Мислиш он нив? https://nymag.com/intelligencer/202...r-the-oligarchs-to-stop-putin-in-ukraine.html Прееска некој Алек олигарх На ФБ да на фб Нудел 1,000,000 € или $ за главата на Путин Постот магично го снема..
Реално Украина отсекогаш имаа лош животен стандард и беа земја од која се црпеа ресурси после распадот на СССР. Беа под директна контрола на Москва. Јанукович и неговата влада беше инсталирана од Русија. Беа доста добро поврзани, скоро па како да се една земја. Во Украина иначе иако официјален јазик е украинскиот, до 2014 скоро сите зборуваа и користеа официјално руски јазик. Огромен број на украинци и не знаеа, а сигурно и уште не знаат да зборуваат на украински, туку си го користат рускиот како мајчин јазик. Земјата тонеше во корупција, безаконие и нефункционален државен систем. Си се богатеа врвот на чело со Јанукович. Народот не му се допаѓаше тоа и го собираше гневот во себе како што ние овде го собиравме за Груевски. Ги гледаа околните држави како Полска, Чешка, Словачка кои во минатото биле никој и ништо, а во Украина животот бил подобар под СССР и они сакаа да имаат таква држава каде што ќе имаат повисок државен стандард, неполитизирани институции, без корупција и мито. Едноставно сакаа да имаат европска Украина. И тука се случија протестите на Мајдан каде што украинскиот народ ги бараше овие промени и се надеваше на подобро. Протестите завршија крваво после пукањето на грузиски снајперисти платени од Западот и САД врз протестантите и окривувајќи дека пукал Јанукович. Иако тоа не беше точно, во тој момент не се знаеше вистината, а протестите преминаа во насилни и државата беше на раб на граѓанска војна. Јанукович падна од власт, а на негово место инсталираа про - американска власт. Русија не седеше со скрстени раце и реши првенствено да си го поврати Крим каде што им се наоѓаше цела поморска флота во Црното Море. На Крим живеат 99% Руси и полуостровот бил руски пред Хрушчов да им го "поклони" на Украина во СССР. Инаку Хрушчов мислам дека имаше украински корени. Исто се случуваше и во Донбас каде мнозинството што живеат се Руси, ама тој регион не беше битен поради народот само, туку затоа што е регион со најголемо рударско богатство. Од тука и почна таа долга 8 годишна битка во Доњецк и Луганск помеѓу руските сепаратисти и Украинската армија. Инаку народот во Украина очекуваше дека со новата про - западна власт ќе дојдат нови струи и ќе се подобри стандардот на живот, ќе се покачат платите и ќе се намали митото и корупцијата. За жал, наместо тоа, се случи скроз обратното. Очекуваа живот. И им дојде "животот" (секоја аналогија со Македонија не е случајна). Ако претходно русите ги контролираа и експлоатираа до некое умерено ниво, сега американците ги експлоатираа ЦЕЛОСНО. Американски приватни корпорации ги запоседнаа сите природни богатства во земјата. Син му на Бајден беше сопственик на таа корпорацијата Бурисма, компанија задолжена за експлоатирање и црпење на природни ресурси, руди, гас итн. итн. Корупцијата исто така се зголеми и секој што проба да им се спротистави беше или тргнат одма од власт, или затворен. Во меѓувреме наместо поголеми плати и подобар животен стандард, украинците добија помали плати, поголема невработеност и полош стандард. Буквално ги оставија на питачки стап. Па затоа огромен број на жители таму мораа да ја напуштат Украина и да одат на запад. Тие што не успеваа да отидат во Германија, Англија... Останаа во Полска каде што им требаше работно население затоа што пола Полска се исели во Англија. Сега има огромно малцинство на украинци во Полска што ги работат најниските и најмалку платените работи. Чистат клозети. Почна да цвета криминалот, дрога, алкохол, проституција, сурогат донорство, донорство на органи, матни незаконски медицински операции, загадување и палење на токсичен отпад од цела Европа (пак, секоја аналогија со Македонија не е случајна). Почна да се врши системско менување и забранување на се руско. Рускиот јазик почна отсекаде да се исфрла и да се вметнува украинскиот. Веќе јавно не смееше да се зборува