробал ене ја темана за нацизам кој сака нека отвори со шо и како се бават(и како обично им текнува да ја шират идеологијава во кризни ситуации интернационално, прво со пропаганда,па со сила) Како идеше она знаеш дека си на вистинската страна на историјата кога те бранат нацисти?Или така нешто. Едит. Упорно го пишуваш ова нивно право да се бранат,ама они не сакаат да се бранат,принудени се, задолжително од страна на украинската власт. Истовремено пишуваше тука како нормално било тоа и законски во вакви случаи. Кое е сега? Кој беше нека се јави не памтам на темава го спомна ова дека украинциве не ни знаеле дека одат во воена акција мислеле/им било речено дека одат на тренинг?
Спојлер Ти се молам, имаме повеќе амбиции од тоа. Ќе собереме цела заштеда, ќе живееме ко hoboes на плажа и ќе ограбуваме луѓе. Ќе заштедиме пак за да отвориме бизнис со транспорт.
Да бе регрутираат у кратки црти за доколку дојде до тоа да треба НАТО да се брани да имаме и ние да пратиме војска. Пошто немаме.
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...e-preselite-vo-sluchaj-na-treta-svetska-vojna Еве, јас како Шелдон би сакала да ме одгледува интелигентна фамилија вонземјани.
Може Фиџи @WildMk памтиш кога зборевме, да идеме кај шо е топло.. еве кај ќе те носам. Секогаш е топло ваму
Може ја компири да садам...за струја? Преговорите одложени за утре. Многу страшни времиња, на толку многу нивоа.
Јас па не знам неколку пати слушнав муабети до сега, онака случајно во автобус бе , ваљда така се погодило. И со другарки позборевме, мислам веќе сите се запознаени, ама тоа е, ќе се насмееш на глупа шала за бомби во Мк додека си го допиваш кафето, и продолжуваш со обврски. Спојлер знам дека нема ништо смешно, само ете некои од нас балансираат лоши вести со малку хумор
Се јавувам . Ама не украинците. Руските војници. Ова е не знам која снимка по ред, сите млади сите истото го кажуваат. Преписката на мртвиот руски војник со мајка му, исто. Гледам и не верувам што се случува. Нереално ми изгледа. Како бе војниците од двете страни не кренат раце и фрлат оружје? Па нека војуваат овие двајца сами со себе. Како што беше пред неколку години на Косово, кога и српска и косовска страна рекоа не војуваме. Вие од фотељи ако сакате убијте се ние не идеме на терен да губиме глава.
Изгледав сега едно видео, со немирите од 2014 година. Насилни се, викаат „Украина на Украинците“. Нападнаа некои луѓе, ги тепаа, ама па дали се тоа Руси или не, којзнае. Русија се жалела до меѓународни организации за геноцид над руското малцинство во Украина, ама докази немало и тоа е отфрлено како руска дезинформација. Путин пишувал колумни дека рускиот и украинскиот се еден народ. Добро, ако се еден народ, што се убиваат? Имал Путин реакции за законот за украински јазик, ама па тоа повеќе личи како да го спори тој украинскиот јазик, отколку дека се буни дека на Русите не им е дозволено да зборуваат на руски. Не верувам дека имало некакво малтретирање на руското малцинство. Да било така ќе се иселеле, а не да заземаат територии во туѓа држава. И да имало насилства, си има одговорни, се фаќаат напаѓачи, убијци, што и да се, и им се суди. Тоа не може да биде алиби за војна и ова што сега го прават, ќе убиваат цели населби.
ова е веќе доктор игрице левел, прејебао и туџе и своје нема шанса да не знаеле сите. Каква црна вежба од (карикирам) 100 тенка и 100,000 војници у Украина? кого дупат овие?
ја не знам шо точно се дешавало знам сите збореле на руски таму углавном, ради СССР, као кај нас српски шо е универзален као да кажам, се дур не дошло промена на законот, да се збори украински сегде. официјален јазик.Вчера тоа постирав една шо пишувала https://www.quora.com/Is-it-illegal... and raised in Crimea and worked abroad a lot. линков прв пат го постирам сеа го најдов https://www.quora.com/Is-it-okay-to-speak-Russian-with-people-from-Ukraine е овој го постирав.На Даша мислењето највеќе ми падна у очи
По ова што гледав на интернет, испаѓа дека многу повеќе луѓе говорат руски јазик од што има Руси во тие региони, или има луѓе кои ги говорат и двата јазика. Пак се тие региони мешани, не се чисти руски па да ги спојат со Русија.
Па не им е алиби на нив ама на русофилите да. Кога ќе прашаш ама како бе така поддржуваш да се војува во 2022 година одма иде одговор а украинците не убиваа руси? Или омиленото: Толку години невини во Авганистан страдаат бомбардирани се од страна на америка зашто само сега за украинциве ви е жал Целта не им е одмазда за убиените руси, тоа одамна го заклучивме.
Не знам за сите. Ама сите млади да, сите млади го имаат тоа изјавено. Па дури и нивните дома, родителите мислеле дека се на воена вежба. Како? На пример како во видеово. Отишол да се бори а нема појма против што и за што се бори. На крај на сите им е важно само да останат живи. 23 години подоцна Србија и БиХ се добрососедски земји како ништо да не било. А овие што погинале кој ги шиша.
Zal mi e bas koga ke vidam vaka vojnici I iddvete strani. I na ednite I na drugite Ne I'm e seeedno. Treba Sto rece Edna clenka vojnicive zaednicki da se dogovarat Dane vojuvaat.ova e vojna I ginat vojnici.n
Многу одамна се таму започнати конфликтите. Уште со осамостојувањето во деведесеттите Украина е прозападно ориентирана. Русија прво почна со градење насип за да утврдува граници,па се примирија. Па Русија воведуваше санкции им го затвораше плинот 2006. Па 2013 им воведе економски санкции. Па им инсталираше руски паравојски во Донбас. Па 2014 им изврши анексија на Крим. (Кој сега ги уценуваат да го признаат) Па скоро милион руски псоши давани. Правење држава во држава со цел анксија и на источна Украина и припојување со Крим на Русија. Конфликтот е уште многу одамна,ова сега е резултат .