слушајте го видоево: Два клучни моменти: Вика Украина е една од најкорумпираните земји во светот Второ: Ние и помагаме на Украина, а Украина на Европа, а Европа на нас не. Тоа..
Ајт ајт нумеролоџи... Ги собрав и број по број поединечно, кај сите излезе број 5. Хај мајката шо значи сега ова?
Мапата од денес: - Руската стратегија од брзи напади и освојувања на градовите се промени во стратегија на обиколување на градовите, отсекување на украинската армија таму. Моментално на тој начин ги држат Мариупол, Чернихин и Суми. - Руската војска продолжува во опколување на Харков и поготово Киев, со завземањето на левата (источната) страна на предградишниот дел. - Во југо-западниот дел денес го завземаа градот Керсин, а битките продолжија за завземање на градот Миколајн. Крајна цел овде е напад и завземање на Одеса. Руската војска проба да ја нападне Одеса уште на првиот ден, но нападот беше успешно одбиен. - Огромни битки се водат во Мариопол каде што градот е под тешка опсада од сите страни. Најбезмилосни се нападите баш во овој град затоа што тука е сместен украинскиот нацистички батаљон на Азов. - Тешки и крвави битки денес се водеа и во Харков каде што имаше доста жртви и гранатирања на стратешки објекти. - Напредувањето кај Киев и не беше така успешно. Украинската армија успеа да го сопре и елиминира чеченскиот конвој во преградието Бука. - Храбро се бореа и во околината на Миколајв каде што ги спречија нападите и запленија голем број на руска опрема. - Во Харков пак, група на граѓани успеаа да запленат руски тенк. Кои тешки лудаци. - Исто така има и напредок на руската армија кон градот Запорожје. И од тука планираат да се поврзат со армијата кај Харков и да ги отсечат целосно украинските сили во југо-истокот во Донбас каде и имаат најголема концентрираност на армија. - Во некои градчиња каде што руски војни дипломати побараа да се предаде градот наместо да бидат нападнати, беа избркани на клоци од граѓаните. Им кажаа дека не се предаваат и ќе се борат до последно. Тоа е тоа за денес јас што собрав. Ако имате нешто надополнете.
Професоре, едно прашање Колкави се Киев и Харков шо се влечат 5 дена за него? Или не го даваат Украинците?
Ова ко со коронава.Болен од ишијас пиши корона..така и овие. Ја искрено не бев знаела за Дубровник и Вуковае.И читам ЈНА.Глеам нешо не чини со муабетов овде..ама реков ај да не шлапатарам.Немам толку познавање за тоа…али коа видов Милошевиќ.Ми стана сФе јасно
Киев е огромен. Околу 3 милиони е самиот град, а со преградијата 3.5 мил официјално. Неофицијално сигурно на кај 4. Како еден Берлин. Харков е 1.5 милион, со околината 2 милиони. Мариопол е 500к. Нешто како Скопје. Тука некаде е и Миколајв Запорожје е околу 800к, a Одеса околу 1 милион. Керсон што го завземаа денес е околу 300к, а толку се отприлика и Суми и Чернихив. Големи градови се сите.
Мариопол и Харков можно е дека ќе биде покољ до крај со оглед дека према тоа што тврдеа Русите таму се доказите за евентуален случен геноцид. Можда и не случајно Азов таму бранат. Сепак ќе има интензивирање во секој случај. Ќе го чекаме излагањето на Украина на 7 Март. Па Русија на 8 Март. Сигурно двете ќе излезат со тврдења пред советот.
Да. Голем е и не нешто нарочито убав. Типична советска архитектура, бетонски блокови. Киев од друга страна има убави региони. Го има најдлабокото метро во Европа кое е исто така доста убаво, и има некои зачувани метро станици. Ама за разлика од московското, го нема тој гламур. Одеса е еден убав, а не толку голем град. Плус тима доста плажи и летувалишта покрај Црно Море. Добар е како туристички центар, среден, чист. Тој град би го одбрал ако би требало таму да живеам. Лвов е нај европски град, затоа што и не бил украински порано, туку полски. Украина го добива тој регион од Полска, а пољаците пак добиваат дел од Германија (сега западниот дел на Полска). И таму има доста пољаци и литванци затоа што со тој западниот дел на Украина во минатото владееле Полско - Литванскиот комонвелт. Колку само евтино беше во Лвов пред некоја година, и сместување, и храна. Мене ми беше желба да го посетам. Убав е за шетање. Тој источниот дел, Донбас е повеќе индустриски и нема што многу да се види. Рударски дел. Од Доњецк беше и најголемиот фудбалски клуб во Украина, Шахтјор. Овака кога ќе видиш Украина е убава држава ама беше доста запустена. Се што беше советско е во распад, а не се гради и модернизира, него се остава така да биде руинирано. Белорусија од друга страна иако се им е од советско време, толку го одржуваат како да е ново. И толку е чисто таму, пикавец на улица не може да најдеш. Страшно средено и убаво е. Штета што многу од градовиве веќе никогаш нема да бидат исти како што беа. А и којзнае кога би имале можност да ги посетиме и што би останало од нив да можеме да видиме...
Бреј колки познавање имаш јеботе Би благодарам професоре на оваа tour de Ukraine.Научив уште нешто ново денес Баш убаво.Источна Европа нигде не сум била.Москва и Санкт Петерсбург мора да ги видам. И Полска.Украина, Литванија не ми се по ќеф толку Ама веќе иам некоја слика за нив Тенкс
И ја не сум бил, а сакам. Ај бар денес лесно е со интернетот да "патуваш" каде сакаш. Лошо беше што од кај нас нема директни летови скоро никаде на исток. До еден Букурешт да отидиш нема директна автобуска линија, мора да се префрлаш. Страшно сме отсечени од источна Европа. @ушко , од тоа што можев да видам баш и во Харков и Мариопол се водат најжестоките битки. И украинците најмногу се бранат, и русите се најбезмилосни. Азов во Мариопол ги држи цивилите во градот како жив штит и така се брани. Таму мислам најголем покољ ќе има. Русите ги имаат на список сите тие што вршеле злосторства на руско население во тој крај во Украина и нема да имаат милост. А таму се најверојатно затоа што таму им е центарот. Азовско море е тоа и Азовски крај. Сигурно од таму и им е земено името Азов. Цел тој крај беше излепен со слогани на Степан Бандера. Имаше видеа како руските војници по завземањето на Мелитопол ги симнуваат од зградите.
Проблемов со мапите е што тие едноставно не се точни. Русија нема никакви шанси да ги контролира тие црвени подрачја,освен Донбас. Руси има колку 100 000 на земја од 600.000 км2. И тие руси треба да ги опколат градовите,да се борат ,да ја опколат украинската војска,да ги контролираат завземените подрачја…. Како?Колку се на км2? За контрола на територии се потребни единици. Локални немаат па ќе треба да ги донесат кога веќе правиш окупација на територија каде немаш свој народ. Поставуваш мета од тие луѓе. Се надевам утре ќе договорат нешто и руската војска ќе се прибере во Москва.
Никогаш сум немала желба да ја посетам Украина. Воопшто Источна Европа. Ама во план ни беше со маж да одиме во Русија и тоа со воз до Санкт Петербург. Исто и Москва. Тоа маж сакаше.