руски иако населението таму си го сметаше рускиот како мајчин јазик. Продолжија да си го зборуваат неформално. Почна масовно чистење на цела историја и отстранување на се советско и руско во Украина. Сите споменици, мозаици, знаци, мапи, карти, се можно културолошки што можеше да се промени и да се дистанцира од тоа време, се се правеше. Почна да се јавува подем на ултра десничарските нацистички движења како Азов кои беа задолжени за руско чистење и малтретирање на руското население таму, и на украинското население што не се согласуваше со власта. Во Одеса се случи масакарот каде живи ги запалија активистите против владата во зградата и загинаа преку 40 луѓе. Поголемиот број од нив Руси. Секој можен протест беше сечен во корен и задушуван на најлош можен начин. Продолжи тоа етничко чистење од страна на нацистичките Азов каде, од руски извори убиле преку 14 000 руси во Донбас, од кои и многу жени и деца. И еве се дојде до ова што се случи. Украинскиот народ воопшто не сакаше да се случи овакво нешто. Многу бракови се таму мешани и луѓето си се чувствуваат блиски, како браќа (освен тие од западниот дел на Украина кај Л'вов, кои имаат полско-литванско потекло и се католици). Ист јазик зборуваа, иста култура, имаат роднини и во едната и во другата земја. Се што сакаа украинците беше државата да не им тоне во корупција и сиромаштија, и не сакаа еден таков покварен претседател како Јанукович. Протестираа против тоа и очекуваа просперитет и подобар живот. Ама наместо тоа, добија уште поголема сиромаштија. И од лошото, имало полошо. Ова е од мое знаење директно што сум разговарал и со етнички украинци, и со мешани русо-украинци кои живееле во Украина. Никој, ама никој од нив не го посакуваше ова. Животот после 2014 на сите им стана многу полош. Им ветуваа едно, добија друго. Ги прелажаа како што нас овде што не прелажаа.
Скоро сите до 2014 зборувале руски. Држава со 80% декларирани Украинци кои говорат украински јазик. Од која црна руска пропаганда препишуваш @Billy Idol Не бил русофил Добар виц. Русија го повратила Крим. Ај едуцирај с е жити се. Русија изврши окупација и анексија на Крим. Невидена е количината на руска пропаганда во твоите постови.
До кога ќе се брукаш на темава? Очигледно е дека немаш никакво познавање за Украина и животот таму. Сите таму зборувале и сеуште зборуваат руски. Двата јазици се користат, ама до 2014 доминантен беше рускиот и исто така се користеше и формално. Сега е забранет формално и се користи само неформално. Земи изгуглај. Крим беше руски. Хрушчов го трансферираше тогаш во Советска Украина во 1954. Ама иако под Украина, пред 2014 беше под руско управување за кое русите им даваа пари на украинците да го држат под концесија.. Главната руска морнарица во Црното Море се наоѓа(ше) таму, и луѓето се сите руси кои живеат на Крим. Русија не го окупираше, куршум не се испука таму, немаше потреба затоа што веќе беше под нивна концесија. Си излегоа на референдум и секако си гласаа луѓето по демократски пат за независност, а потоа и за влез во Руската Федерација. From 1991 the territory was covered by the Autonomous Republic of Crimea and Sevastopol City within independent Ukraine. Земи читни прво малку пред да напишеш нешто. И не ме цитирај повторно кога не знаеш да дискутираш. Не ми е дојдено до препуцавање и навреди.
Дојдов само да кажам дека му симнувам капа на @Billy Idol ! Многу си корисен на темава, корисни информации и супер објаснето, фала ти!
Не продавај руски пропаганди на децава што појма немаат тука.Срамота е! Украински јазик постои од 10 век и го зборат 80% Украинци. Или и ти ко Путин “не постои украински јазик”. Крим беше територија на Украина ,која Русија ја призна и потпиша за да после им текне да ја одземат! А ако се вратиме поназад во Крим првиот референдум’91 бил неуспешен,за да со националистичко “работење” успеат 2014. Наоружани руски паравојски ја превзедоа власта во Крим па после наместија и власт и Русија го припои. Читни ти сведоштва на руси кои биле во паравојските. Русија од ‘91 работи на цепкање на Украина!
Леле човек читаш или не дочитуваш што пишувам? Кој го спори украинскиот јазик? Јас пишувам дека скоро сите таму, освен западна Украина знаат и зборуваат руски и двата јазика формално се користеа пред 2014. Каде тука го порекнувам украинскиот јазик? Крим не беше територија. Ти ставив погоре што беше. Не ви ги читам манџите во 40-ка, ама @Bridget спомна овде дека не ти оди добро баш англискиот, па да ти преведам: Од 1991 година по распадот на СССР, Крим и Севастопол е АВТОНОМНА РЕПУБЛИКА во составот на независна Украина. Се надевам дека знаеш што значи Автономна Република и не морам и тоа да го објаснувам. Така?
Тој сите овие години една Украина не успеа да скроти, "Англо-Саксонците" ќе ги надмудрел во нивните игри. Западот со Америка на чело ќе биде бр.1 во светот се додека самите себе одвнатре не се растурат и празни се вашите очекувања од Путин. Во заблуда е секој кој мисли дека од благородни цели го прави ова. Сигурно е планот или светска војна, или Студена. Посакувам да е второто, а судбината на Украина не е мој проблем, ниту сум во физичка можност да го решам. Тотално неферски сме сите вовлечени и висиме на конец. Не дека е ова прва војна во последниве 50 години и прв пат гледаме вакви слики, па стана најголемиот настан. Врвот на лицемерието е достигнат, сега само удолу може да се паѓа.
Она што го пиша Били, го потврдува и Мери, на Инстаграм. Сама кажува дека она зборува руски, дека повеќето и зборуваат руски. Курсевите и биле на руски. Народот бил измешан и воопшто не се делеле на Руси и Украинци. Професори кои доаѓале и предавале биле руси. Никој не правел проблем ако знаеш руски, а не украински. Види и ги видеата, она зборува за соживот, немало омраза меѓу тие два народа. Затоа и до последно мислеле дека до ова нема да дојде. Девојката живееше во Киев 5 години.
Читам,само гледам не знаеш што напиша. Ова е чиста русофилска пропаганда. Во Украина се збори украински јазик (со малцинство на руски) , а руски претежно во регионите на Доњецк и Луганск. Таму каде руските паравојски со години работат да го отргнат народот и територијата од Украина и политички и културолошки. Иста шема со Крим. И избори си правеа тие две самопрогласени републики. Она што ти не го сфаќаш е дека Автономната покраина Крим беше во состав на Украина потпишано и од Русија,која го прекрши тоа признавање и која после период од ‘91-2014 год работење си изврши анексија на Крим и го припои назад. Уште еднаш да ти подцртам Крим беше Украински! Во меѓународната политика ова е анексија освен за тебе и Путин Не се брукај со постирање на русофилски пропагандни текстови. Ти да имаш појма ќе знаеше дека првиот референдум пропадна. Манџите во 40 вредат повеќе од твоите копирани руски текстови тука. И не туку ја привикувај Бриџит у заштита ,зошто ја немам фуфка од неа ко пола форум. Кој тоа тврди дека Не знам англиски,а 9 години работата ми е на англиски Оф бре ад хоминеми пусти.
Епа видиш ова е контра од тоа што го напиша Били. русите тврдат дека рускиот јазик е забранет од 2014,а женава тврди дека и курсот и бил на руски,значи бил дозволен. други пак тврдат дека многу се делат на Украинци и Руси впрочем и за нејзиниот сопруг кажа дека е Украинец.
Еве и други ти потврдија дека не е точно тоа што го кажуваш. На цела територија на Украина се зборува и знае рускиот јазик, освен делови во западниот дел за кои објаснив зошто. До 2014 се користеше и официјално рускиот покрај украинскиот, од тогаш не се користи официјално туку само неформално. Забрането е на руски пример да се предава на факултет, а претходно можеше. Македонката од Инстаграм што го следела курсот на руски имаше кажано дека биле студии од некој си факултет од Русија кои имале свои предавања во Украина и сега поради војнава веќе не смеат да предаваат. Па ако знаеш англиски како тоа 3 пати "грешиш" и го нарекуваш Крим територија, кога јасно и убаво пишува дека беше автономна република. Има 3 нивоа на автономност: - Автономен регион. - Автономна провинција. - Автономна република Автономната република има најголем степен на автономија. Пример: Хонг Конг и Макао беа автономни републики во Кина под владеење на Англија и Португалија до 1999 кога власта ја вратија на Кина и сега се автономни региони во Кина. Крим беше автономна република во Украина која беше под владеење на Русија за кои русите си плаќаа концесија. Со војната 2014, Крим на референдум се изјаснија за независност. Потоа, на втор референдум изгласаа да влезат во составот на РФ. А статусот како автономна република си го задржаа. Не е само Крим оваква во Руската Федерација, ги има многу. Инаку како што гласи, федерација е група од републики со централна власт, и независна државна власт. Пр. Југославија беше федерација. А Македонија беше држава во таа федерација. Која меѓународна политика? Таа што го призна Косово за независна република, а не ни беше автономна република, туку автономна провинција.
Били бе,ај читни од кога е украински официјален јазик,а “рускиот “забранет. Забранети се предавања на руски,а нашава следела руски студии на Руски во Украина каде е забрането. Ај ме насмеа бар Јас едно 6 пати ти пишувам Крим бил Украински,автономна република,територија,полуостров,како било,во состав на Украина.,ама Русија изврши анексија. Ап Косово и Метохија беше покраина. Да таа,а по ист принцип и Русите сега. Ај да не гуглаш,обрати внимание на датумот. https://naslovi.net/2021-01-16/sput...branjen-ruski-jezik-u-usluznoj-sferi/27079952
Отсекогаш бил украинскиот официјален јазик, тоа не го спориме. Муабетот беше дека рускиот јазик пред 2014 се користеше официјално, сега повеќе не, само неформално. Претходно пример имаше студии на Универзитетот во Киев каде предавањата се одвиваа на руски јазик, сега повеќе нема. Говори во собрание, документи и се тоа им беше двојазично. Сега повеќе не е. Македонката слушала курс на руски универзитет кој го држел курсот во Украина, и баш убаво нагласи во видеото дека иделе професори од Русија за да предаваат на руски, а сега повеќе не смеат да доаѓаат. Убаво знам што зборувам затоа што ти реков дека познавам личности од Украина кои ми ги зборуваа овие промени после 2014. Не е ова нешто што можеш со 2 клика да го изгуглаш. Можеш да го најдеш на интернет ако се потрудиш и прочиташ. Верувај ми знам што пишувам. Види, автономна република има комплетно право на демократски начин преку референдум да побара независност исто како што држава во состав на федерација има право да побара независност, како што направи Македонија од Југославија. Автономна провинција(покраина) од друга страна нема право да побара независност од држава затоа што нема такви ингеренции. Тоа го направи Косово, а цел лицемерен запад го призна. Во историјата има многу примери на автономни републики (states) кои побарале независност и промениле страна. Еден таков пример е со Тексас кој бил автономна република во составот на Мексико до 1800 и некоја таму да не гуглам сеа. Си побарале независност, Мексико не ги признал. Војувале против нив со помош од САД. Ја добиле војната. Си имале референдум за да се приклучат кон САД, си изгласале, и се приклучиле. Сега не знам како им е регулирано тоа ама Тексас како држава сеуште си има автономија во САД и мислам дека дури и се шушкаше одреден период за независност.
Западна Македонија е претежно со Албанци. Да им ја дадеме ли на Албанија? Ма немој? Кој ги одредува правилава? Ти? И повикај се на претходното прашање. Место да целите кон обединување на држави, континенти, светот, вие се обидувате да рационализирате поделби, па дури и преку воени операци. Не сме мрднале ич од пред 500, 1000, 10.000 години. Викај дека сме цивилизирани и свиркај си.
Дали Западна Македонија има некоја автономност? Автономен регион, провинција, република? Не? Федерација сме ние? Не? Тогаш кому да ја дадеме? Правилата инаку ги одредува автономијата која ја има некоја територија, провинција или република. Ма немој. Кој евтин популизам. Ќе го обединувала она светот, а ги брани тие кои ја разделуваат Македонија.
Па можат да побараат. И ако не се согласиме, да не нападнат воено. Не знам... интерно, екстерно, не е битно. И во тој случај, ти предлагаш да им дадеме независност?